Некој да ми каже искуство...Се запишав физиотерапија и веќе вториот ден почна страв да ме фака. Сите професори се онака, бараат знаења, закажуваат тестови и писмени (жално но вистинито ) ... Како е втора година можеби ке се подобри? Ве молам за мислење
Кренавме на училиште на мене ми се паднаа: Латински-Илинка, македонски- Елена Капичаровска не знам дали да се плашам од неа, историја-Митко, информатика-Ленче , хемија- Биљана Пандева е сеа таа ли ја викате Панди не знам хаха, физика-Благица Дафкова , анатомија и биологија- Љиљана, физиологија- Трајче, хигиена- Анчова а името не го слушнав и англиски ми е Милка, ааа да се пофалам ФЗО ми е Верица хуху уште од првиот час ни држеше предавање Какви се овие добри?
Јас сум забар, ама ајде дека се познавам со физиотерапевти не знам колку им е тешко, али сепак.. медицинска струка си бара многу. Во втора ќе имаш пракса и колку што знам лабаво е. Немој да мислиш дека е тешко, не се откажувај, учи си само. Професорите многу ЗАЛАЖУВААТ, ЗАПЛАШУВААТ. На крајот, 4та ќе се смееш кога ќе ти текне. Ти само учи си анатомија,физиологија и хигиена НАЈМНОГУ. ОВИЕ ТРИ МНОГУ БАРААТ ЗНАЕЊЕ, А И ПОТРЕБНИ СЕ. Фокусирај се на хемија, македонски(матурата е битна), физика(лесно се добива оцена така да труди се уште одма да имаш висока), математика е прелесно за разлика од општа ама учи! Физичко и ликовно ќе ти бидат раааааааааааааат.. Музичко ќе обожаваш. Латински научи убаво да зборуваш.. на тоа паѓаат они, најчесто. Англиски мора да знаеш.. апсурно.. Биологија која и да е учи си. Значи полека учи си се, не се секирај. Првата и втората година се најтешки. Трета и четврта се раат.
втора година е многу потешка од прва, и општо најтешка во сите четири години и плус имаш најмногу часа неделно во втора
Како така? Нам ни кажаа дека во втора имало помалку предмети воедно и часови и дека еден ден во неделата е посветен на пракса и не одиме на училиште. Сигурни извори ми го кажаа ова, ја имаат поминато втора...
ја така зна дека од сите четири години, втора била најтешко.. а и плус со праксата се малтретирале многу пошто и во саботи и недели оделе сепак ајде ке видиш како ке бидит, можда на овие не им се учело па потешко им се гледало good luck
Нада Пецуровска-физика Ружица Димовска-историја Билјана Стаменковиќ-информатика Љупка Кунгуловска-биологија Билјана Стефановска-математика Лидија Илкоска-македонски Нада Терзиовска-анатомија По нешто за овие?
-Физика, му предаваше на брат ми, жената си го цени многу својот предмет и си бара исто. Знам мн. им диктирала во тетратка и мислам од тоа учеле. -Историја, Ружица ја зборат како една од погаадните професорки.... знам дека многу ги "јадела" за оцени, и пола клас имаа посаби оценки. -Информатика, добра била професорката. Биологија, оффф Љупкаа, мислам една од најпрекрасните професори во Медицина,секогаш те сваќа....многу пријатна професорка, е!!!! -Македонски, што знам, не ја фалееа мн мн, ама на крај испадна супер професоркава, кога требаше да се полага матура, највеќе им се ангажирала. -За анатомија кај Нада, можам да ти казам, само учи си редовно и со разбирање!!!!! Мноогу успех!!!
Здраво девојчиња што сте запишани на средно медицинско. Јас сум малку постара од вас и ме интересира една информација овде не можев да ја најдам на форумот. Ме интересира за преквалификувањето за медицински сестри за во Штип конкретно кажувам. Ако некоја од вас што учи во Штип и знае кои се условите и кога треба да се оди на вежби и колку сето тоа ке чини нека ме информира. поздрав
Ај кажете ми по нешто најбитно за овие наставници: -Бинчева Хигиена -Физологија ( Билјана мислам се викаше, една ниска, со црна кратка коса до рамена, изгледа така малце сирото и има малце тивок и смирен глас) -Хемија Силвана Буклеска - Англиски Тања ( една ептен млада професорка и една од поубавите, можда и најубава) - и Македонски ( иако ја имаат спомнато претходно сакам малце повеќе да ми раскажете за неа)
За физиотерапефтски техничар смерот..од втора година започнува праксата така? Колко пати неделно е ова чудо?
Јас завршив медицинско пред пет години, и повеќето од овие професорки не ги знам, ама морав да ти пишам за Буклеска. Злато е жената, книга со нејзе не ви треба, само ќе диктира и ќе си запишувате, супер објаснето, кратко и јасно. Не само како професорка, туку и на карактер е добра, со моето друштво и на кафе одевме со неа. Поготово после Подолешева и Миска (не знам дали уште предаваат), Силвана ни беше дар од небото Шала на страна, јас бев презадоволна од неа.