Wut? Повеќе се' ... 1. Забен техничар 2. Фармацевтско- лабораториски техничар 3. Медицинска сестра (општ смер) 4. Физиотерапевтски техничар 5. Очен техничар Во мојата генерација само од забните и очните има по еден клас, од другите има по два.
Четириве смера беа кога јас учев, а завршив пред 5 години. За физиотерапевт не знаев дека го вовеле пак (пошо го немаше долго време), а ова очен техничар нели се учеше во хемиско? Братучетка ми тоа заврши, таму учеше... Ваљда смениле некои работи, не сум скроз во тек... Се извинувам за дезинформацијата.
Има овде некој завршен фармацефт? Ми треба да прашам нешто за една течност ама нејкам да идам у аптека за да не ме напраат ненормална Затоа ако има некој нека ми писе ЛП
Јас сепак ќе идам во медицина,гимназија не ми се оди...а други училишта нешто нема...Ќе идам забен техничар,а и не ми се прекинува едно големо пријателство,па и потоа би сакала да студирам психологија...
Јас сум втора година во гимназија а имам желба за медицина и криво ми е сега што не се запишав. Знае ли некој како одат процедурите за префрлање во стручното училиште?
Во кое училиште се вие смеровите? Во штипското се четири: -Медицинска сестра -Фармацевтско-лабораториски техничар -Физиотерапевтски техничар -Забен техничар и -Фармацевтско-лаборантски техничар -Гинеколошко-акушерски техничар (или така нешо) али последниве два се формирале после втората година, незнам, не сум сигурна баш. Фармацевт тука бај д веј. Медицина рокс
А која е разликата помеѓу фармацевтско-ЛАБОРАТОРИСКИ техничар и фармацевтско ЛАБОРАНТСКИ техничар?Со кој од овие два смерови може да се работи во аптека?Или со двата може?
Незнам дали постои можност да се префрлиш на полугодие во втора, но ако сакаш појди во школото и прашај, ако може ќе треба да ги полагаш предметите кои ги немаш учено (анатомија, физиологија, хигиена... тие се од прва), а од втора најверојатно ќе си ги одговараш во второ полугодие Мој совет, ако сакаш да се префрлиш оди сега, зашто од 3та ќе биде веќе касно, тогаш се почнува со болничка пракса, па тешко ќе се вклопиш. Со среќа
Најдобро би било прва година на полугодие да се префрлиш зошто имаш помалку материјал. Сега ќе ти биди потешко. Ќе треба да ги полагаш предметите кои ги има на тој смер, а ти ги немаш учено, најверојатно од двете години.
lugje godinava zavrshuvam osmo i sakam da se zapisham vo sredno medicinsko , smer medicinska sestra, ako mozhe da mi kazhete neshto vo vrska so polaganjeto na priemniot ispit i prashanjata? pozz
Луѓее сакам да се запишам во медицина,али ме интересира какви се таму децата се понашаат онака дигнато или..какви се наставниците? А да и тешко ли е за медицински сестраа да се учи?Извинете вака шо ве прашувам толку
Здраво Јас учам во средно медицинско,смер медицинска сестра. Инаку ,прва и втора година се потешки во однос на трета и четврта бидејќи секако се среќаваш со нови предмети ,нова околина и слично па затоа треба да вложиш повеќе труд на самиот почеток. Професорите во глобала се добри, освен професорките кои се по практична настава.Често може да се почуствуваш изреволтирано за оценките кои си ги добил кај нив иако знаеш дека се си одговорил како што треба. Но како и да е ,не е страшно во ред е. А за децата имаш од секакви бранши т.е секаков тип на луѓе така да сигурно ќе си најдеш друштво кое што ќе ти одговара. Се надевам дека ти помогнав .