Здраво девојки )))) Ви пишувам после дооолго, доооолго време. Кога мора да се учи тоа е Јас вака свечено да си пишам се запишав во прва година средно медицинско-Панче, отсек фармација. Како до сега така и од сега планирам да си продолжам со интензивно учење и добивање петки, но средно, уште и медицина свесна сум дека ќе е потешко. Би сакала ако има некое девојче кое има повеќе искуство од мене да ми врати на постов тука или во ЛП да поразговараме и да прашам за некои работи, а особено ме интересира за учебниците. Со среќа на сите кои се запишавте во средното медицинско, мислам дека тоа е почеток на една убава иднина. Со среќа на сите вас, без ралзика во кој насока сте или кое средно училиште. Поздрав девојки
Добро бе, не ти е мерак да отидеш на списокот да си го видиш своето име дали си примена или не?? :geek: не е нешто секојдневно мајката. Од Гевгелија да сум, па ќе се стегнам до Скопје само да видам и да си ја смирам душата Иначе другите што ве примиле сестри, со среќа нека ви ее Добредојдовте меѓу насс И за феминката што влегла во фармација со среќа нека и е , го одбрала најтешкиот смер со 4 хемии
абе немора до Скопје да одеш.... јави им се и ќе дознаеш, јас така направив инаку јас сум примена,смер забен техничар
ај со среќа нека ни на сите па о петки да редиме од септември инаку огрмоно е школото незнам како ќе се снајдам јас таму хахах али ај ќе се навикнам ,, иначе јас сакам да ве прашам нешто дали постои можност да ме стават во ист клас со девојче што учеше со мене во исто школо (исто е и она за сестра)???
Здраво феминки вака значи се запишав во средното медицинско училиштее и сеа сакам да ве прашам.Од која страна че учиме ние македонците а од која албанците пошо коа ги објсвуваа резултатите не поделија или пак нема врска сите ќе бидеме на едно место.Ако некој знае ве молам кажетее
Да ве молам, девојчиња тие што знаете пишете дали сме во различни влезови со албанците или не. Кога бев да си го видам резултатот, листовите со децата од албанските паралелки беа на оној влез што е како главен влез, а за македонските паралелки на другиот влез лево кога ќе свртиме во дворот кај што пишува нешто Забна ординација. Помогнете поголемиии, не се снаоѓаме ние баш.
епа вака значи нема да влегуваме од иста врата мислам така мене ми кажа иначе прва година ќе бидеме заедно со албанците ... што највеќе мразам
Да, поделени се влезовите, но само влезовитее онака колку да се каже, се влегува од двата влеза албанците се пак секаде низ школо така да ќе се гледате секој ден со нив, префрлања, свиркања, упаѓање на сред час zшетање на орловски знамиња и провокации и сл. очекувајте. Во главно делот на фармација, лаборанти и 2риот спрат дури и на првиот спрат имаат часови го држат албанците фактички повеќе од половина школо. Македонците од прва година држат часови на првиот спрат и 3 МС училни. толку е за нас, школото е нивно Кога ќе стигнете во македонската смена, нема албанци, само ние 2,3 и 4та година сме и супер ни е, секаде се шириме да кажам
Македонска смена? :geek: Дали добро разбрав дека само во прва година сме со нив, а после македонците се повеќе? не сфаќам..
Значи нели идеме во 2 смени, така ? Е сеа, во едната смена одат сите 4 години албанци со 1 година македонци а во другата смена одат 2,3,4 година македонци САМО затоа и ја викам македонска смена. Нема логика поделбата ама нема место за 1 година во нашата смена пошто сме по повеќе класови од нив и нема училни. А 4та макединци и 4та албанци не смеат да се мешат зашто има многу тепачки и инциденти, па затоа ги ставија 1 година со албанците зашто се мирни, се плашат од нив и нема да прават проблеми со албанците. Значи само во прва година ќе одите со албанците заедно, после во 2 година ќе бидете со нашите само
Jaс да ве упатам како малце поискусна завршив лани забен техничар таму првиот ден бев тотално изгубена сакав да се отпишам има 2 влеза - главен одма од десна страна ти е тетка Ленче - фотокопир а лево - соба за обезбедување -воедно холот за фармација . од истра страна горе ти се лаборанти (лавиринти мостови е школото) од споредниот влез влагаш одма кај забари а над забари се медицински сестри оделот ама немора да значи така се поделени само инаку одиш кај што имаш настава фармација-лаборанти и забни техничари-сестри ги спојуваат 2 моста прв спрат горе ти се кабинети I-1 до I-8 мислам беше или 7 горе исто 2 спрат прва година стандард за сите 15 предмети Македонски- Лидија ми предаваше топ професорка само малце наглува е Математика - Стојанка класна ми беше Историја-Валентина у прва ми беше у втора Ружица Англиски-Кате многу ја мрзев иначе Ликовно имате само у прва - Раде Аџигоговски е врвот Музичко-Лидија Пшенко најкул професорка Хемија ми се мењаа Физиологија исто Анатомија-Терзиевска исто што и Хигиена-Бинчева најмногу треба учење таму Е сеа кога ке дојдете ке видите анатомија физиологија уаууу демек кај дојдов што е ова ама кога ке споредиш тоа ти е 100 страни книга малечка како тетратка а мојава само прв дел анатомија е 200 голема и втор дел 500 страни (што значи ништо не е) За почеток труд многу вложете си после како песна ке ви иде За најтешко средно ми изгледаше ама полесно здравје многу јако ми беше ептен..прашајте кој што има ке ви кажам со сите се знам таму СО СРЕЌА И БЕЗ СТРАВ
Срценце1607 фала за појаснувањето, ова е добра вест значи само прва година ќе треба да ја тераме со нив, после полесно ќе биде, инаку од колку почнува прва, а од колку втора смена? Харитиела мнооогу фала за ова што го пиша, ќе ни помогнеш на сите што почнуваме, искрено најмногу се плашам како ќе се снајдам со професорите, тие меѓучовечки односни не знам уште колку се забегани и со кого како ќе можам, за учење ќе учиме ќе се снаоѓамее. Фала на сите што ни помагате, и ако има уште некој да го сподели своето искуство со нас, добредојден е