1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средно медицинско училиште

Дискусија во 'Образование' започната од boki44ka, 14 јануари 2011.

  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.164
    Допаѓања:
    23.019
    Пол:
    Женски
    Јас учам медицина,сега ќе бидам 4-та година, учам за физиотерапевт,не е толку тешко, и професорите не се толку строги,јас не планирам да продолжам понатаму за оваја струка,едноставно сфатив дека не е за мене! Како и да е не е лошо училиштето! :)
     
  2. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    3.203
    Пол:
    Женски
    Јас завршив средно медицинско и верувајте ми лесно е а вооедно и корисно...ако не продолжуваш понатаму медицина секако ќе имаш знаење за некои работи кои подоцна ќе ти помогнат мн за личното здравје па дури и на поблиските...Јас завршив општа медицина и мислам дека ако не си посебно заинтересирана за некоја гранка би било добро да си учиш општа..
    Исто така, мислам дека акушерството и забното се добри смерови...акушерството е лесна вода... :D
     
    На Micevi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Јас се запишав општа, завршив прва година но сакам да се префрлам медицина за медицинска сестра веројатно ќе треба да полагам анатомија, физиологија, хигиена и латински. Инаку се каам што од прва не се запишав медицина но што е тука е.
     
  4. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Епа вака.
    Значи, сега сум осмо. Знам дека има уште цела година за размислување што да се запишам, ама можам да си размислувам веќе. Имам правено муабет со моите, а и денес правев.
    Значи, јас си имав замисла да одам во гимназијата (општа), а трета да одам на јазичен смер. Ама, не само моите туку и многу други ми имат кажувано дека било многу тешко. Немам некое познато презиме, а и немаме врски, а таму тоа требало. Демек, ако немаш врски, колку и да знаеш они пак ќе те тупат. Јас не сум била таму за да кажам дека е така, ама повеќе ми имат така раскажувано. Требало многу учење, еднаш да не знаеш ти летнала тројката или четворката, после нема да можеш да си ја поправиш.
    Така да, моите нема шанси да ме пуштат општа во гимнацијата. Економско - не ми дават, не за друго, мајка ми и татко ми и двајцата се економисти, па мама секогаш вели „си видевме ние касметот од економско“. До душа, мене ич не ме бива за бројки, така да на економско не ни помислувам.
    Е сега, сите ќе одат во гимназијата, а јас не одам, дури и страв ми е, епа сите викат многу учење било тоа. Добро ајде, ја бришеме гимназијата. Ми остануват две школи. Едното исто го бришам има смерови за електро техничар, шивачка итн. Ми останува уште едно. Ова последното ми е преку патот, ама добро, не е тоа работата.
    Брат ми е на ветеринарен смер (фармерско производство) и многу му е лесно, ми има кажувано и јас да одам таму, ама не сакам таму бре. Е сега, прехранбен смер - што знам.... што ќе биде тоа прехранбено....
    Хортикултура-не сакам ни тоа. Фармација-имало многу хемија, не сум јас за таму. Физиотерапевт-некако не ми штима. :$ Е сега, медицина... Се мислев за медицина. Нема после да го студирам тоа, ама ајде, да избутам средно. Значи, до сега си бев скроз одлична (се надевам и оваа година ќе сум) учам, не сум некоја бубалица, ама знам да седнам и да учам. Ама нели, пубертет ме фаќа, па малце сум попуштена во школото-повеќе сум на стара слава, оваа година лагам да се стегнам, не бива да терам како во седмо. :angel: Е сега, тешко е медицина? Читам понагоре и многу тешко било... :?:
    Од кај да знам што да се запишам......

    Во медицинското има многу хемија? Тешко е многу? И што мислите, медицина или фармација?
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Има хемии еден куп, аналитичка, биохемија, хемија,фармацевтска хемија, сега во четврта незнам каква хемија ќе имаме.
    Дека е тешко, по малку е тешко да,ама со повеќе труд подобри резултати ќе имаш. Јас сум фармација,овој е најтежок смер кај нас во медицината. Медицинска сестра е полесно, а и повеќе пракса имаат. На почетокот е секаде тешко, нови предмети, латински, анатомија,хигиена,физиологија. Анатомија и физиологија е тешко,барем мене ми беше тешко која коска како се вика и ред други работи.
    Но, уште на почетокот имаш некое занимање, за разлика од ако одеш гимназија. Ти знаеш колку си учеш и што можеш да постигнеш.
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  6. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Зависи во кој дел во Македонија ќе се запишеш.
    Јас сум во Штип и да ти кажам многу ми е лесно. Јас сум медицинска сестра. Немаме многу хемија, а стручните предмети и праксата е многу интересна. На фармација има повеќе хемии од втора година и потешко е. Според мене де. Ако ти иде хемија запиши се фармација.
    И јас бев како тебе незнаев што да се запишам. И од ништо медицина отидов. Не ја сакав.
    Ама сега спротивното го тврдам. Заљубена сум во тоа што го учам, и да се запишувам повторно, ќе отидам медицина.
     
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Ете,гледаш,медицинска сестра е полесно. Само да кажам дека само првите 2 години по хемија има реакции,равенки на памет учење. После не. Рече дека не ти оде баш хемија,па јас те советувам медицинска сестра да се запишеш.Ем полесно,ем поинтересно.

    Едит:
    Јас бев на прагот да се запишам мед.сестра,ама еден професор ме убеди да се запишам фармација, и тоа се запишав, и се каам сега.
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Значи, од Струмица сум и тука ќе се запишувам. :lol: Хемија-не ми оди, сега, не до толку за да кажам „ич не ми оди“ затоа што лекциите од седмо си ги учев редовно освен оние на крајот кога забушавав малце. :D Но, со мака учев. За соли, оксиди, хидроксиди-појма немам. Од што почетокот се’ знаев и сите тестови ги вадев петки наставничката на крајот дури не ме ни испрашуваше, а јас се опуштив малце. Оваа година ќе се стегнам, да разберам нешто, ама сепак не сакам хемија... Затоа прашав.
     
  9. Panki.Friik

    Panki.Friik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    12
    Јас хемијата едноставно Најмногу ја сакам.
    Али несакам односно незнам дали да се запишам фармација зошто викаат ептен е тескооо.
    И не планирам да седам дома по цели нокји и денови и да бубам.Се разбира сеа дека кје треба да се учи повише од основно ..
    Иначе сеа ја сум осмо и уште од петто одд. знаев дека кје се запишам на медицина..
    Мајками ме советува да идам забен техничар зошто и она е тоа и има своја фирма па ако нешто не ме бидне у зивотот да мозам да работам со неа..А за после факултет кје идам Хемиски..

    Па сакав да ве прашам што е болје фармација и забен техничар?
     
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Фармација е тешкичко,да, ама па до толку да бубаш по цел ден и ноќ,не. Првите 2 години се потешки,потоа не. Незнам зошто сите велат по цел ден и ноќ се учило.Нема врска,секако дека ќе учеш повеќе,отколку до сега,ама сигурно нема да се убиеш од учење.
     
    На gita223 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Фармацевтско лаборантски техничар јас сум на оваа струка и сум презадоволна... во втора година и четврта еднаш неделно има пракса, а во трета два пати неделно... само пофални зборови може да кажам супер е си сака редовно учење и сите 5ки ќе ти бидат без проблем ;)
     
  12. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    Јас се двоумам дали да се запишам медицинска сестра или фармација./..... :?:
    не сакам да се запишам тоа што некој друг ми препорачува но сепак се двоумам и сакам да побарам ваше мислење :lol:
     
  13. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    3.203
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека доколку ти оди хемија можеш да се запишеш фармација... тоа е малку потежок смер за разлика од медицинска сестра... Јас учев средно медицинско- медицинска сестра и не се каам... :) Ако сакаш да продолжиш медицина а не знаеш што оди си мед. сестра а ако сакаш да си продолжиш понатаму фармација на факс земи фармација... Секако, и со едното и со другото нема да погрешиш...поззз
     
  14. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    И јас ќе ти го речам истото како Miss666 ако ти оди хемија и ако ја сакаш запиши се фармација бидеќи таму многу повеќе се бара хемија отколку кај медицинска сестра јас учам за медицинска сестра и мислам дека е супер смер а и не е до толку тешко а и на пракса е многу забавно :rofl:
     
  15. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    :puke: ич не ја сакам хемијата ми оди ама малку :tmi:
     
    На vlubena му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Јас учам средно медицинско, смер медицинска сестра и можам да кажам само дека многу е тешко... Особено првата година... Многу нови термини, латински имиња, анатомија е претешка... Втора година е за нијанска полесна од првата, според мене, но има доста учење... Толку ноќи непреспиени, али се надевам дека еден ден ќе се исплати :)
     
  17. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    184
    Ја имате сета моја подршка сите медицинарки и керками е 3/та медицина и убаво и одит иако јас ја убедував да не се запишуват поради некои информации во врска со статусот на дипломата од средно .Но таја се запиша и убаво и е и интересно ! Штом се одбере со љубов една струка нема да е тешко !
     
  18. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Јас сум смер медицинска сестра и задоволна сум. Не сум нешто посебно вљубена во медицината ама онака си ја сакам и ми е доста интересно. Прва година е најтешко и најдосадно ее паметам кога учев до 12 до 1 навечер и сабајле станував во 4 5 пак за учење. Треба доста труд и напор да се помине успешно 1-ва година. Колку пати само одев преморена ненаспана отечена цела ама фала богу поминав одлична. е од 2-ра година веќе е подруго :D почнувате со пракса, се прчите по школскиот двор со бели мантили и сите што ве знаат ќе ви речат леле докторе/ке и секако многу е полесно. А веќе 3 година треба само маалку да подучуваш затоа што поголемиот дел од материјалот е веќе познат, ако си учел претходно нормално, ако не ќе си седнеш и ќе си научиш ама далеко од тоа дека е тешко. На пракса ќе видиш многу интересни ситуации, ќе се погоди некој интересен болен па ќе се изнаслушаш вицови и ќе се изнасмееш :D ако успееш некаде да се прошверцуваш да видиш нешто поинтересно зависи на кое одделение си еве на пример јас имам гледано ставање на катетер, породување ... и јас незнам уште што имам видено, секако се зависи од одделението на кое се наогаш бидејќи на некои одделенија е стварно досадно. Кога веќе ќе ти се падне некое досадно одделение ќе се собереш во некоја соба со друштвото и тоа ти е рамно на кафе-муабет и само чекаш пауза да испиеш едно кафенце или да изедеш едно чоколатце :D . Се на се интересно е се си има своја тежина секако ама и забавата е незаменлива. Средношколскиот живот секако ќе ве промени и тоа многу.
     
    На glupsumjbg и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  19. shururup

    shururup Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    36
    Ни јас не сум нешто посебно вљубена во медицината, ама откако почнав со пракса од 2-ра година многу е поинтересно и малку по малку се заинтересирав :)
     
  20. ShiningStar99

    ShiningStar99 Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Може ли некој да ми ги каже сите предмети за во прва година на медицина?? И дали има приемен испит? И што се подразбира под струката медицинска сестра. Дали откако ќе завршиш средно и факултет одиш на специјализација или..?? :^)