Мене и во прва и во втора ми предаваше Билјана, не ми текнува на презиме, една екстеремно слабичка жена, фина е, никој немаше кај нејзе проблеми.
Стојанка во прва година. Иако името изгледа ко баба некоја, жена од средни години, ниска, дебела и симпатично изгледа на фаца и има долга коса. Во втора година беше на породилно и имавме замена со една Билјана нова дојде ама многу ја реметевме и на крај пак дое Стојанка да ни пише само оценки од ракав Стојанка ги дава тестовите како пример дома да си го решиш и после истиот ти се паѓа, може бројче да сменила или па исто да останело. Се труди да објасни ама знае дека не регистрираме ништо па така останува. Си пишуваме во тетраки ако ни се пишува, домашна не дава, ако сакаш можеш на табла да излезеш. Ја у две години ни еднаш не сум излегла Супер е жената, оценки попушта зашто знае дека не ни треба математика и не обрнува многу внимание
Ау камо среќа да ми се падна таа стојанка,но мене ми предава една Билјана,жената уште следната недела ќе ни даде „тест“,тоа што сме го учеле до сега во основно
Епа таа е таа Билјана мене што ми предаваше, тестовите нејзе не и се некои којзнае какви тестови, на мали ливчиња се по 7-8 задачи да ги решиш, и многу се едноставни. Овој првиов тест што го дава не ви влијае на никаков начин на оценката, тоа е колку таа чисто да си провери до каде сте со знаењето за да знае какво да ви предава, на што повеќе да ви обрне внимание, а понатаму други тестови кога ќе ви дава предходно ќе ви ги најави истите и ќе ги вежбате доста задачите. Ти велам, фер е и ние никога немавме никакви проблеми со нејзе, така да не се секирај. Еднаш ми се случи на таков „тест“ да решавам задача на некој мој начин, да си трескам некои глупости колку да не ми стои празно полето и иако начинот на решавање ми беше сосема утнат, резултатот ми изглегол точен, жената ми се утепа од чудење.
Уште ми е рано за во средно, но сакам да прашам дали би ме примиле со просек 5.00 во шесто, осмо и деветто, а во седмо со 4.60 а плус екстерните петки од сите години?
Кога се запишував јас беше построго, ама сега како поминуваат годиниве бодовниот лимит и по факултетите го снижуваат, а не пак средното. Мислам дека ќе те примат, ама и сама велиш, сеуште ти е рано, што се замараш со тоа уште сега.
Да ве прашам нешто мн важно: дали има некој од постарите генерации од мединсково школо (забари) што го користел учебникот Морфологија на заби од проф. д-р Димитар Железаров? Учебников е мн стар а мн ми е потребен. Ако постои некој таков и не што не му треба ќе може ли да ми го шитне или евентуално да го ископирам од него? За цена у ЛП (ласт хоуп) Или пак да ми посочи каде можам да побарам (освен тезгите покрај кеј) ?
Хухухуххуууу Терзиевскаа е врв!! Шала на страна, Терзиевска ми предавше анатомија во прва година и е многу строга жена, бара строга дисциплина на час, од материјалот бара доста кога се одговара, бара многу медицинска терминологија, ако успееш во говорот додека објаснуваш, додека одговараш да ја вметнеш таа терминологија- ја имаш Сака да го разбереш тоа што го збориш зашто анатомија нема шанси на памет да се научи, сака со свои зборови да и објасниш да види дека разбираш. Знае да вика, да се дере коа ќе се изнервира или кога ќе немате научено, да навредува, како не учите, врска си немате од ништо, у нејзино време како било бла бла со право ама тоа е. Ќе ви биде страшна дур се научите на неа ама ќе вр држи цела година тој страв. Сите викаат дека е најлошата жена што постои во школово ама ја ќе кажам дека е најдобрата. Основата е најбитна и ако си спремен да научиш како што она сака и бара- никад ќе немаш проблем со ниеден предмет ни со пракса ни со работа ни со студираше медицина ни со терминологија (бидејќи наредните години сите професори поготово практичните ти објаснуваат со таква терминологија, сакаат латински изрази, на клиника исто сите на тој начин објаснуваат а ако не знаеш ќе ги гледаш бледо) За оценки жената си знае, за 5 МОРА стварно да се седи и редовно да се учи, бидејќи испрашува после секоја тема а она знае цела тема у еден час да предаде што значи наредниот испрашува. Испрашува секој час и на две минути пред крај на час да те стане, да ти докаже како може и тогаш да те испраша и да ти шибне кец ако не знаеш Кецови става без никаов проблем и ако запечатиш кец кај неа тешко иде со поправање За распуст дава 2-3 теми што треба да се научат и првиот час после распуст одма испрашува за истите. Книгичето изгледа лесно дека е мало но е многу обемно, нема побитно и небитно за подвлекување, се треба да се научи пошто е најбитното На крај и попушта со оценки но ретко .. зависи кој заслужил кај неа. Голема пофалба за професоркава покрај Зденка и Бинчева, апсолутен авторитет на час и како појава, со огромно знаење и ако ја следиш многу ќе научиш. Јас многу го сакав предметов имав 5 постојано кај неа,редовно учев како што она бараше и ден денес немам НИКАКОВ проблем од овој аспект благодарение на неа, за разлика од оние што не учеа и се зезаа со предметот. Сега имаат огромен проблем и една лекција да научат од стучните предмети бидејќи врска си немаат ни да ја прочитаат а камоли да научат
И јас ви потврдувам дека Мира е страв и трепет, а Жане зло. За Мира сите сте исти, сите не знаете, ќе имате по 20-30 кеца у клас ама бар сите сте си ги заслужиле пошо предметот е таков како и да е, на крај ќе ја сакате многу. За Жане у сиве години забарски никој добар збор не кажал, нема ни ја да кажам... не дај боже да ви предава ќе имате у клас 1 петка и 30 кеца.. евентуално.. ама дека ќе знаете, ќе пеете мобилна тоа е добро кај неа. Александра ќе ве учи ама не до толку ко Мира и Жане, за разлика од нив Александра има трпение и разбирање и сака да ве научи, овие само глеат да истераат час. Диме е срцка професор, многу ќе го сакате, не дека ќе научите нешто ама.. душа. Се зависи во кој клас ќе се паднете, 1 или 2ка забари. Ако сте 2ка ќе си учите повеќе, други ви се професорите и пракса и други предмети за жал. И немајте гајле учите во најлошото, а истовремено најдобро школо. Така да уживајте у наредните школски години
Мислам (барем порано беше така, сега не сум сигурна), уписи за физиотерапевти има преку една година, така што, доколку сега (за учебна 2014/15) имало уписи, догодина ќе нема. Ама, за секој случај, на крај на школскава година ќе излезат списоци за уписи на cите школи и смерови и ќе си видиш.
Дечки се двоумам помеѓу медицина и гимназија,ама како шо гледам медицина излгледа ќе се запишам.Сакам да бидам актерка,сонот ми се уништи и веќе не ми се верува дека ќе бидам.Иначе сакав да прашам во прва година медицина што има предмети.Знам дека има Хемија.Хемијата не ми многу оди сега имам 3,а лани 4.Оваа година ни е малку потешко
Касно ти одговарам ама ќе пишам Зависи за во кој град збориш. За Скопско медицинско, на сите смерови во прва година се учи истото- Македонски, Англиски, Историја,Математика, Информатика, Физика, Биологија, Хемија, Латински, Анатомија, Физиологија, Хигиена. После од 2ра се почиња со посебни стручни редмети за секој од 5те смера посебно. Хемија имаш во прва и втора година редовно на сите смерови а во 3 и 4 е изборен предмет ако сакаш. Во лаборанти и фармација има и понатаму хемија, неколку типа а и изборен секогаш зимаат хемија пошто им треба многу, забари и физиотерапевти никогаш не бираат хемија изборен за 3 и 4, е сестри и бираат и не, имаш класови со хемија изборен и класови со пракса изборен.
Зависи за во кој град прашуваш. За другите градови не сум запознаена со колку поени примаат, во Скопје е минимум 70 поени за било кој смер. Е сега, ако остане непополнето -обично фармација, лаборанти и физиотерапевти, примаат и со помалку или пак ако генерацијата е послаба со успех.
Здраво феминки барав вакава тема и неможев да најдам извинете ако е дупла, дали некоја од вас има скенирано било каков учебник за прва година медицина или пак ако знаете некоја страна каде ги има во електонски вид ве молам да ми ги пратите