здраво,сакам да ве прашам какви се децата во средното медицинско Панче Караѓозов?Можам лесно да се здружам и да направам нови пријателства или обратно?
Ги имаш од секој калибар.. Секој би си нашол пријател. Во прва најмногу на целиот свет сите ќе се сакате, до четврта ко хиени ќе си рипате, очи ќе вадите меѓу себе хахха дали со 5ца ќе се праи муабет. Али во секое школо го има тоа, не само тука. Такви се генерациите сега
Е за Кичево врска немам, а не знам ни дали има медицинско таму :/ Знам за 2 во Скопје, Тетовското, Струмица мислам има ама не сум сигурна, Битола и Штип има, Охрид има, Куманово имаат смерови медицински за сестри во една гимназија мислам а можно е и посебно медицинско да отвориле. Ако има некој од тој крај, нека те посоветува, јас не знам да ти кажам
Епа можеби неодам медицина незнам главата ме врти за да одам општа а амам време 3месеци Епа има ваму медицина ама пак главата ме врти за да одам општа гимназија. Стварно незнам што да правам?
Чим си неодлучна, оди си гимназија па во трета ако се уште сакаш медицина да продолжиш,ќе одбереш ПМА смер и ќе можеш да си продолжиш медицина. Ако во трета пак почне да те влече нешто друго, имаш уште неколку гимназиски смера на кои ќе се пренасочиш.
Според мене медицина е подобро, пак после можеш што сакаш да одбереш факултет, ама ќе имаш струка. А со гимназија ништо не си..
јас мислам да избериш медицина и јас си го поставував истото прашање и избрав медицина и воопшто не зажалив.. барем ќе си имам струка и можам да се вработам барем како медицинска сестра.а од гимназија џабе ќе се мачиш 4 години да учиш премногу ко на крај продавачка ќе бидиш пак ако не одиш на некој факултет. ова е мое мислење сеа зависи ти како ќе одлучиш. кога ќе одлучиш кажи ми баш ме интересира
За медицинско нема да си имам проблеми со отценки две професорки ни се куќни пријатели а една роднина ама пак не знам дали медицинско или гимназија
Многу му е глупаво вакво размислување. Запиши се тоа што ти сакаш, или сакаш да зависиш од некој друг секогаш? Оцени се проблем само на тие што не учат, ако уште пред да се запишеш ти размислуваш да фаќаш врски, ништо нема да направиш.
Хахаха па не зависи карактерот на децата од училиштето Јас знам некои деца што се прва година во медицина и прилично се фини,а и ти ако си дружељубива сигурно ќе си најдеш некој со кој ќе се дружиш
средно медицинско планирам со врски зошто да учам ко имам професори пријатели и една професорка роднина без да учам петки убаво нели
Ее мила моја, жалам што ќе ти го пукнам пренадуеното балонче од его, суета и безгрижност, ама - така не бива. Уште јас пред да завршам средно работите почнаа да се менуваат, а сега веќе не би сакала ни да помислам колку се изменети. Да, точно е дека со врски и сега ќе можеш да се запишеш и да ти поправат некоја оценка, ама со новиве реформи во образованието, затегнување на слободата и чести проверки и остри санкции никој, макар колку близок "пријател", нема да си го ризикува парчето леб и работното место за тебе да ти биде просекот 5,00. И впрочем, не се работи тука за гимназија. Во средно медицинско сакаш-неќеш мораш бар малку да го загрееш столчето, особено кога ќе почнете на пракса по клиники. Ниту еден пациент не сака да биде експериментален сунѓер за тебе само затоа што ти имаш врски кои ќе ти ги поправат оценките. А да не зборуваме дека ниту твоите родители не се будали 4 години да се обидуваат да те провлекуваат со врски, не грижејќи се за вистинското образование и иднината на своето дете. Сега имај убав ден и запомни ми ги зборовиве, ќе видиш еден ден дека сум била во право.