Tie Sega story zavrsivte 4 g farmacija sredno kolku pati nedelno odevte Na praksa posle skolo I po kolku casa?
Ако прашуваш за праксата во текот на школската година ние еден ден имавме пракса во школо 4 часа, исто толку часа друг ден бевме во аптеки.
Ск то? Зошто другарка ми шо беше забен во Бт видот си го расипа, имаше најдолга пракса и најкомплицирани учебници кај нас најрелаксирано беше кај очните, ама сепак се си има своја тежина. Во втора имавме само еден ден предвиден за пракса и тоа идеше четири „часа/ пракси“ по сат и пол - два мсм беше. (аналитичка хемија, фармакогнозија, фармацевтска технологија + уште една пракса не ми текнува која) Во трета имавме по два дена предвидени за пракса и по два „часа/ пракси“ по два сати. (биохемија, фармацевтска хемија, фармакогнозија и фармацевтска технологија) Во четврта имавме еден ден предвиден за пракса и четири „часа/ пракси“ по сат и пол мсм овие беа. (фармацевтска хемија, фармакогнозија, фармацевтска технологија и фармацевтска практика - по ова последното ни беа предвидени два часа од денот да ги врвиме кога во аптека, кога во лабораторија, кога во болница, зависи како ќе организираше училиштето) После втора и трета година имавме феријална пракса. (летото, јуни) - сам си бираш аптека или одиш во болница, во болничката аптека. Во втора - десет дена во училиште работевме, десет дена во аптека. Во трета - 20 дена во аптека бевме. Сега после 4та имаме опција за стажирање за да можиме да работиме како фармацевтски техничари, то мсм дека 6 месеци трај ако не се лажам, јас уште немам ојдено.
Учам во медицинско во Охрид, медицинска сестра. Од септември ќе сум втора година. Предобро ми е во медицинско, за ништо не би ја мењала струкава. Си бара учење, ама ако се сака- се се може. Мене лично најтешко ми беше латински, ама многу го сакав предметот и сега ќе ми недостига. Мразам математика и историја.. Ај уште една година имам од овие и толку. Е сега заебано е малку тоа што ние медецинарите во прва година имаме 15 предмети, додека гимназијалците имаат 13. Тоа е всушност тешкото. Иако физика, хемија, биогија се приспособени за струката( многу помалку се учи од гимназија), се си се надокнадува со анатомија и физиологија кои се по 300-400 страни. Физиологијата е посложена од анатомијата(барем за мене) и затоа бара малку повќње внимание, додека анатомија ти е се на памет и најубаво се учи ако имаш добар атлас. Сликите во книгите не помагаат многу. Секако има исклучоци. Со пракса се почнува од втора, па ќе пишам како ќе оди. На крај имаме 14 дена во болница, а преку школска година имаме во училница/кабинет. Во Охрид во цело медицинско ( 1 клас од генерација) има 2 професорки и меѓу нив се поделени сите стручни предмент, со исклучок на психологија во трета. По психологија има друга професорка. Професорите не се лоши ако си учиш. Во смена сме прва и втора година така да некој/а ако е запишана годинава во Охрид нека ми пише- ќе се дружиме. Инаку има 1 клас медицина со 4 класа економисти во генерација. Поздрав колешки!
Ако може некој да ми каже дали кога се запишеш медицинска сестра потоа на факултет одиш општа медицина за да станеш доктор
Mozes od bilo koj smer da konkuriras ako imas dovolno poeni. Nema vrska dali si sestra, zabar ili si od gimnazija. Ako gi imas potrebnite poeni, toa e toa
Јас читав за школото за медицина во Штип и сега не ми е јасно дали има посебен смер општа медицина или ако сакаш општа медицина треба да идеш медицинска сестра
Општ смер медицина нема никаде. Да имаше и јас би одила таму,затоа јас си отидов медицинска сестра. Според мене ако сакаш да одиш медицина одбери си медицинска сестра.
Јас размислувам за тоа ама некако не сум сигурна интересна ми е медицината и лечењето пациенти скроз одлична сум во основно, но малку сум гадлива па незнам дали ќе успеам ако може да добијам ваше мислење бидејќи навистина незнам што да правам
Ништо не правиш ако се плашиш или гадиш.Разбирливо е дека во медицината ке се изнагледаш на се.Дур учиш средно можеби и не толку,но откако ке се вработиш мораш да бидеш спремна на се