Ако на пример 1 и 2 година учам фармација,а сакам 3 и 4 да учам за МЕДИЦИНСКИ ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕХНИЧАР по кои предмети треба да полагам
Има ли некој што учел или имал учено во средно медицинско училиште во Велес,какви се условите дали има квалитетна настава..
Еве што предмети јас учев од стручните Прва година: - Анатомија, хигиена, физиологија и латински Втора година: - Микробиологија, нега на болен, патологија и пракса Трета година: - Интерно, хирургија, инфектологија, психологија и пракса Четврта година: - Педијатрија, гинекологија и акушерство, невропсихијатрија и пракса
Јас мислам дека во 4-та може да се земе хемија и биологија за да имате повеке шанси за да се запишете на факултет ! наместо акушерство и нешто друго таму ! два предмети со сигурност се по избор на учениците !
Сите овие предмети ти се ОБАВЕЗНИ за слушање додека биологија и хемија во трета и четврта можеш да ги земеш само како ИЗБОРНИ и нема врска со запишувањето на факултет, кај мене барем немаше а и ова е за моето школо, не знам како се другите школи
Првпат на пракса ве праќаат летото втора за трета година, 20 дена мислам се на се треба да се поминат на пракса, и потоа во трета и четврта имаш пракса и преку школска година
Медицина-мојата најголема љубов.Женски јас завршив средно медицнско во Битола,смер медицинска сестра,затоа што само тој смер ми се гледаше како најкомпактибилен со она што го сакав понатаму во животот.Уф кога би можело да се врати тоа прекрасно време,ја обожавав праксата и со нетрпение ја чекав.После тоа се запишав на медицински факултет-општа медицина и сега сум општи лекар.Сега сакам да продолжам со специјалиација,а намногу ме влече гинекологија и акушерство.Но да се разбереме,дека треба учење треба,но каде нe треба да учиш? Медицината е комплексна наука и треба могу внимание,пожртвуваост и желба за истата.Јас никогаш не би останала само на медицинска сестра,едноставно одсекогаш сакав да бидам само доктор и еве завршив.Со среќа на сите кои се мислите,прво преиспитајте се која ви е желбата во животот и дали ќе го сакате да го работите тоа што сте го учеле.Меѓутоа патот до доктор воопшто не е мал и лесен,факултетот е цели 6 доооолги години,а специјализација е цели 5 години(вкупно 11),тука не го сметам обавезното 4 годишно средно образование. good luck!!!
неможеш 1 и 2 фармација па после 3 и 4 друг многу ќе ти биде тешко така има повеќе предмети за полагање, зашо да се мачиш иди прва било кој профил па во 2 ра ќе си се префрлиш пошо во 1 ва сите исто учат а веќе од втора секој смер има свои стручни предмети јас имав таков случај во клас еден другар во прва беше фармација а 2 ра се префрли забари