Економско денеска стана најпопуларно според мене. Со економскиот факултет може сегде да ти треба во повеќе случави. Правно не беше многу пополарно но сега станува сеуште. Правник во Македонија не може да се биде сите се поткупени правници. Медицина средно скоро секој сака, бидејќи таа е единствената средна струка со која може да се дојде до работа. Медицински факултет е тежок и само може да работат во болница или приватна ординација. За медицински факултет треба многу знаење. Денеска и докторите се поткупени се е со врски и неможе да се просперира во Македонија. Во Македонија само се просперира ако имаш врски сегде. Најчеста поговорка во Македонија „Вујко ти не е владика“. ЧИСТ ПРИМЕР: Тетка ми живеела во Велес. Одлична ученичка во основно, добила три меѓународни дипломи по математика. Одела на натпревари сегде ширум Македонија. Во тоа време одличните ученици со просек 5.00 оделе на бесплатни одмори најчесто во Струга и Охрид - ВРЕМЕ НА ТИТО. Секое лето одела на одмори. Кога стасала средно се запишала медицина - медицинска сестра во Прилеп, бидејќи во тоа време во Велес немало медицина. Одлична средношколка ги поминала трите години и стасала четврта. За време на летниот распус умира дедо. Таа се враќа во Велес и продожува да учи општа гимназија таму. Но на првото полугодие баба и рекла да се врати во Прилеп бидејќи таа многу сакала да учи медицина. Се вратила во Прилеп. Влегла во 200 најдобри ученици во Македонија. Кога стасало крај на учебната година полагале испити за диплома. Кога отишла да види нејзе ја немало на списокот и прашала зошто ја нема и и одговориле оти учела првото полугодие Велес, нема да и дадат диплома.
Ептен сакам да се запишам овде! Оваа година во основно ја учам ептен напорно само за тримесечие имам три 4ки на крај сигурно ќе бидат 5ки ^___^ Колку ми е голема желбата само да се запишам има се да учам да бубам што сака нека е!
Да ви се пофалам,успеав да ги најдам книгите не се сите ама најдов 4-5 книги за смер сестра на интернет целосни земав да читам онака набрзака и успеав да запамтам нешто Ако сакате ќе ставам линк,мене ми иде де поврзано до биологија затоа и планирам за таму позз
Е јас ја имав таа шанса една во милион што се вика сега, да се вработам со средно од кога завршив, ама ете реално стварно не сакам тоа да го работам и се запишав на друг факултет. Можеби глупо е од моја страна, бидејќи не знам во иднина што и како ќе биде ама ако. И јас еве пак на кимберли да и кажам, опушти се имаш време многу, не вреди уште од сега да се потресуваш толку, кога незнаеш што може да биде
@Kimberly11 искрено, и јас мислам дека уште сега си преопседната со школово. (без љутки, молам ) Те разбирам дека ти е желба и се остало... ама што ако не те примат? (сега немој да помислиш дека ти посакувам да не те примат, далеку од тоа, ама ете се е можно нели? ) Треба да бидеш спремна на се'! Што помалку очекувања, толку помалку разочарувања.
Јас те разбирам баш од причина што оваа струка е мојата најголема љубов и сум учела тука 4 години и сега сум на Медицински и знам како идат работите. За тебе е поубаво да не се оптеретуваш, ќе ти премине во опсесија и психички ќе те мава до јуни. Ќе се преокупираш само со тоа, ради тоа ти зборам. Не дека ја лошо ти мислам или дека нема да те примат. Но доколку не се оптоваруваш и мислиш цело време на тоа, многу повисоки резултати ќе постигнеш годинава и поголема мотивација ќе имаш за средно.
Здраво феминки нова сум на форумов и се надевам ке се дружиме Годинава сум прва година во медицинско и искрено не се надевав на вакви тешкотии на почеток, но се средуаваат работите стручните предмети ми се 5-ки ама имам проблем со историја. На сите тестови одговорите на прашањата ми се цели реферати што би се рекло, а не сака проф. Ружица да ми стави повисока оценка од 2 кажете ми сте имале проблем со историја? Што да правам?
Оваа година треба да се запишувам во средно,сакам во медицина за сестра Може ли да ми кажеш како ти се гледа вака школово? дали е мн тешко?? Како ти се допаѓа? ја имаа споменувано таа Ружица по историја понапред изгледа се иживува со тебе,ама ти за инат учи и ги сите лекции и кревај и рака да види. А дали само тебе или и на другите така им прави?
Здраво девојки! Јас сум осмо одд. и уште ми е рано ама јас сепак се интересирам и медицината многу си ја сакам (патологија и судска медицина поконкретно) Уште од седмо одд. размислувам за да одам на медицинско средно школо, па би сакала помош околу училиштата. Во мојот град нема и ќе треба да одам во некој град. Па кажете ми за училиштата и интернатите, чисти ли се, ќе ми требат ли врски за да влезам итн
Во средното медицинско во Скопје (отсек медицинска сестра), се слуша предмет патологија во втора година, ама тоа се само општи работи (абнормални промени на клетките, фагоцитоза, миокардни промени, атеросклероза итн.), така да немој уште отсега да сонуваш за судска (ова не ти кршам соништа, напротив, сакам да имаш реални сфаќања). За судска медицина треба факултет општа медицина, а како предмет се слуша дури во петта година, така што... ако општо те интересира медицината можеш да се запишеш средно, за во Скопје не ти требаат врски туку ти треба просек, па понатаму здравје дури да го завршиш средното што се вели 300 ума ќе смениш во врска со факултетот. А како и да е, дури и за средно ти е рано уште отсега да се мислиш, дури да завршиш основно можеш многу да се премислуваш.
Размислив ќе се запишам за сестра а факултет ќе одам фармација,биохемија или за доктор мислам дека во сестри поголем просек ќе извадам за на фалултет и ќе се запишам на факултет на некое од наведениве погоре мислам дека најубава професија е или фармацевт или доктор
Ако сакаш фармацевт или биохемија тогаш најубаво е да идеш фармација средно за да стекнеш основа од фармацијата и многуте хемии што се учат таму. Таа основа по хемија у сестри ја немаш. Ако сакаш доктор, најубаво е сестра средно зашто имаш основа од се, буквално од се што е потребно за општа медицина. Кога станува збор за просекот, на Фармацевтски а поготово на ПМФ нема преголема заинтересираност последниве години и примаат со доста "ниски" поени во споредба со строгата категорија на Медицински со 90+ поени (зборам за факултетите на УКИМ, на УГД секако со мн пониски се примаат). Така да просекот од средно не зависи од смерот туку од самиот себе плус најголем дел- оценките и перцентилите од матурата.