Во медицинско во скопје има за: медицинска сестра забен техничар фармацевтски лабораторски техничар медицински лабораторски техничар јас денес за забен техничар се запишав
колегиииии ситее Се запишав забен техничар ама во Битола во ДСМУ Д-р Јован Калаузи Ако има некој тука што е за таму сега нека се кажи )
Еве линк како можеш да видш што предмети ке имаш од 1 до 4 година. http://www.medpk.edu.mk/Default.aspx?id ... a01e008e75
Лектири за I година 1. Избор од македонска народна поезија 2. „Цар Едип“-Софокле 3. Современа македонска поезија 4. „Александар Велики“ –средновековен роман 5. „Галебот Џонатан Ливингстон“-Ричард Бах
5. „Галебот Џонатан Ливингстон“-Ричард Бах ОЗБИЛНО?! Оваа ја работевме во основно. Бар јас ја имам работено. Во гимназиите го работат Балзак, а ние ( ја се запишав на фармација годинава ) ќе го работиме ова?!
Оноре Де Балзак-Чичко Горио во средно медицинско се работи во 3 година. Ако разбрав добро велиш дека гимназиите во прва го работеле,што не е можно,бидејќи самото дело спаѓа во Реализмот. А пред реализмот треба да се поминат сите останати правци кои се многу.
Шагринска кожа се обработува во прва, не Чичко Горио, ама конкретно медицинарите, фармацевтите не знам дали ја имаат во план. Ние гимназијалците ја работевме како лектира. Би требало да е ставена на списокот кај сите, а и нема да ви штети ако ја прочитате, интересен е Балзак.