Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средно медицинско училиште

Дискусија во 'Образование' започната од boki44ka, 14 јануари 2011.

  1. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Се вознемирив зашто генерализирате. Ниту сите ние од гимназија така лесно сме добивале оцени, ниту пак сите вие од стручно толку тешко. Јас сум сигурна дека штом сте продолжиле на овие фак. сте учеле и сте продолжиле да учите, меѓутоа не може да велите дека гимназијалците на лесен начин ви крадат места кога тие не се резервирани само за вас. Како и да е, секој сам си знае за себе, ви посакувам среќа на сите:)
     
    На jolo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Ej decki bil nekoj da vidi dali
    Gi ima spisocite za prva godina?
     
  3. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Еве ќе пробам да објаснам вака.

    Никој не рече дека се резервирани местата ниту слично. Сакала ти да признаеш или не- конкретно во случајов, медицинарите од средно имаат таква јака и огромна основа (за тие што стварно учеле зборам) за на Медицински/Фармацевтски/Стоматолошки што гимназијалците можат да ја сонуваат кога се запишуваат.

    Милион пати сум пишувала на темава, бидејќи не знам од која причина не го прифаќате тој факт. Не рече никој дека вие понатака за време за студиите нема да се вклопите и да бидете успешни и јаки доктори (дури може и подобри од одредени медицинари) )бидејќи на крајот после толку години учење пак мораш да знаеш и ти и јас. И тоа не знам зашо го сфаќате како навреда, кога еве имам супер колеги гимназијалци и самите го потврдуваат тој факт колку нас ни било полесно додека они m.sternocleidomastoideus го учеле на слогови и не се навредуваат воопшто.

    Тука збориме за основата со која влагаме на факултетов, каде што фактот е дека во првите 2 години се отпишуваат претежно гимназијалци. Зборам гимназијалци зашто околу 10 посто се само медицинари. Медицинарите знаат уште од средно што и како ги чека на факултетов па не ни сакаат да продолжат, едвај чекаат да се "спасат".

    За крадење на места, не би рекла дека е соодветен збор, затоа што имаат право и двете страни да се запишуваат затоа и квотите се толкави. Ако стават само медицинари (со искуството од годините дека 10-15% се запишуваат медицинари), ќе се запишат 50 еве 100 души преку сила, што на факултетот не му одговара од финансиски аспект. А квотите се огромни затоа што ни е лаком факултетот за пари, па после ги елиминираат студентите дур да дојдат до бројката што им е потребна.
     
    На LittlePinky, ALISA0000, Kukla994 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Meli97

    Meli97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2016
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    111
    Bravo koleske mnogu realno :D
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    @Meli97 spisocite koga se? Da ne znaes?
     
  6. Meli97

    Meli97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2016
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    111
    Jas koga se zapisav bea 30-31, idi do skolo vidi, ili prasaj po telefon dali istaknale da ne ides dzabe
     
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Aj ke idam utre so drugarka okolu 10 pa ke vidime :)
     
    На Meli97 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lady0813

    lady0813 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Jas se zapisav farmacija. Ako moze nekoj da mi kaze svoe mislenje, kako e? :l::):D
     
  9. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    ^ hahaha vikaat najtesko ama so srekja
     
    На lady0813 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Meli97

    Meli97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2016
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    111
    Tesko ama interesno. Treba trud mnogu i ucenje redovno. Vo treta I cetvrta e pointereno od prva I vtora.
     
    На lady0813 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Во целост, ама буквално во секој дел од напишаното се согласувам со @macysh
    Значи не само на форумов, туку и на социјалните мрежи неколку пати прочитав за истава дискусија тука, како гимназијалците без никаква основа се осмелуваат да се запишат на медицински факултет кога најголем дел уште по првиот семестар или евентуално после првата година наводно ќе се откажат.
    Сега јас на вас убаво да ви ја претставам реалноста за тоа кои се повеќе потковани.
    Имено во гимназиско образование или подобро кажано општа гимназија се изучуваат наставни единици, предмети од сите области - буквално без исклучок со што се добива познавање за секоја област. Тука се става крај на тезата на @srcence1607 за нивната стекната основа од средно медицинско. Тоа се потврдува и со тоа што кажува дека најголем дел едвај чекаат да се спасат, па поради тоа што имаат основа само од медицина мал е бројот на оние кои избираат сосема различен факултет. Патем, гимназијалците можат на било кој факултет да се запишат токму поради основата која ја имаат.
    За крај, уште еден факт. Пред воведување на државната матура, за запишување на факултет (без исклучок) задолжително се полагало приемен испит и притоа шансите за прием биле поголеми кај гимназијалците поради основата која ја наведов погоде.
    Посакувам убава вечер на сите. :)
    П.С Проверете од каде доаѓаат првите на ранг листите и каде завршиле најдобрите студенти по медицина ;)
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Meli97

    Meli97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2016
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    111
    Da? Anatomija i fiziologija osnova imate od gimnazija podobro od medicinsko? Nemoj te molam. Neka se zapise koj kade saka nikoj na nikogo ni brani ni pistol u glava mu stava
    I dosta idete of topic temata e za deca sto ucat vo sredno medicinsko, za soveti, prasanja I nasoki kon niv. Nema potreba da se javuvate tuka koa ne ste ucele u medicinsko I nemate so korisno za nivnite potrebi da kazete
     
  13. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Не знам дали учиш на Медицински, ама сегаде се почнува од почеток. Пред да аргументираш, провери ги информациите.
     
  14. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.680
    Допаѓања:
    14.393
    Пол:
    Женски
    Srekjno na site
     
  15. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Најпрво се извинувам на долгиот пост, Бидејќи мене ме цитираш, ќе ти реплицирам :D Се надевам убаво ќе го исчиташ овој пат.

    Никаде во мојот пост не спомнав дека "како се осмелуваат" (ќе те замолам да не ми ги извртуваш зборовите). Наводно не е соодветниот збор бидејќи тоа е реалната слика. Од ова се гледа дека не си воопшто студент на Медицински факултет и само нафрлаш зборови кои не ти се потковани од реалната слика која владее на факултетот за разлика од мене, која сум тамошен студент па сум и повеќе од доволно компетентна за да ти ја доловам.

    Ќе те замолам да ми ја објасниш конкретно потребата од знаење на полјоделските региони во Северна Кореја или евентуално Сократовите размислувања и следбеници во општата медицина.
    Уште една непоткована теза повторно "само нафрлена". Муабетот е конкретно за основата со која се започнува Медицински факултет, а не за тоа кој има каде поише шанси да се запише.
    Никаде не оспорив дека медицинарите не се потковани за на ФИНКИ или Филозофски бидејќи факт е дека немаат никакви познавања од филозофија, социологија, историја, математика, физика и слично и воопшто не ме навредува фактот дека еве јас лично никогаш нема да опстанам на Финки бидејќи сум свесна за едукативните недостатоци од таа област, за разлика од вас што и те како ве навредува фактот за медицинската основа која ја немате при запишување.

    Едвај чекаат да се спасат е кажано во смисла дека обично кога на 14 години се запишуваат во средно (не знаат што сакаат/не се свесни за тежината на изборот/од дома им е наметнато и други Х причини) не очекуваат таков напор и таква тежина на материјал и сериозност во учењето. Веќе кога ќе дојдат на крајот им е смачено и не сакаат да продолжат со струката затоа што веќе знаат дека ги чека уште 15 пати потешки и понапорни години.
    Додека во гимназија на 16-17 години главна преокупација им било дали ќе искочат во Привилиџ или Миднајт, дали кафе ќе пијат во Пјаца или Тренд и како ќе ги научи дешавките у 13ти век- јас сум одговарала со своите постапки и знаења за нечиј живот кого пред вратата со плачење го исчекува семејството.
    Тука е и предноста од средното, што само со него секој може да си се вработи според струката и да си зима солидна плата и тоа е огромна бројка што резултира од начинот на размислување, амбициите и индивидуалните приоритети а не од тоа дека не учеле социологија па не може да се запишат на Филозофски. Друго е и што имам и голем број на другари/ки кои се запишани по другите факултети.

    Точно дека се полагаше приемен испит. На приемниот испит се полагаше биологија и хемија, предмети кои се учат и во гимназија и во средно медицинско 4 години. Приемниот испит сега се заменет со државна матура на која оние кои сакаат да конкурираат- полагаат биологија и хемија, повторно нагласувам предмети што се учат и во средно медицинско и гимназија исто, дури и од истите гимназиски книги се учи- Сега се исто така изборни и во гимназиите во 3 и 4, кога се определувате за смерови.така да и ова ти пропаѓа.

    Кој е прв на ранг листата не е мерило каков студент ќе биде и дали ќе успее. Имам колеги кои биле со 99 поени а веќе се заглавени и презапишуваат предмети, а личен пример сум јас еве со 93 поени што имам се положено и тоа со многу високи оценки.
    Друго, каде завршиле најдобрите студенти по медицина повторно не е мерило каков студент и каков доктор ќе биде. Бегаш од темата бидејќи во истата се дискутираше за основата со која се запишуваат матурантите.
    Еве ќе се самоцитирам во реченицата која или не ти одговара па си ја избегнала или не си ме ни прочитала асално
    .

    Точно, се почнува отпочеток на факултетот. Не може да почне да предава Хирургија ако ти не знаеш каде се наоѓа панкреас. Логика малце. Еве Анатомија почнуваш со коски, мускули, нерви, органи и слично што и стручна медицинска терминологија со која прв пат се среќавате, а јас веќе знам кое што е, зашто како и го владеам во буквална смисла и притоа веќе знам да го објаснам како функционира од физиолошки аспект, па да ти ги наведам патолошките состојби кои довеле до одредени болести. Истите тие да ти објаснам од интернистички аспект и притоа да ти понудам дијагностика, терапија и каков хируршки третман би се ординирал и целиот тек на хируршката операција.. од предоперативна подготовка, анестезија, самиот процес и постоперативното лекување за кое вие прв пат и слушате дека постои.И така од секоја клиничка област посебно.

    Тоа не значи дека ти истото нема да го знаеш после 6 години студирање и дека нема да си добар доктор, туку процесот на учење е 200 пати олеснат затоа што се тоа јас веќе го знам и само си го проширувам веќе стекнатото знаење. А кој е подобар доктор, се одредува по спасените/излечените пациенти и ниската стапка на смртност во твојот работен век, а не дали си од гимназија/медицинско што не е ни тема на дискусија воопшто во мојот пост.

    Ти посакувам пријатна вечер (fingers)
     
    Последна измена: 31 август 2016
    На LittlePinky, Dream-Girl, NYC и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Meli97

    Meli97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2016
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    111
    Bravo devojce, sekoja cest :D
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Trajne Trajne ...!!! :party: :makeup::emo:(y)
     
    На Ketchup, ALISA0000 и srcence1607 им се допаѓа ова.
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    170.935
    (y) za ova tocno do zbor
     
    На Meli97, Kukla994 и srcence1607 им се допаѓа ова.
  19. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Taka e Stojne!!
     
    На Meli97, Ketchup и Kukla994 им се допаѓа ова.
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Znae nekoj sto predava Maja bakracevska? I nesto za nea