Здраво јас сум 9то и сакам да се запишам во Панче Караѓозов смер фармација.Дали некој ке сака да ми објасни нешто повеќе за професорите и предметите и дали има физичко,музичко ??
Има и физичко и музичко. Физичко два часа во неделата, а музичко еден. Во прва година сите смерови имаат исти предмети - повеќето се општи со исклучок на четири стручни (анатомија, физиологија, хигиена и латински). Професорите се океј, со неколку исклучоци, ама ако учиш континуирано не би требало да имаш проблеми. Сепак, не можам да ти кажам за понатака, а и многу за професорите зашто сум прва година а и не сум смер фармација.
Здраво дечки 9то одделение сум и сакам да се запишам во средното медицинско училиште во Битола.Па ме интересира шо смерови има? Фала ви однапред
Бидејќи завршувам деветто одд, една од опциите каде да се запишам е медицинското училиште во Скопје д-р Панче Караѓозов. Би сакала да знам повеќе во врска со ова училиште : - Какви се наставниците, какви се нивните принципи на предавање, испрашување, тестирање и оценување - Кои наставници би ми се паднале и кој би можел да ми биде класен - нешто повеќе за смеровите, особено за медицинска сестра бидејќи сакам да се запишам на тој смер - нешто повеќе за праксата - Какви се правилата во ова училиште, куќниот ред, кодекс на однесување, кодекс на облекување, специфични дисциплински правила и мерки.... - Дали училиштето е опремено, со услови и материјали за вршење експерименти по хемија, физика, биологија, дали библиотеката е опремена со доволно книги, дали салата за физичко е опремена со реквизити за вежбање, дали има компјутери, интернет и со каква се технологија располага училиштето, и какви сѐ останати нагледни средства има во училиштево....... - какво е друштвото - каква е хигиената - дали се подготвуваат учениците за натпревари - дали секој ученик може да ја истакне својата индивидуалност и какви се секции и манифестации се организираат.... - некои други информации кои би сакале да ми ги посочите за ова училиште.... Однапред ви благодарам на сите што ќе се обидете да ми помогнете во мојот избор за продолжување на образованието и ќе ме информитате за ова училиште.
Здраво,Сакам да прашам кој смер е најдобар,јас мислам да се запишам медицинска сестра,но незнам дали ке ми оди.И сакам да прашам дали ке може и мојата другарка да запише средно медицина,но во 7мо одделение помина со 4,а другите години просекот и е 5.
Се запишав во Панче, фармација па ме интересира кога ќе има списоци кој во кој клас е и кој ќе е класен на таа паралелка,или нема да има тоа објавено??
Тоа има при крај на август некогаш 26,29 така отприлика тие датуми Со среќа нека ти е,само петки да редиш
Здраво дечки.Јас сум нова на форумов и сакам да добијам некоја информација. Јас се запишав во средно медицинско "д-р.Јован Калаузи" во Битола,смер медицинска сестра,меѓутоа јас сакам да се преместам во медицинското во Скопје.Со сите петки сум од 6 до 9 дали ќе има шанса да ме преместат во Скопје? Ви благодарам однапред.
Не сум го видела ова порано, се надевам и сега ќе ти е од некоја помош, тебе или на некој друг. Наставници има секакви, повеќето се во ред, исклучоци секаде има. За приниципи зависи и од смерот, на пример хигиена Славица Видеска, во фармација на почеток на година ни кажа не ни треба тетратка, а сестри ги препишаа и вторите тетратки. Сестрите се како најпочитувани од страна на професорите, поинаку ги гледаат затоа што најмногу учат и тие се 4 класови за разлика од другите смерови. Пракса имаат од втора како и сите други смерови, нешто во школото во посебно опремен кабинет а нешто во клинички горе, иако не знам да ти кажам како иде тоа. Исто така, водат дневници како и сите други смерови за тоа што правеле на таа пракса и тие се оценувани од проф по пракса. Правила на училиште или кодекси или ватевр нема многу, нормално однесување, мантил ЗАДОЛЖИТЕЛНО, тоа е нешто како униформа, глупи казни даваат за не носење мантил, како неоправдан или единица кај проф во дневник (не секогаш), во однос на остатокот од гардеробата не прават проблеми се додека не е примамливо за туги очи и тоа. Како општи предмети ние никогаш не сме правеле некои експерименти којзнае какви, два пати дали хемија не однела во лабораторија доле да ни покаже нешто и тоа е тоа. Ако ти значи нешто, имаме свечена сала каде сме оддржувале часови на таблети и смарт табла од самсунг, иако таблетите не функционираа затоа што се беше забрането од страна на министерство, па ќе видиме од наредна година. Библиотека, хех, нема такво нешто, океј, не буквално. Има библиотека една ама не е отворена, не е во функција. Сала, има топки само, а и ако ви биде Ненад, нема да ви требаат реквизити, на почеток на година малтретира малку, де опрема, де патики, де присуствување на час задолжително, после олабавува. Компјутери има во две училници per ходник од 8 училници, и тоа во информатика кабинетот има 6? Да, мислам 6 компјутери за 30+ ученици. Друштво има за секого, како и секаде. Каква е хигиената? Нема хигиена. Натпревари, ретко, зависи од професор, латински доста ги спремаше за натпревар. Истакнувањето зависи од тебе и твојата генерација, секции и манифестации кај нас немало, за кај вас зависи пак од генерацијата. Толку од мене, се надевам бев некому од помош. Good luck
Девојки, ако може некои информации за тоа кои професорки/професори ќе бидат класни раководители на паралелките на мед.сестри и општо некој збор за професорите таму?