На било кој факултет можеш да продолжиш, само соодветен предмет ќе избереш за матура ако сакаш да ти ги важат и тие поени. Пример на медицински ги бодуваат хемија, биологија и стручните; на економски - бизнис; на феит - физика ... Има луѓе што од средно медицинско продолжиле на друг факултет надвор од медицина, имаа доволно поени и си влегоа без проблем. Буквално секаде можеш да одиш, машински, економски, финки секаде Само може потешко да ти биде, бидејќи во медицинско акцент се става на стручни медицински предмети, ама ако пример математика ти оди добро од секогаш, брзо ќе надминеш тешкотии; а и можеш изборен да си земеш математика и во средно како предмет (во втора година нели се бираат, сега не знам која година си ти) или било кој предмет, тој ко пример го дадов
Сакам да прашам , уште нешто , дали на вистина ако завршам медицинско средно , ке можам да постапам во било кој факултет.. дури и ви Јустинијан I ? (За адвокат ) И дали ќе треба да учам подолго време за таа професија или нема врскаешто средно завршив? ( во случајот медицинско)
Можеш било каде да продолжиш и нема врска тоа сите исто си учат И фармацевт се учи 4 години , односно сите смерови се по 4 години во медицинско (ако прашуваш за факултетот , тој е 6 години )
Бог да чува , тој професор што ви прави вас? Нас физичко ни е таа ниската со кратка коса постаричка и само од редовност става оценки сите имаат 4ки и 5ки едино некоја 3ка ако има ептен ако не иде на часови
Фармација се учи 4 години средно изучуваме и предмети како граѓанско, бизнис итн, па за матура можеш да избереш предмети од нив кои што ќе ти одговараат за Правниот факултет, кој што е 3-4 години (не сум баш најсигурна, но мислам 3 со избор на уште една година за некој повисок степен, сепак провери на нет) Имаш на интернет кои предмети за каде се потребни за упис
Нема проблем, ако ти треба уште нешто слободно прашај, учам фармација средно и јас, па отприлика можам да помогнам Види убаво за предметите, распрашај се кај професорите во школо, убаво ќе те упатат они