Да, во 5 до 12. Каде го има ова? Знаете што отприлика има на тестовите? Само пишува биологија и хемија, а од кои одд материјал или кој материјал поконкретно ништо не пишува... Само врски да бркаат, ништо друго не ги интересира...
Здраво Се извинувам сакам да прашам кои се лектирите за прва година средно медицинско смер медицинска сестра во д-р Јован Калаузи битола?
Се согласувам, треба да има, ама не да се објавуваат во 5 до 12. Јас со 5,00 што сите 9г години душа ми остана од учење, сега да се расправам со приемен. Проблемот е што на крај на год. во основно, од двојки стануваат 5ки, а ние што сме учеле-никој не нè гледа.
Треба да има на време,да.Оценки се ставаат во основно ради реда. Учете си,оти после во средно ќе сте изгубени случаеви. Треба биологија и хемија,да.Но,треба да има и македонски,англиски итн.
Може ако некој од класот каде што сакаш да одиш, се префрли во твојот. Замена да направите. Бидејќи има многу ученици, и не знам колку би дозволиле во клас со 35 ученици, уште еден да им дојде. Најдобро да се информираш директно од некој во училиштето: класен раководител, секретарка.
И треба да се полага зш сите со „напумпани“ оценки од основно ќе влезат и секоја година на полагање ќе се влечкаат (како кај мене пола клас), а на некој вистина шо учел ќе му го фатат местото. Ако некој бил со заслужени 5ки основно шо ги добил со учење ќе помини и на приемниот, а барем тие со „поклонати“ 5ки ќе бидат елиминирани од почеток и немат да может да земет диплома со 2ки на крај, и тоа иста дилома со тие шо се труделе и шо учеле цело време.
И јас кога се запишував средно медицина пред 15 години се полагаше приемен. И тогаш полагавме само ученици со 5.00 просек и добри 50-60 деца не беа примени. Не знам што се буните толку кога полагањето е нормално кога има повеќе пријавени од слободни места. Не може унапред да се знае колку ќе се пријават. А за тоа на кого му биле поклонувани оцени ќе се види на крајот од 1 година. Моја генерација полагавме приемни, сите со 5.00 па на крајот од 1 година имаше и двајца ученици што беа на полагање, само по 7-8 луѓе поминувавме скроз одлични. Некој праша за материјалот за полагање. Тоа е збир на се она што си учел биологија и хемија во основно. Јбг не можеш медицина ако не знаеш што е клетка или да не знаеш да решаваш хемиски равенки.
Мене не ми е проблем да има тестирање, проблем е што тестирање се најавува 1 ден пред истото. Плус, книгите тогаш се вратени, а сигурно дека не може да се запамти сѐ од сите учебници био и хемија, сигурно дека од 7мо одд нешто ќе заборавиш. Хемијата има теорија, но има и задачи, така што барем за мене е полесна за памтење. А тоа дека во основно на крај се ставаат ,,нашминкани” оцени и единичари завршуваат со 5,00, за тоа апсолутно се согласувам. Јас додека седев дома да учам, единичарите по улици шетаа и скитаа, ама на крај на исто рамниште со мене излегоа. Ете тоа послем прави проблем при упис... Тие fabricated оцени одма ќе се познаат во средно, ама веќе ќе имаат направено проблем на ние што заслужуваме...
Знам како е,ама иако ќе им биде иста дипломата, знаењето никогаш нема да им биде „на исто рамниште“ со тебе или некој друг кој учел и се трудел, што кога тогаш ќе дојде до израз кога ќе седнат на маса со учени луѓе и единствено ќе можат да се смешкаат за да не се избрукаат со своето (не)знаење.
Za himnata na Pance neznam.Tuku jas sakav da prasam nesto drugo. Sto tocno e ova so upisite? Sto tocno se polaga??? I dali ova se odnesuva samo za smer medicinska sestra ili vazi i za site smerovi? Mene mi e uste rano za vo sredno, no sakav da se informiram za da gi znam detalite. Fala odnapred.
Ако има премногу пријавени и не може да се направи селекција меѓу нив зошто сите имаат високи поени се полага приемен. Зависи до генерација и до пријавени, некогаш не се полага.
Да прашам, дали во Панче има и настава по германски јазик (втор странски јазик) или само англиски има, бидејќи се што прочитав погоре е за англискиот, а нема спомнато никаде ни германски ни француски????
Мислaм декa е сaмo aнглиски и лaтински aмa сепaк незнaм зaтoa штo кoгa се зaпишувaв нa ливчетo пишувaше Oдберете стрaнски јaзик и јaс oдбрaв aнглиски(a имaше и гермaнски и фрaнцуски). Ќе видиме oд септември ☺