Тебе не ти се погодило работното место. Но, сепак тоа не ти дава право вака да шириш неточни работи и да плукаш по цела професија. Јас сите што ги познавам долго работат и тоа на исто место. Така да, не држи вода ова.
Здраво, сега сум 9то одделение и размислувам да се запишам во Панче, најверојатно за сестра. Сакам да ве прашам дали има многу за учење како што кажуваат? Дали можете да ми кажете нешто повеќе за професорите, дали се строги? Ви благодарам однапред
Здраво , јас сум оваа година матурант и искрено да ти кажам горе доле сум задоволен од школово Пред 4 години кога се запишував , се запишав за медицински лабораториски техничар бидејќи немав доволно поени за сестра но можам да ти кажам нешто околу школото и професори бидејќи имаме доста исти професори со сестрите.... Во 1 година учиш Анатомија со физиологија , Хигиена , Латински јазик (порано беше посебно Анатомија , посебно Физиологија но за вас сега има нова програма и не знам баш како ќе биде , знам дека место граѓанско да учите во 4 година ќе учите во 1 и дека овие 2 науки се споени во 1 предмет). Професорите во 1 се воглавном океј со исклучоци ко напр. Хемија ќе имате голем проблем ако е истата но со труд се постигнува се , бараат знаење најмногуу во 1 година а и има највеќе предмети (околу 15) Во 2 година веќе е подруго , сите сте поопуштени но тука веќе имате стручни предмети за струката ние лаборантите и сестрите се разликуваме во тоа што во 2 година ние учиме микробиологија , патологија и аналитичка хемија а сестрите исто само што место аналитичка хемија имаат нега на болен. Во 2 година имате и пракса која се одвива во кабинет за нега на болен (не знам што е конкретно бидејќи не сум тој смер) Во 3 година веќе имате скроз различни предмети од сите смерови (интерна медицина , педијатрија , хирургија итн...) и почнувате со пракса на клиника Во 4 година исто има хирургија , гинекологија со акушерство и невропсихијатрија и мислам праксата е на гинеколошко акушерско одделение Школото во споредба со тоа кога се запишував јас пред 4 години е реновирано со нови прозори , врати , канцеларија , искречени училни и слично... дефинитивно ако би се запишувал по втор пат , пак би одбрал да учам тука. Професорите воглавном се добри 90 посто , некои бараат знаење но воопшто не е тешко ако си заинтересирана за струката 60-70 посто се учи на час со внимателно слушање а останатото дома само да се повтори но многу е битно уште од почеток да се фати струката бидејќи ако во прва година не учиш и после почнеш ќе ти биде многу потешко бидејќи секоја наука е услов да продолжиш да се надградуваш , нема шанса да учиш Патологија (болести на органските системи) без да знаеш Анатомија и Физиологија (градба и функција на човековото тело/органски системи) , мислам ме разбираш ако имаш прашање слободно постави
Јас бев сестра, не во Панче, ама можам да ти кажам дека не е воопшто тешко. Потешко е само во прва додека се навикнеш, нови предмети, начин на учење и сл. Гледај анатомија и физиологија да ги совладаш добро, бидејќи се база за предметите во наредните години, и ако учиш редовно, ќе видиш дека понатаму се е поврзано, и ќе ти биде мнооогу полесно.
Здраво на сите.Сега сум осмо одделение,уште од 6то одделение сакам да се запишам медицинско средно.Знам дека е рано но заинтерисиран сум.Сакам да се запишам на смер или физиотерапефтски техничари или медицински сестри/техничари.Дали може некој да ми каже нешто во врска со професорите.Кој се најстроги,кој најдобри.Дали има ликовно,музичко,физичко и ако да до која година има.Каде можам да се вработам како физиотерапефтски техничар и дали на Медицинска сестра/техничар смерот има машки.Фала на помошта однапред
Kako prv dobar ti e izborot za medicina, i dvata smera ti se super, vo sestri e potesko i pozategnato voopsto za se vo vrska so se, fizioterapevt e dobar smer isto, vo sestri nema mnogu maski, likovno i muzicko se samo vo prva godina, fizicko go ima 4 godini. Fiizioterapevt, sestra, laborant, i zaben tehnicar mozes da rabotis i po struka i kako , medicinska sestra, bolnica, stomatoloska ordinacija, so ovie smerovi segde moze da rabotis, samo begaj od farmacija kade nisto ne moze da rabotis osven vo apteka i najlos i smer u medicina. Praksata picnuva vo site smerovi od 2 godina, profesorite se ok, skoloto e sega renovirano, kje ti bide malku tesko na pocetok da se priviknes, kje picnes na pocetok redovno da ucis i kje bide dobro se!
Moze li mala pomos.. Do kade ste prva godina anatomija i fiziologija so materijalot? I Koi sistemo vi se pominati do sega
Ти се молам. Фармација ти е најчист и најсигурен смер. Од ни еден друг смер нема толку вработени по "струка". Од клупа ги пуштаат државен испит да земат да ги вработат и ова во Битола можам да ти го гарантирам за претходната генерација. До толку шо постојано има огласи зошто нема доволно техничари. Дури и тие како мене со башка факултет сме се нашле во аптека. До толку е барано. А, тие кои не продолжија на факс се во долг работен однос од кога сме завршиле средно.
А дали би ми го препорачале смерот Фармацефтски техничар и дали во фабрикиве(алкалоид,лек и др.) може да се влезе и без врски некако
Да, пола мој клас се вработија у Алкалоид. Цело време пуштаат огласи за пракса и вработување, им фалат вработени. Ја би ти го препорачала смерот, супер си е.
@Dream-Girl, да и според мене фармација е една од подобрите смерови на Медицина ама некој луѓе зборуваат дека немало работа со тоа па затоа прашувам затоа што и јас сакам да се запишам медицина поконкретно фармација па затоа.
Извинете ако веќе досаѓам,дали во СМУГС Панче Караѓозов во Скопје има смер Гинеколошко-акушерски техничар или нешто поврзано со гинекологијата.Прочитав на едно место дека нешто такво имало па затоа прашувам за поконкретно