Сестра, сметам дека поинтересни се предметите и самата пракса кога веќе се мислиш помеѓу нив. И сестри секогаш секаде се потребни. Некако лаборант ко смер јас не би го одбрала меѓу овие два... Мое лично мислење.
Зависи што ти е "поголема љубов".Ако повеќе си по биологијата и сакаш да работиш со пациенти (да боцкаш,да ставаш инфузии,да чистиш рани) оди на сестри.Ако повеќе си по хемијата и повеќе сакаш да работиш во лабораторија (да пипетираш,да истражуваш на микроскоп и др.) оди на лаборанти. Според мене и двата смета ти се супер.Највеќе можности за вработување и се др.Само останува на тебе што повеќе сакаш да работиш.Јас сеуште немам одлучено а планирам да се запишувам медицинско(најверојатно на некој од овие два смера) така немам нешто мн искуство од што имам истражувано до се ти ги кажувам работиве
Би ти препорачал лаборант (јас учам тоа , моментално сум 4та година). Сестра е одличен смер но не е дефицитарен кадар така што секој втор веќе е сестра и не ти доаѓа во прилог. Лаборантите се барани насекаде исто како и сестрите буквално лаборатории имаш на секои 200 метри низ градов така да. Е сега праксата е за нигде во споредба со сестра каде што имаат многу повеќе пракса но лаборант ти дава добра потпора за повеќе факултети (медицински - општа медицина / фармацевтски - студии по фармација , ПМФ - Биохемија/Хемија и др факултети поврзани со хемија) бидејќи се учат доста предмети од медицината а и доста хемии што го прави смерот комбиниран и интересен.
Во мој град не се бараат лаборанти, ни со факултет биохемија не примаат, не се бара таков кадар. Со лаборант си ограничен, а сестра можеш да работиш на било кое одделение, во приватни амбуланти, во стоматолошки ординации. Во Скопје можеби повеќе се бара и има работа, не знам од каде си, ама во мојот град ситуацијата е ваква.
Не е фармација само за работа во аптека, можеш и во алкалоид ,галафарм и други фирми да работиш ако си доволно стучна ,така да сите што сакаат фармација да си се запишат ги охрабрувам за мене тоа е една од најубавите професии и не е само ''обична продавачка на лекови'' како што вика членката погоре.
Јас го пишувам ова за сите идни средношколци или студенти да не потпаѓаат под вакви негативни туѓи влијанија на луѓе кои поради х причини не успеале со струката што ја одбрале. Нема смер катастрофа, ниту во медицината, ниту во која било друга гранка. И со фармација може да се постигне многу, како и со кој било друг смер што со љубов би го учеле и работеле. Слушајте се само себе си и никој друг.
Да, баш дека фармацијата е прост смер и дека работа во аптеки и продавањето лекови демек е бескорисно, баш затоа сега у ситуацијава само аптеките, болниците и маркетите работат. Да ги затворат аптеките и сите фармацевти да мислат како тебе тешко нас. Докторите ти препишуваат лекови ама да не се фармацевтите оди купи ги да те видам... Толку потребна професија е... Одговорна и убава работа е.
А да прашам нешто со фармација средно, и упишеш се друго факс пример јазик после за работа како техничар ли ке си па или ке се важе и друг факс?
Се важи. Мајка ми има факс ПМФ, а средно фармација. Работи како фармацевтски техничар. Секако ќе си положиш државен испит и тоа е тоа. Пола од фармацевтските техничари се со друг завршен факултет за жал...
Не дека Фармација е лош смер,еден од подобрите на медицина е,но да не се лажеме за да работиш на едно од поубавите места со Фармација (пример во алкалоид) требаат дебели врски.Ова не го кажувам за да ги демотивирам учениците кои сакаат да одат на Фармација.Нека одат и тоа е супер најубаво е да се учи тоа што се сака,ова р само мор мислење
Модератор: Членката @resenska прво беше банирана од темава на 3 дена. Изгледа денес и истекол банот и одвај дочекала повторно да пише во темава да шири дезинформации само поради нејзино лично незадоволство од смерот кој го завршила. Затоа овој пат членката е трајно банирана од оваа тема. Спорните мислења на членката ги избришав, заедно со нив и некои ваши мислења кои беа одговор кон нејзе. А одредени ваши мислења кои сметав дека треба да останат во темава, со корисни информации за некои други членови ги редактирав. Ви благодарам за разбирањето
Да, можи. Јас сум фармацевтски техничар, и продолжив на факултет за нешто скроз различно. И дур студирав работев како техничар, и после факултет ако најдам со то работа можам и со то да работам, или по диплома. Нема врска, битно знаењето го имаш.
Здраво. Планирам да се запишам Средно Медицина, ама во дилема сум во кој смер, па сакам да прашам кој смер е најдобар и најбаран според вас, со кој може најмногу да се најде работа во странство?
Незнаев каде да побарам помош,па решив тука.Ми треба итно да се напише проскрипција од 5 дроги кои што се користат против влажна кашлица.Инаку,фармација сум. Ви благодарам однапред.