Во прва година Клеопатра предава сите така ја викаат мислам дека Снежана се викаше.Ужас жена,забегана,психопатка,само 3 деца од 36 у клас имаа 5ки кај неа,кецови од ракав си вади. Рачунај дека сами ќе си учите ништо не предава,буквално појма нема жената. Во втора ти е Буклевска, она е подобра многу си предава бар се труди нешто да објасни ама бара учење и малце е зезнато кај неа на тест
Никакви услови немаат. Тоалетите се крш,смрди. Во собите се по две или четири девојчиња,фура промаја од сегде. Сум влегла и сум видела. Од храната ич не се задоволни. Има воспитувачка има ограничено време до кога смее надвор мислам до 10 беше.
@Kimberly11 @S.J.Parker Благодарамм на информциите А навистина ли ќе имало нов смер Гинеколошко-акушерски техничар?
Благодарам на информациите. Изгледа ќе морам да се навикнам на таков начин на живот . Сите се навикнале таму, сакале или не. Сега барем знам што да очекувам од престојот таму.
Најголемиот дел од собите се за 4 девојчиња во соба, нема машки во интернатот. Крајните соби на секој спрат се со по 5, обично таму ги ставаат тие од прва година, затоа што никој не сака да биде во соба со 5 во толку мал простор. Има четири такви соби и плус две мали, ама многу мали соби за 2/3. Другите се за 4. Има нови кревети, На приземје има едни соби, ама таму не сместуваат, освен некоја ако се скара со цимерките, па сака сама да е. Ама ич не е убаво, има мноогу галама од соблекувалните (има соблекувални за тие што имаат практична настава на клиника и во 7ч се таму). Има 2 читални каде што учевме, 1 просторија - клубче ја викаме со ТВ. До пред 2 години, кога излегов од таму немаше ниту една празна соба, ама гледам сега помалку деца има. Во врска со условите за тоалетите, не знам како сум издржала. Состојбата им се менува, ни се случувало 50 девојчиња да одиме во 2 тоалети, или цел интернат со еден бојлер останавме. Има две чистачки, едната е малце помрзелива, ама затоа другата работи и за неа. Ама џабе е кога девојчињата не ја одржуваат хигиената, сум лепела листови за влошките да не ги фрлаат на плочките или во вц школката. Секој ден се случуваше вода да нема пуштено некоја, затоа што имаше слаб притисок и ги мрзеше да наполнат вода со кофата. Како и да е, не се сјајни условите во тој поглед, ама мајсторите поправаат кога ќе има некој проблем. Само ти кажувам што се може да се случува. За храната, има доста промени од тоа кога бев во 1 година и немавме ниту леб каков што треба, ама се подобри. Јас си ги јадев сите 3 оброци, освен некои што не ги јадам ни дома - варена зелка има определено време кога е доручек, ручек, вечера. Ама имаш и многу маркети во близина, сендвичари, пекари, така да не ми беше воопшто проблем. Издржав 4 години без интернет, немаше како да приклучиме, ама сега си зимаат од овие новите рутери и си го делат интернетот. За излезот, има излез до 22:00ч. Тогаш влезната врата се заклучува и се води евиденција за дали сите се таму. За викенд беше ако се јави родител само за 1 и 2 година до 23ч, а за поголемите до 24ч. Жените што не контролираа - воспитувачките, се многу океј, ама за излез не очекувај повеќе од ова да ти е дозволено. Мислам дека опфатив отприлика се. Како и да е, не осетив колку брзо ми помина времето.
Фала ти на опширните информации. Читајќи, ми заличи на интернатов што е во мојот град. Изгледа скоро сите се такви. А за брзо поминатато време-се поминува побрзо со друштво .
Здраво, Прилично сум нова тука и имам прашање.Дали некој има искуство со приемен испит? Секој одговор би ми значел.
добра вечер, дали некој знае за во Панче, дали уписите ќе бидат со одредено време според буквата од презимето (како во орце) или не? ако некој има имформации, ве молам споделете
Да, така ќе бидат Еве види тука кога би требало да поднесеш документи според твојата буква Со среќа. https://m.facebook.com/events/676033229638655?view=permalink&id=698600047381973 Ќе ги ставам и сликите за секој случај.
Дечки ако може некој да ми каже од колку бодеви примаат во средно медицинско Велес ,Димитрија Чуповски'. Дали со 67 бодеви само од оценките пресметано би ме примиле?
Дечки, ептен зависи од конкуренција. Јас сите години ги имав сите 5ки освен математика, по што имав две 4ки и две 3ки. Ме примија во прв круг. Немаше многу конкуренција, со оглед на тоа што во клас имав двајца кои во 9то беа завршени со многу добар успех. Сепак не сум од голем град, една паралелка бевме од 34 ученика.
Не знам како се измените сега, јас имав анатомија, физиологија, хигиена и латински јазик, другите ми беа општо образовни, историја, математика и др..
Јас кога учев, во 1ва година, мед.сестра, имав : 1. анатомија 2. физиологија 3. хигиена 4. латински 5. историја 6. македонски јазик 7. музичко 8. ликовно 9. физичко 10. физика 11. математика 12. хемија 13. биологија 14. граѓанско обр. 15. англиски јазик
здраво, дали некој беше со школото, (Панче) и ги сликаше огласните табли, на FB само бројчињата ги имаат објавено и не се официјалните листи?