Што е со уписиве?! Пак браќата сакаат со сила, а да не полагаат, па и уште една паралелка на албански?! Епа тоа е таа свесност. Секогаш имало приемен на медицина. И во Скопје и во Битола. Не сме нормални бе.
Дали можам ако сум 2 година медицинско за лето пример да се понудам да волонтирам , или негде в лабараторија .. или пак во некоја организација се разбира медицинска за да ги подобрам вештините или са научам нешто?
Секако се оди на феријална пракса на лето, по програма е. Сега не знам како е кај другите смерови, јас за сестра учев и летото после втора и трета година имав феријална пракса. Е сега дали ќе има некои измени поради короната не знам.
Ние само на вежби носевме. 800-1000ден е мантил зависи кај ќе го земеш. Во некои школи носат и на часови мантили, појше ради чалам и зошто биле медицинари, а реално нема потреба и само топлина ќе ти држи поготово кога е топло и ќе ти смета.
Во прва година ќе ви бараат да носите мантил кај сите професори секогаш посебно кај стручните како хигиена,анатомија,физиологија пошто запишуваат и минуси ставаат. Иначе мантилот е околу 1000 и нешто ден,види карши државна продаваат униформи можеш ефтино да најдеш. Од втора година е полабаво само кај стручните ќе носите.
Еве ако на некој му треба листа со предмети за медицински сестри од сите четири години по модуларно (не сум запознаена детално со изборните предмети, но знам дека феријална сега почнува од прва- 20 дена во лето, но заради коронава не можеше оваа година да се реализира, а од втора има и феријална и преку школска година): Прва: Македонски, Математика, Англиски, Латински, Физика, Хемија, Биологија, Историја, Граѓанско, Информатика, Ликовно, Спорт, Музичко, Анатомија и физиологија, Систем на здравствена и социјална заштита. Втора: Македонски, Математика, Англиски, Физика, Хемија, Биологија, Историја на Македонија, Спорт, Микробиологија со епидемиологија, Основи на здравствена нега, Патологија, Исхрана со диететика. Трета: Македонски, Англиски, Спорт, Фармакологија, Хируршки болести со нега, Инфективни полести со нега, Интерни болести со нега. Четврта: Македонски, Англиски, Спорт, Невропсихијатрија, Педијатрија, Гинекологија и акушерство.
Граѓанско е задолжителен предмет во прва, а Бизнис мислам дека е изборен во трета или четврта. Можете да видите на csoo mk таму ги има предметите за сите оддели и струки. Има доста измени и во програмите
Стварно глупости што сите смерови бизнис учевме. Како на економистите да им дадеа основи на нега да учат, како да забележуваат на температурна листа, како над бизнис план што не тераа да правиме.
Да ќе има, но не знам како. Знам дека е изменета доста програмата и е додадена феријална пракса од прва година. Но, дојде коронава и се пропадна. Не сум сигурна дали и од 2020/21 ќе има од прва пракса, зависно од ситуацијата со короната. Ако добијам подетални информации за пракса од прва год. ќе споделам .
Еве ги наставните планови за сите здравствени струки, ги има сите предмети и имате по колку часа ќе имате по секој предмет неделно и во која година. https://drive.google.com/file/d/1-dIxqKoXYGwH8egq0h0QM5i4LY09Q-RK/view