Не знам дали е сега исто, но се сеќавам дека ги обработувавме Галебот Џонатан Ливингствон, Епот за Гилгамеш, Илијада (не цела, секако), и уште некои ама не ми текнува :// .
Еве ги сите лектири и дела за прва година: 1. Митот за златното јаболко 2. Епот за Гилгамеш 3. Илијада (кратка верзија) од Хомер 4.Тристан и Изолда од Ж. Бедие 5. Цар Едип од Софокле 6. Антигона од Софокле 7. Панонски легенди 8. Пеколот ( прв дел од „Божествена комедија) од Д. Алигиери 9. Хамлет од В. Шекспир 10. Канционер од Ф. Петрарка 11. Декамерон од Џ. Бокачо *Лектирата „Тристан и Изолда“ беше избрана по желба на класот. Има можност да не биде истата следната година.
Сите што ќе бидете прва година во Панче, дали некој од вас добил порака дека се формирани класовите? Знам во Карев на вибер им била направена група со сите ученици.
Јас завршив во Панче , најдобро е да се информирате во школото кој ви е класен и само така да се барате по списоци. Инаку ако чекате на школото , ќе дочекате. Многу се неорганизирани така да сами ангажирајте се да дознаете
Не треба пред први да има истакнато списоци на врата? Или како? Постари помагајте, кажувајте како и кога да се информираме за најсигурно
Сега се ке се почнува online затоа има такви недоразбирања. На фејзбук не пишува ништо, скроз ја избришаа страницата, веб страната не е достапна. Не знам каде би можеле да видиме било какви информации.
Јас повторно ќе пишам во групава Дали ќе може сите што сега се запишаа прва година медицина, да ми пишат приватна порака?
Jas se za Здравои ти ли оваа година ќе почнеш прва во Панче?Ако сакаш можеме да се запознаеме па да се најдеме некако во школото ,јас моментално од таму не знам многу деца па би сакала да запознам некои пиши ми кога ќе го видиш ова
Продавам анатомски атлас за 1ва година средно медицинско училиште (купен пред 4 години од просветно дело , отворен 5-6 пати скоро како нов) - 500 денари Книга Микробиологија со паразитологија од која можат да учат медицински сестри во втора/трета и медицински лабораториски техничари во втора/трета и четврта година - купена на старо но добро зачувана 150 денари
Хахахах океј атласот може до кај 400 , книгата ја купив 250 али не ми треба веќе па 150 мислам е океј пошто секако копијата е 150 во скриптара. Атласот на ново е 650 денари од просветно дело (или бар беше кога го купував) и е скоро нов.
Од искуство, во право се сите што велат дека во Панче се тепаат кој прв да одговара (посебно у сестри). Најчесто со првите што ќе се здружиш со тие и ќе останеш. Од искуство, би те советувала да не правиш услуги на секој и да ги сликаш сите домашни, зашо сите се неблагодарни копиљаци и ќе ги научиш да те искористуваат за се и сешто. Биди им насмеана и отворена за дружба и разговор. Во однос на праксата, зависи кој предмет, која клиника и која професорка. За феријална ако имаш избор да бираш, избери ја воена. Имаат помалку вработени и има повеќе работа. Имам слушано дека на државна седеле до 9 и кафенце си пиеле (али секој со свое). За професорки пракса од кои најмногу знаење можеш да исцрпиш, би ја издвоила Чибишева. Жената е појава сама по себе, си бара доста знаење и дисциплина, али сметам дека е една од најдобрите професорки у панче. Знам сега има многу нови и помлади професори, така да нема да ги поминувате нашите кошмари со Терзиоска. p.s i still get chills everytime i see her.
Се сложувам со тебе. Панче е најлошото школо за дружба. Има многу дволични, оговарање, сите се гледаат како конкуренција и да не ги заборавиме искомплексираните професори. И машала школото врие од наркоманчиња. Јас би рекла дека и Бинчева е одлична професорка ако сака да изгледа страшна и строга но мене ми беше омилена. Кој се запишал овде ќе искине живци од учење и неправди ама дипломата е непроценлива. Сестри имавме најстрога пракса мора уредна униформа, нокти не смееш после ќе те малтретираат цела година а на другите смерови им е полабаво. Кој го интересира нешто повеќе нека пише слободно. btw Терзиоска уште уништува млади животи не е во пензија