осмо сум сакам да одам на медицина аме незнам на која струка сум размислувала за фармација но не сум сигурна сакам да знам дали оваа струка е мн тешка
СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ Девојки ми треба ваша помош што побрзо. ,Сакам да се запишувам тука за смерот медицинска сестра стварно се носело само од осноновно сведителство од VIII-одд?!,Ве молам кажете ми,и на кратко дали е тешко,кои професори се по строги,кои бараат учење.Ви Благодарам
Јас сум 2 година мед сестра и за сведителствата не знам ств, инаку од проф. најлоша според мене е Терзиовска - анатомија и мнг треба да учиш кај неа но попушта на крај. Ја имав 5 али за таа 5 се откостив од учење. Ако физиологија ти се падне Видевска ќе имаш мнг среќа зашо е мнг добра, нас тестови ни даваше цело време и се препишува . Само кај неа на час треба мантил да носиш и да си мирна. Хигиена- Бинчева бара дисциплина и учење. Испрашува секој час и е строга мнг. За општите предмети не знам што да ти кажам зашто нема истите да ти се паднат..
Јас сум 2 година и сега треба да изберам предмети, се мислам меѓу хемија и биологија и биологија и хирургија.. дали има некој да ми даде некој совет што би ми било покорисно.. сакам да продолжам општа медицина за општ доктор... ?
Јас едвај чекам да го баталам основново, и да се запишам во медицина. Плус школото ми е преку улица така да не морам да се м'кнам со автобуси х) Инаку се двоумам помеѓу сестра и лаборант..
абе вие ко сте запнале или фармацефт или сестра , а каде ви е физиотерапефт абе ајде запишејте се таму има раат да си видите
Во прва се согласувам Терзиовска е така строга бара многу учење и обожава жената за у нејзино време да збори ако немаш научено..Физиологија ако ти е Мрмова лесно ќе си поминеш лекцијата и да е 2 страни ако знаеш најглавното да го извадиш во една реченица си се спасила така многу пати се имам спасено само една реќеница и имам кажано шо сум прочитала нешо на час и 5ка имав..А хигиена со неа повеќе муки имав бара дисциплина и учење секој час испрашува секоој ама на крај попушта,а само што Ефтимова по хемија со неа проблем малце пошо професорката не објаснува,а бара и кецови лупа ама тоа е многу пати се покаав за тоа шо се запишав во медицина го мразам школото сеуште ама коа ќе видиш па и не е толку лошо.
Малку каснам со коментаров,но се надевам за другите што ќе го имаат сличниот проблем дека ќе им помогнам. Доколку сте средно медицинско,а сакате да продолжете општа медицина тогаш ве советувам од интерните предмети што се полагаат на матура да изберете хемија или биологија од општо образовните и некој предмет од стручните (педијатрија,хирургија и сл) и по можност проектот за матура да ви биде од областа на медицината. Доколу сте гимназијата најдобро би било да се изберат биологија и хемија за полагање,а исто така проектната матура да е од областа на природните науки (биологија или хемија)
Сакам да се запишам медицина. Незнам дали во Кичево ќе има уште медицина, но сакам да одам во Битола. Ама ништо не сум информирана за средните медицински училишта во Битола, ако има некоја феминка од Битола или што сака да учи средно во Битола нека пиши
Сакам 3та година да се префрлам во Битола на медицина-физиотерапевт,може ли некој да ми каже како идат работите,ќе може ли да ме примат ,ќе треба ли да се преполага нешто? Како е школото,професори строги-добри..?Колку предмети има? Кажете ми нешто повеќе,фала!
Помош.. Во принцип сум многу неодлучлива личност па затоа решив да слушнам и ваше мислење.. Дали да се запишам општа гимназија па после факултет на новинарство .. или пак медицина за физиотерапевт ..не баш многу ми иде хемија, но од 5-8 сум одлична .. дали има многу хемија за физиотерапевт ?
Осмо сум и сакам да се запишам медицина-фармација. Дали е многу тешко, какви се професорите, друштвото?
Здраво. Следната година сум 8 одд. и уште од мала сакав да се запишам медицинско. Е сега сакам да прашам дали може да се запишам медицинско ако не сум скрос одлична. До лани (6 одд) бев со сите петки но оваа год. многу попуштив т.е нема да сум одлична туку мн. добра. Сакав да прашам дали можам да се запишам во некое од медицинските средни училишта во Охрид, Скопје или Битола? Дали освен оценките од основно треба да се полага тест за да се запишеш во училиштето?
Панче Караѓозов фармацевски смер Дечки долго време сум зантересирана за медицина конкретно фармација има ли некој кој се определил за овој смер и ако може да ми каже нешто повеќе за на пр. наставници тешки, лесни предмети и сл. Благосарам однапред
За физиотерапевт не ти бараат премногу хемија, само некое скромно, основно знаење... Повеќе бараат знаење во анатомија, иако зависи од професор А за ова дали да одиш гимназија или медицина, не знам.. ти одлучи си. Ако одиш новинарство, подобро би било да одиш гимназија.