Како бе не е во пензија? Што чекаат со бици? Искрено никој немам слушнато убав збор да каже за неа. Можда зашто прва година предаваше и сите бевме како мулиња, научени на наставничките у основно што глас ни немаа повишено, и прв пат се сретнавме со некој што е строг, можеби затоа ја памтиме како таква. Доста знаење има шо може да го пренесе, али е влезена у филмот дека ние сме сите ужасни. Иако школото има скелет и има како и што да покаже, ние бевме оставени да купуваме атлас од 500 денари или пак да опишуваме конкавни и конвексни делови на коски, а немавме претстава што е тоа. Тема од 10 страни се учеше за 10 саати, зашо немаше појма шо учиш. Уште многу би пишувала, али не се депресирајте у прва година. Нова средина, нови деца, нов материјал, нови професори. После прва година е многу полесно
Значи сите од медицинско ова го викате, на момент помислив другарка ми ја читам. Мислам дека истово важи за секое средно ако си помирен и дете што учи, без разлика Панче или не. Такви ни се генерациите...
Здраво на ситее..Оваа година сум 9то одделение (што значи дека завршувам) и веќе неколку години наназад размислувам да се запишам во Средно Медицинско (ДР ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ во Скопје).Не сум уште онака 100 проценти сигурен но најверојатно ќе се запишам на смер за Медицински Лаборанти.Паа ако може да ми каже некој кој веќе учел таму или е запознаен со работите таму 1.Дали е самиот материјал тежок што се изучува? 2.Дали се строги професорите? 3.На кои клиники и во кои години ќе се одвива праксата? 4.Нешто повеќе за децата и дружбата таму (знам дека секоја година се различни децата но од прилика од лично искуство). Благодарам Однапред
Gluposti.Samo negativni komentari se iznacitav za Pance.Aj ne Im davajte losa slika na decata sto doprva ke se soocat so sredno medicinsko.Terzioska Samo Saka da preku kritika da gi natera decata da bidat “podobri”.Ne se slozuvam deka toa e najdobar nacin, Ama tolku e losoto od nea.Inace e srce mi bese klasna I da, ke se izderese vakvi ste takvi ste na kraj Pak sve opravduvase I se borese Za nas.A spremna e mnoguu Kako I site postari profesorki Koi znaat da prenesat znaenje I da te potkovaat za ponataka Normalno Ako studiras med.Mnogu ubavi spomeni I prijateli za cel Zivot imam od toa skolo.
Da, gi plasite, oti tie deca imaat 15 godini ne im treba nekoj da im vadi pamet.A realno ne e voopsto tolku crno kolku sto e opisano, skroz naprotiv e spored mene barem..ama dobro sekoj so svojata percepcija.
Јас завршив годинава за медицински лаборант во школото 1. Материјалот за кого како , не е обемен по 15-20 страни има за учење и се постигнува. Има професори што повеќе бараат а има некои што со 15 минути учење ќе си добиеш 5ка. Индивидуално е но од перспектива на ученик кој ја сака струката , редовно следи настава не е воопшто тешко. 2. Како што кажав погоре се е индивидуално , професорите за некој се престроги за некој се океј. Лично од мое искуство професорите се океј , нема некој ептен строг како што си замислуваат сите но има такви што бараат солидно знаење за добра оценка. 3. Праксата на клиника за лаборанти се одвива на крајот од втора година како летна( феријална пракса) , потоа низ трета година еднаш неделно се оди на клиника (рандом ве распоредуваат професорите по група од 3-4 ученици) и во четврта по 2 пати во месецот односно неделите кога сте прва смена a кога сте втора смена часовите се држат во училиштето. 4. Децата се волгавно океј , нормално во секој клас има и алапачи , невоспитани и тешки оговарачи но тоа е сепак индивидуално. Од прва до четврта милион пријателства ќе се срушат ќе почнат други и така , кај нас деца што во прва беа бфф во четврта очи не си гледаат и не се дружат веќе. Во секој клас има по некој со кој можеш да се здружиш , нема шанса да не најдеш некој.
Многу благодарам на одговорот.Ако може да ми кажеш уште на кои клиники се оди на пракса.Пример во 3та година на кои клиники 4та во кои и така.
Рандом клиники се , околу 10тина ЈЗУ Институт за трансфузиологија ЈЗУ Универзитетска клиника за клиничка биохемија ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија ЈЗУ Универзитетска клиника за хирушки болести ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија и дијабетес ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести Институт за Патофизиологија и нуклеарна медицина Институт за медицинска и експериментална биохемија Овие се тие можеби има уште некоја плус ама не ми текнува и каде ќе те стави проф таму ќе бидеш цело полугодие па после друга клиника т.е вкупно 2 клиники годишно.
Уопште не пробуваме да ги уплашиме, само споделуваме наше искуство. Како ни беше нас кога имавме 14-15 години и прв пат се сретнавме со таков „метод“ на предавање. Сигурна сум дека ако ни предаваше во четврта другше ќе ја перцепиравме. Али со сигурност можам да кажам дека како дете од 14 години, нејзиниот метод на само зборување, уплашување, и во многу случаи „вреѓање“ и те како ме уплаши. Али новите генерации нема од што да се плашат, зашто сега има и друга професорка анатомија, и колку што видов трите стручни предмети што беа, сега се ставени само како еден(така да сите професорки што ги предаваа стручните можат да го предаваат тој предмет)
Okej e da si spodelite vase iskustvo, normalno Samo kazuvam deka treba da izberete soodvetni zborovi so ogled na toa deka se raboti za deca od 15 godini, moze nekoe detence koe bas saka da se zapise tamu ke gi vidi vasite mislenja I ke se predomisli..
Здраво! Многу би ми значело некој да ми даде совет на темава, запишав смер лаборантски техничар во прва година но уште на почетокот сфатив дека не ми одговара и дека сакам да се префрлам во сестри. Ја зафршив првата година бидејќ предметите се исти и пред месец дена предадов барање за да се префрлам во архива. Пред недела дена класната ми рече дека ме одбиле. Успехот ми е 4,40. Не знам што е проблемот.. Дали има некој друг начин ? Каде и кому да му се обратам ?? Благодарам однапред...
Дали некој учи или познава некој што учи во 2 година Панче, медицинска сестра. Најверојатно ќе се префрлувам и ми треба помош околу материјалите за да се адаптирам. Фала однапред.