Не сум “стара генерација”, пред две години завршив за медицинска сестра, а моментално и сестра ми е средно, учи од ист материјал како мене, знам како е. Не значи дека си глупава, далеку од тоа, веројатно не си пронашла соодветен начин на учење, секој учи различно. Имав соученици, еве и денес колеги на факултет, кои учат со цртање, со пишување и слично. Јас учам само со читање. И немој да учиш на памет, особено не предмети како патологија, гледај да разбереш, бидејќи се си е поврзано. Навистина не е толку тешко, кога ќе сфатиш на кој начин најдобро учиш.
@tea1221 Не ми е целта да те понижам или навредам но едно нешто ќе ти кажам. Бидејќи очигледно учиш во средно медицинско училиште, доколку планираш понатака да продолжиш евентуално на Медицинскиот факултет при УКИМ општа медицина засега дур не си го смениш размислувањето, само едно - немој. Нас на првото предавање ни предадоа 30 страни утредента 50 по Анатомија и се така дур бројката на страни не стигна 230 (на толку страни беше првиот колоквиум). Не сакам да звучам погрешно, ама едно што сум сфатила до сега - човек што сака да учи ќе научи. И лоши професори да има, секогаш имаш уште минимум 3 извори и литератури од кои можеш да црпиш знаење што се настрана предавање. Така што ако мислиш дека некогаш евентуално ќе биде полесно , нема. Твое е или да се навикнеш или воопшто да не се обидуваш, безразлика кој факултет ќе го учиш, или во кое средно ќе завршиш.
Искрено фала ви на одговорите . Од срце . Имате право, дури премногу. Во основа повеќе ме мотивиравте . Сфатив дека треба труд и дисциплина и нормално да притискам повеќе . Очигледно дека стварно треба да го пронајдам собствениот начин на совладување информација во поголем обем . Едноставно премногу сум благодарна дека ми одговоривте и го дадовте своето мислење и секако ме насочивте ! Фала ви !
Ништо душо, на сите ни треба поддршка тогаш кога се ни е ново. Искрено, јас еднаш се зафркнав со медицина, па после уште еднаш и мислам дека доста е за овој живот, валда ми дојде паметот.
Како бе 15 страни многу? Јас ден пред тест седнував и петки вадев. Медицинско е мора да се учи. Нас дури ни беше потешко со испрашувања секој час па се тресеш да не те стане, и тестови плус. Мислам дека сме имале и по 40 страни дури за учење. Која година си?
Биологија ние работевме по гимназиска книга. Ја има да се купи во една книжара најгоре во гтц. А хемија не знам, би требало да ви кажат
Девојки ве молам да ми разјасните во врска со државниот испит за сестри. Како ќе се одвива, дали се потребни навистина 6 месеци пракса пред да полагаш, дали можам паралелно и на факултет да одам итн. Колку повеќе инфо можете да ми дадете толку подобро. Фала однапред
Zdravo na site.Jas sum 9to oddelenie i sakam da se zapisam medicina vo Pance Karagjozov.Dali ke moze da mi kazete koi se polesni smerovi za ucenje.Vi blagodaram odnapred.
Јас ќе ти кажам дека е најдобар тој што сум го завршила Медицинска сестра. Ама кажи ми што највеќе те влече и ти изгледа интересно? имаш: Медицинска сестра, лаборант, фармација, физиотерапевт, и забен техничар.
@Dream-Girl има завршено фармација, може да ти каже. Убав смер, само знам дека имаат доста хемија. И чиста работа е.
Не е тешко, само треба повеќе да ти одат калкулации, повеќе логика. Да имаш основно предзнаење хемија и биологија. Не е тешко, лесно се наоѓа работа после. Добар избор е.
Зависи ако сакаш повеќе биологија медицинска сестра/медицински лаборант ти се одлични смерови Ако те влече повеќе хемија - фармација ти е супер Ако сакаш медицина но без крв/телесни течности - физиотерапевт А ако се гледаш понатаму како стоматолог или стоматолошки струки тогаш забен техничар. Се зависи од твоја перспектива како се гледаш понатаму. Генерално секаде се учи и секој смер си е добар така да зависи ти како се гледаш во иднина. Јас завршив за медицински лабораториски техничар лани , доста убав смер е и сега сум на факултет за истата струка...
Не е тешко. Чиста е праксата. Имаше хемија доста да, но се е поврзано и многу интересно е, се се надоврзува едно со друго.