Колку поени требаат за упис за физиотерапевт? Примаат ли доколку две години пример си одличен а две мн.добар?
Zdravo, da prasam imate li nekoi iskustva od ferijalna praksa vo gradska bolnica da spodelite kako e kako se odnesuvaat sestrite?
Здравоо луѓе... утре ќе се запишувам средно медицина во Скопје... па сакам уште еднаш убаво да се консултирам за смеровите... се мислам измеѓу сестра и лаборант. Скроз одличен сум...јас имам во план во иднина и да студирам медицина и да работам како сестра/лаборант па ме интересира што мислите вие... со што ќе може подоцна и да се работи и да се студира повеќе со сестра или со лаборант... колку часа им е работното време и на сестрите и на лаборантите... ќе ми биде добредојден секој одговор
Ако планираш да студираш медицина, верувај дека не може да постигнеш и да работиш и да студираш. Евентуално измеѓу јунско-јулска и септемвриска сесија. Но, константна работа тешко.
Здраво. Дали некој знае дали мене можат да ме примат на средно медицинско доколку просекот не ми е 5.00 но сепак просекот ми е над 4.5?
За во медицински сестри не, бидејќи мора 5.00 а и секогаш се најмногу Фармација, забен техничар,лаборант или физиотерапевт има шанси да, но сепак зависи од конкуренцијата
За другите смерови ако нема толку јака конкуренција, т.е заинтересирани, или ако останат слободни места, да. За медицинска сестра, не.
За средно медицинско посебно за сестри не, таму се сите 5.00, а за другиве смерови не знам можно е во лаборанти, забари или физиотерапевти зависи од конкуренција. За гимназија се бараат обично 60 поени можеш да пробаш таму ама не во Орце и Корчагин, таму обично се 5.00 и се пополнува во прв уписен рок.
Здраво. Сакам да прашам доколку се преместам од друго средно училиште во втора година дали се полагаат предмети од прва година на смерот Медицински техничар или не?
Дали знаеш како оди таа процедура? Дали сите стручни предмети се полагаат ако да Дали сите теми или одредена тема?
Сите стручни се полагаат. Не знам како иде точно процедурата, но си има одредени професори кај кои се полага, што си ги предаваат тие предмети и мислам има рок до крај на 1во полугодие или така нешто да се положат, во договор со нив се ќе ти биде. На цел материјал е, не може само една тема/одредени теми, како би земала иста диплома на крај инаку со тие што го учеле цел материјал, нема логика нели. А, и за тебе е добро да го научиш, во медицината се е поврзано едно со друго, особено прва година предмети со сите понатамошни што доаѓаат, ако не ја сфатиш основата, тешко ќе ти е. Со среќа.
Kaj mene vo medicinsko se polagaa site strucni i im kazaa da gi polagaat do krajot na prvo polugodie a nekoi se vleckaa pa ne im vikaa nisto zavisi.
Здраво...дали знае некој кој лектири (по Македонски) се обработуваат во 1ва година во медицинското во Скопје (јас сум на медицински сестри запишан), и по кој редослед ке се обработуваат лектирата? ... видов на форумов пишувано од пред неколку години за лектирите но не знам...дали е се уште по старо...