1. “Гилгамеш„ 2. „Илијада“ - Хомер 3. „Цар Едип“ - Софокле 4. „Пеколот“ (Дел од Божествената комедија) - Данте Алигиери 5. „Панонски легенди“ 6. „О Писменех“ - Црноризец Храбар 7. „Похвално слово за Св. Климент Охридски“ 8. „Хамлет“ - Шекспир 9. „Декамерон“ - Џовани Бокачо
Добар ден Сакав да прашам за уписоте за учемички домови пошто тррба елелтронски да се пополно пријава како оди тоа? Јас се се регистрирав упте да се аплицирам. Запишана сум вп Панче прва години и ми треба пптврда дека сим запишана исто така требаат и коппи од сведителства ама моите оригонал се во панче
Може некој да ми каже по нешто за професориве? Македонски-Павлина Митевска Англиски- Ивана Радиноска Математика- Стојанка Ристовска Историја- Даниел Лазарески Биологија- Виолета Јовевска Информатика - Емилија Физика- Нада Пецуровска Хемија- Сузана Тасевска Анатомија и физиологија- Билјана Ефремова Музичко- Лидија Пшенко Граѓанско- Никола Стојаноски Систем за здр. и соц. заштита- Сашо Унчевски Латинско- Ивица Ликовно- Катерина Спорт- Сузана Рајковчевска
Јас завршив лани и дел од овие ми предаваа Информатика Емилија - на почеток ќе ви личи многу строга и со свои правила но жената е кул и на крај става добри оценки, не се плашете од првите часови Физика Нада - исто како Емилија жената е кул многу попушта оценки имаше случаи од 2ки на 4ки на крај им спушташе. Знае некогаш да викне или да изгледа строга но во принцип е многу добра Хемија Сузана - Најдобрата проф. по хемија во целото школо , многу е добра и дава 300 шанси да поправаш за повисока оценка. Знаеше да се изнервира и да стави по некој кец некогаш ама во принцип тие што си учат нема да кажат лош збор за неа , една од ретките проф. кои даваат многу шанси да се докажеш. Анатомија и физиологија - мене ми беа 2 одделни предмети но сега ги споиле во еден , Ефремова предаваше Физиологија до пред некоја година. Жената е фина но некогаш знае да биде многу напорна , бара знаење и учење со разбирање. Строга е но секој си добива што заслужил , никој нема да биде оштетен или слично така да ако си учиш немаш проблем Музичко Лидија - малку се занесува мисли дека предава на некоја музичка академија но за оценки не прави проблем секако сите имаат 4/5 зависи. Граѓанско Никола - според старата програма имавме граѓанско во 4та година т.е лани и многу беше фин. Ставаше добри оценки ако се јавуваш да одговараш редовно и да си активен на часовите. Изгледа намуртен но е добар човек Латински Ивица - овој човек е многу фин но знае да става кецови ко од шала така да нема играчка со него. Не е лош но кога се работи за испрашување те вади на табла и сака да знаеш нешто а ако седиш и не напишеш ништо добиваш оценка 1 во дневник (нема тефтери и др работи кај него) , а инаку е океј човекот и знае на крај година да попушти по некоја оценка НО гледајте на почеток да извадите пролазна оценка никако 1 пошто знае да се влече таа после и тешко се поправа. Спорт Сузана - океј е жената , не се замара баш многу многу сите имаат 4 и 5 кај неа само се нервира кога не и доаѓаат на часови и им става минуси па тоа влијае на оценката некој може и 2ка да има ако не се појавува на ниеден час инаку сите имаат добри оценки , немате гајле. Другиве не ми предавале, се се некои нови така да не можам да ти кажам ништо.
Здраво. Дали може мислење за професорове во 3та година медицинско Боби Кирковски -хирургија Марина Јовановска-психологија
Здраво на сите! Нова сум и оваа година се запишав во средно медицинско во Скопје, смер физиотерапевтски техничар. Па да ве прашам да не знаете нешто за некои од овие професори, и да не знаете кои можат да бидат класни. Однапред благодарам !!! Македонски-Деница Козовска Михаиловска Англиски- Ивана Радиноска Математика- Емилија Бошковска-Живадиновиќ Историја- Лидија Лепчевска Биологија- Виолета Јовевска Физика- Нада Пецуровска Хемија- Сузана Тасевска Хемија- Снежана Ефтимовска Систем за здр. и соц. заштита- Сашо Унчевски Ликовно- Катерина Ристовски Сушелска
Дали Нада Пецуровска (физика) и Емилија ( информатика) се навистина волку строги како што се претставуваат или така е само првите часови. На што конкретно да обрнам повеќе внимание кај нив на час?
Гледај внимавај тоа што го кажуваат на час запипувај си го, затоа има работи што ги нема во учебник. Јавувај се усно да одговараш, писменото им е позезнато. Кај физика особено гледај активност на час да имаш и да се јавуваш доброволец да одговараш, тоа го цени ептен. На крај за оценки најмногу попуштаат, не се секирај.
Може некој грубо да ми објасни што е всушност работата на лабораторискиот техничар,освен вадење крв? Завршив за сестра,искрено многу се каам и ми е криво зошто сакав да работам во лабораторија не знам дали би можело само 4та да ја земам или нешто така ..
Не знам колку си информирана ама со лабораториски техничар реално у државава по 17.000 зимаат. А сестрата од 20.000 нагоре. И ти е каде каде по ценето. Ако сакаш лт тогаш запиши се на студии од три години иако ми е тоа безврска губење време за една плус година можеш факултет да имаш
Здраво дали некој може да ми ја прати анатомија за прва година средно во pdf форма? Никаде не можам да ја најдам. Благодарам однапред.
Дали може некој што ја има поминато 1ва година или пак има завршено во средното медицинско во Скопје да ми пишеш лп или да ми каже за да му пишам... важно ми е... благодарам Едит: на медицински сестри да има завршено
Дали е подобро да земам кај биологија или хемија проектна и кои професори се поангажирани во однос на проектната? Планирам да се запишам на пмф биологија или хемија
Даниела не ја знам јас, Соња ја знам, многу е добра и ангажирана професорка не би згрешил и кај неа ако одбереш
А колку оценките ти беа битни при упис, и дали можеш да најдеш работа со завршено средно за мед.сестра без добри оценки?