Медицинско бидејќи јас сум на мислење дека стручно школо е подобро од гимназија затоа што ти дава занает за работа ако не отидеш/кикснеш на факултет.
Деветто одделение сум, ги имам сите 5 до сега, а 99% и оваа година, сакам да се запишам медицина, смер за медицинска сестра, објаснете ми дали ке правам приемен, кои предмети, дали е тежок и од каде да учам? Јас учам во училиште во кое наставничката по Хемија е млада и неискусна иако имам 5 таа цело време ни помага на тестови, па ке треба по строго да се спремам
Зависи што те влече повеќе. Ако те интересира биологијата, хемијата, се што е наука за човекот медицина. Ако уште не си сигурна и повеќе ти се интересни општи предмети тогаш гимназија оди...
Гимназија никако...каков и да е приемниот и било што секојпат опција е стручно средно ( особено ако е сигурна дека не запишува факултет,ама чим е со сите 5тки најветојатно ќе оде факс)
Здраво, 9то сум и сакам да се запишам медицина. Ми треба совет во кој град е подобро да се запишам, освен Скопје.
Здраво, оваа година треба да се запишувам средно, па се мислам за средно медицинско. Се двоумам помеѓу смеровите сестри и физиотерапевти. Каде подобро би поминала со предмети, оценки па и дружба? Планирам да одам на факултет, па мислам дека смерот и нема нешто многу да ми смени. Сестри е секако побаран смер, но како што се распрашала мајка ми веќе не се вработуваат сестри само со средно. Колку е тоа точно не знам. Секој совет би ми значел
Се вработуваат сестри само со средно и плус лиценца. Во Македонија и со курсеви во Кочо Рацин се вработуваат, така да не се секирај. На кој факултет имаш желба? За мед.сестра мора со сите 5ки од основно и плус можно е да има приемен, во физиотерапевти одат и послаби ученици и полесен е тој смер во однос на предмети, материјали, дисциплина и сл. Дружба, зависи како ќе ти се погоди. Во сестри се повеќе девојчиња, во физиотерапевти повеќе машки или пола пола. И така, ако нешто ти треба слободно прашај
Здраво И јас сакам да се запишам средно медицинско за физиотерапефт. Дали може некој да ми каже повеќе за овој смер : какви се наставниците , дали е тешко , каде се оди на пракса ... такви нешта . Ве молам за одговор
Здраво на сите, Дали некој може ве молам да ми објасни како оди електронското пријавување за во средно училиште оваа година?
Здраво, Дали има некој што престојува во медицинар и ако може да ми пише како е таму, каков е мебелот, храната, воспитувачите, правилата какви се, учениците кои престојуваат таму какви се... Благодарам однапред
Може ли некој да ми каже искуство со смерот фармација . Каде одат на пракса , дали е тешко , какви се професорите и сл.
Зависи од школо до школо предметите се исти ама праксата сами ја реализираат според можности и ангажман за каде поточно прашуваш?