Здраво, дали може некој да ми каже за лаборантскиот смер во Скопје. Какви се наставниците, дали е тешко, кои се предметите, што конкретно се прави на феријална итн.
вака од зборење а и од мое време во тој смер е најлесно, зошто генерално послаби ученици се запишуваат(за разлика од сестри, фармација). за професори не ти е битно тоа се менува секоја година имаш по 10тина различни. Не може сите да се исто. Во основа хемија е предмет. Феријална пракса различно зависи каде ќе ја извршуваш. https://www.medpk.edu.mk/page/medical-laboratory-technician/ тука имаш нешто но многу кратко. Можеби можеш да појдеш до училиштето ако си позаинтересиранна да се распрашаш во врска со програми, предмети, пракси и сл
Дела за обработка за прва година стручно образование 1. Гилгамеш 2. Митот за златното јаболко 3. ,,Илијада" од Хомер 4. Библија (Стар и Нов завет) 5. Панонски легенди 6. ,,Похвала на нашиот блажен татко и учител Кирил Филозоф“ од Климент Охридски 7. ,,О писменех“ (За буквите) од Црноризец Храбар Лектира за прва година стручно образование: 1. Избор од македонската народна поезија 2. Избор од македонската современа поезија 3. ,,Ојдип Тиранин" (Цар Едип) од Софокле 4. ,,Александар Македонски" (средновековен роман) 5. ,,Галебот Џонатан Ливингстон" од Ричард Бах
Здраво прашање за оние од втора до четвртата година,јас се запишав фармација и ме интересира како е прва година дали е лесно да се прилагодиш на новата средина,како вие сте ја поминале прватагодина,кои наставниците можат да ми се паднат,на кои предмети би требала да обрнам повеќе внимание...
Здраво, на вратите од училиштето се залепени листови со инфо (од колку часот и класовите). Првиот ден се среќавате со класниот раководител позз
Здраво, дали некој има стара книга по анатомија можеби пред повеќе од 20 години? Или идеја каде би можела да се најде? Таа беше многу полесна за учење одошто оваа сега. Фала
Без смеење, мислам дека баба ми ги има од маж и покоен (дедо ми, доктор) сите книги анатомија стари 30 + години, ако ств требаат за учење, да идеш да ги земеш
Деко зошто не го одмина прашањево ако веќе планираш да се шалиш? Внука ми е прва година медицина па сакам да и помогнам...
На овој смер веќе слаби ученици не се запишуваат, односно ние лаборантите ги доминираме сестрите, а и сите други смерови.
Нема врска дали си работела или не, ако си работела сигурно си видела дека се запишуваме ученици со 75 бода па и повеќе тие шо имаат дипломи. Се деси лаборанти да имаат 3 кеца у клас, а сестрите и фармацевтите по 50-60. А и дефинитивно не е толку лесно како што опишуваш и испаѓа дека нас лаборантите некој не штеди. Секоја оцена сами си ја праиме. Втора работа цел ден мочки претураме и мислиш дека ни е прелесно? Да, важи хаха...
Здраво , неможам да се одлучам помеѓу забен техничар и лаборант. Може некои совети , помош во одлуката
Па глеј поинтересно е лаборант и професорите не се толку строги, а за забарите не знам многу скоро па и никој да не познавам од таму А лаборанти смерот е прееееедобар