1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средно училиште во Америка

Дискусија во 'Образование' започната од babyboy123, 9 септември 2013.

  1. babyboy123

    babyboy123 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    17
    Мојот брат има 13 години, и е 8 одд. последна генерација од осмолетките. Следната година ќе се запишува во средно, веќе 7 години тренира кошарка и тоа е тоа што сака да го прави во ткот на животот. Ние го поддржуваме и сакаме да го насочиме на тој пат, особено јас. Тој е подготвен и има голем жар на желба да замине од тука и да оди во Америка да учи Средно училиште за кошарка (или колеџ како што таму го викаат).
    Но кој колеџ? И како да аплицира? Знаете ли екои страни или апликации? Каде да се обратиме?
    Дали вреди да се инвестира во иднина на детето преку средно училиште? Колку тоа ќе влијае врз него и дали може да излзе како "УСПЕШНА ПРИКАЗНА"?
    Дали според вас една личност личност која што туку започнува да се гради себе си, со свои 14 години би била доволно свесна и подготвена да замине од сите и да се грижи сама за себе, за бурноста на своите чувства во тие чувствителни години и успешно да ги совлада сите препреки?
    Дали доколку вие би биле родител би му го овозможиле ова на своето дете? И зошто?
     
  2. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    мислам дека е рано, на другрка братучед отиде и почна со дроги и со глупости, а беше најдобар ученик и а крај го донесоа во македонија и тука учи , со тоа што му забранија се
     
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Познавам едно дете, на приближна возраст Американци го забележаа како спортист и му понудија стипендија мислам, или така нешто, ама родителите не дозволија зашто имало време пред него...
    што сметам дека е грешка, баш порано во животот треба да се искористи можноста за развиток во подобра средина. Такви шанси не растат на дрво цел живот.
     
    Последна измена: 30 декември 2023
    На daylight, BlackNight, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.