Каков прибор за боење користите при создавање на вашите уметнички дела? Преферирате темперни или водени боици, сув или мрсен пастел, фломастери или боици? Кои четки најмногу ви одговараат? Сликање на платно или пак на лист хартија? Во денешно време има многу голем асортиман на прибор за боење, па ајде уметници да видиме кои ги користите вие Spoiler Да не знае некој случајно која е разликата меѓу акрилни и темперни бои?
Пааа јас мислам дека акрилните се со повеќе вода,а темперните цврсти,со многу помалку вода,ама не ме држи за збор,пошо не сум сигурна
Јас најмногу користам маслени бои на платно и ги размешувам со темпертин, а кога цртам на хартија најубаво ми е со сув пастел или со акварел
Цртање Не знам дали го поставувам прашањево во вистинската тема,ама не најдов посоодветна. Каде има највеќе опрема за цртање од Фабер Кастел (Faber-Castell) во Скопје? Во која книжарница?
Долго време барам продавница за акрилни бои, неможам никаде да најдам...знае ли некој каде би можела да најдам??
Во последно време најмногу користам креди, но користам и мастило, темперни бои, водени бои, дрвеи, флопастери. Едвај чекам да купам Copic маркери... Ајде, можеби ако одам на некој натпревар и добијам стипендија за во средно...
Вашите цртежи Девојки може да ми кажете со кои моливи се црта а кои се за сенчење?? Се извинувам за оффтопик, не знаев каде на друго место да го поставам прашањето..
Вашите цртежи за цртање се HB моливите,а за сенчање се B 5,6,7 така мислам според тоа што ни го кажа професорката.
Цртање Дали знаете кај можам да најдам оние моливи што се специјално за цртање и под кое име да ги барам?
Извинете за одговориве што се еден по друг. https://www.youtube.com/watch?v=PMaru2MmpTM Дали знаете на видеово со што го прајт лицено како се викат она четчено, како се користит и каде можам да го најдам?
Сакам да најдам 9Б моливи. (најтемните) Може некој да ми каже каде во Скопје да ги најдам? А, подобро би било и во Центар да ми кажете каде да најдам продавница.
Тоа е обично мастилно пенкало, само што е црно. Можеш да го најдеш во Штедлер во Рамстор или било која книжара. Моливи за цртање се H (најтврди и најбледо цртаат), B, B2, B4, B5, B8 и В9 (овие моливи од Б групата се помеки и се користат за сенчање на темни делови или контури зошто темно цртаат). Јас сите овие моливи ги земав од Штедлер во Рамстор (Центар, кај банката.. Тутунска банка мислам дека беше) А, има и графити, тоа не се моливи туку се графити. Личат на моливи, но не се од дрво. Инаку, кога цртате и сенчате, можете да земете мека гума за бришење. (kneaded eraser) Јас мојата ја земав од Офис +, од горе спомнатиот Рамстор. Навистина многу ми помага во испакнувањето на делови од цртежот. И на ја користете цела од еднаш зошто може да се расипе и да не брише. Кинете помали делчиња, така и јас правам. Кошта 45 денари што и не е толку скапо. (ја земав во пластична кутија и од фабер кастел е)
Пошто и јас и брат ми цртаме и сликаме, но посветени сме на различни техники ќе ви кажам и за едното и за другото.Јас цртам со маслени на платно, маслените бои ги добив на подарок доста се убави, за да цртате со маслени бои освен нив ви треба платно, ленено масло и терпентин и секако соодветни четки за цртање.Во Скопјанка-Аеродром има продавница за средства за сликање , цртање и што уште не, работите се доста скапи ама се исплатуваат. Е сега вие што цртате со молив, брат мии си купи моливи Ван Гог, ги има сите H и сите Б моливи и + моливи во боја( не се боици туку нешто измеѓу креда и пастел)Преубави се, ама и цената им е доста солена 2300 комплет.Ако ми дозволи брат ми ќе постирам што има нацртано со нив. Ама вакви моливи или убави средства за сликање се исплаќа да земеш ако сериозно сакаш да се посветиш на цртање и ако имаш барем малку талент.Јас планирам да се усовршувам со тек на време и да продавам, исто и тој.Така да се исплати.
Четчето т.е четката се вика Fan brush и ја има во повеќе големини, како и за акрил / водени или масло , јас ги користам на Ван Гог ( тие се за масло) и се околу 900-1200 зависи од величината,а на Талент за акрил , имаш и др брендови за околу 300-600 ден, но ако си почетник можеш и во џамбо да најдеш за околу 100 денари , единечна или во сет ја има за околу 250 ден . Јас ја користам за сликање на листна маса ( дрва посебно зимзелени, палми, трева) водни површини и водопади Моливи за цртање и сенчење плус бел и кафеав ефтини имаше во Џамбо сет во метална кутија на цена не се сеќавам , за почетници и хобисти се со солиден квалитет.