Корисниците на средства за туѓа помош од јануари наваму имаат практично нерешлива состојба. Се чувствуваат како да им е поставена стапица. Имено, во решението стои период после кој се обновува одлуката. Барањето за продолжување на правото треба да биде покренато за да се реши до одреден датум. На пример, во март треба да биде започната постапката за да биде завршена на 30 април. Корисникот сите потребни документи ги обезбедил до 25 март и од 25.03.чека термин, а термини нема. Или, се слуша дека има ретко и само за ретки, строго определени пациенти. Така речиси сите корисници (обични смртници) треба да ги изгубат овие средства бидејќи нема термини, а се обезбедиле на време и пред време. Не може корисниците да бидат казнети бидејќи не им се обезбедени термини, иако и документи набавиле на време и буквално молат за термин многу пред истекот на рокот. Ова е како на студент да му се каже: "Ако до јуни не го положиш испитов, губиш право на студирање, а првата сесија ќе биде во октомври". Не само што не е логично ова со терминиве, туку е и крајно нечовечно и безобразно.