1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средства за чистење кујни (шпорети), стакла, мебел и подови

Дискусија во 'Дом' започната од tallyweijl, 5 јуни 2011.

  1. tallyweijl

    tallyweijl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    35
    Кои средства ги користите за чистење по дома,за кујна,купатило,стакло итн. кои ги препорачувате,кои не ги препорачувате,дали ви мирисаат добро или не итн. еве јас на пример го користам пронто [​IMG] првиот на сликата и мириса пре преубаво но кога чистам стакла само ги размачкува и ги прави матни поради тоа што е пенест исто и кога чистам дрвени површини а пишува дека е сенаменски :^) дали јас правам нешто погрешно при чистењето со пронто или пронто не е добар за тие површини :?:

    пред некој ден го купив течниот пронто со прскалка [​IMG]
    за овој можам да кажам само пофални зборови чисти секакви површини,антистатичен само не мириса убаво ама ич

    за традиционалната политура :D [​IMG] ќе кажам само дека не можам да го поднесам нејзиниот мирис,може убаво чисти ама ја не ја можам, мајка ми ја користи и морав да искоментирам.

    друго за вц користам циф и за школката доместос,за кујна исто така циф. со што чистите вие?
     
  2. bubica13

    bubica13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    17
    Средства за чистење

    Значи целосно би се сложила за Пронто сенаменскиот , за стакло не го бидува , а најискрено ниту пак за дрвото , го купив пред месец дена , го користев неколку пати и не ми се допадна , мислев истото дали не знам да го употребувам , меѓутоа не е до нас до производот е... Инаку Пронто classic ми се допаѓа за дрвото за полирање , а и убаво мириса... Истата политура што ја користи мајка ти ја користам и јас со години и многу сум задоволна од неа , купив Пронто малку да сменам зошто многу сакам промени..Инаку за купатило со доместос првин сите елементи ги полевам оставам пола саат или саат....при што јако мириса па отварам сите прозорци и врати или излегувам надвор , па се плакнам и со цив и со вим и едно сунѓерче се тријам и на крај плакнам со чиста вода , ако е позапуштено па и речиси секогаш чистам со топла вода .Исто така многу ги сакам производите на Спин , посебно сретството за чистење подови и сјајот за садови...Многу сакам се да ми е чисто и средено , па средувам секогаш кога имам слободно време..и за виледа производите посебно крпите и сунѓерчето , садовите со радост ги мијам...Секое добро...
     
    На tallyweijl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    Средства за чистење

    ги користам и ок ми се :$ :$ :$
     
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Средства за чистење

    Еве едно средство за чистење, можеби не е соодветна темава ама кој ќе прочита ќе му заврши работа ;) Пастата за заби е корисна за вадење на флеки од облеката и теписите, особено флеки од пенкало, односно мастило или од кармин.

    На облеката нанесете ја директно на флеката и силно протријте додека флеката не исчезне, а потоа исперете ја. Кај обоените ткаенини најсигурно е прво да пробате на дел кој нема да се гледа однадвор, бидејќи може да избледне бојата. Доколку флеката е на тепихот, нанесете паста и протријте со груба четка и веднаш исперете го местото.

    Пастата за заби чисти сè

    Пастата за заби може и да Ви заштеди пари за варосување. Ако децата со пастелни бои шарале по ѕидовите, нанесете малку паста на влажна крпа и со нежно триење избришете ги нивните „уметнички дела“.

    На железните површини може да се јави малку р’ѓа. Силициумот од пастата нежно ќе го исчисти. Пастата можете да ја нанесете и на хромираните делови во кујната и купатилото. Истријте и потоа исполирајте со мека крпа и тие ќе светнат.

    Доколку имате изгребени ЦД-а или ДВД дискови можете да се обидете да ги спасите така што нежно ќе ги протриете со паста за заби и ќе ги измиете. Ова не успева секогаш, но вреди да се проба.

    Гњурците честопати се служат со пастата за заби за да не им се замаглуваат маските и наочарите - доволно е малку да го протриете стаклото, а потоа добро да го измиете. Ов може да ги замени прилично скапите гелови за одмаглување, но внимавајте да не триете пресилно за да не ги изгребете стаклата и леќите. На истиот начин можете да го спречите и замаглувањето на заштитните наочари.

    Честото свиреше на клавирот може даостави траги на белите типки. Ислистете ги со четка и паста за заби, а потоа избришете ги со влажна крпа.
    Рацете убави како никогаш да не сте работеле

    Ќе се ослободите од мирисот на лук ако рацете ги протриете со паста за заби и потоа измиете. Малку паста на четката ќе ја тргне нечистотијата под ноктите, но и ќе ја исполира нивната површина и тие ќе бидат посјајни.
    Чисти сребро, уништува бисери

    Проѕирната паста за заби може да го замени гелот за коса бидејќи ги содржи истите состојки, а косата ќе ја држи поцврсто од било кој гел. Белата паста помага против акни и мозолчиња. Нанесете малку пред спиење и наутро ќе бидете среќни со резултатот.
    Чевли без гребаници

    Ставете малку паста на изгребаниот дел на кожните чевли и протријте со мека крпа, па потоа избришете со влажна. Триењето со паста за заби ќе ги исчисти и патиките и белите ѓонови.
     
    На Hortenzija, marchi-cool, Cinderella12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Средства за чистење

    Не дека сум некоја голема домаќинка, ама знам да помогнам во бришење прашина, стакло и околку чистењето во кујната.
    Од тие сите производи со кои што сум дошла во контакт, а богами и реакциите на мајка ми, можам да ги издвојам следниве:
    1. Циф со мирис на лимон. Го нема сменето воопшто. Навистина дејствува, средствово.
    [​IMG]

    2.Спин за стакло и Спин за садови. Навистина се ефикасни и убаво мирисаат.
    [​IMG]
    [​IMG]

    3.Domestos
    [​IMG]

    Според моето скромно искуство, можам да ги издвојам овие производи :D
     
    На Mika2903 и tallyweijl им се допаѓа ова.
  6. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Средства за чистење

    за чистење голем плус за арф абразивно сретство за чистење со микрогранули плаво бела амбалажа,ги острани и обели и најцрните врати што ги чистев.е сега сакам да прашам кое друго сретство да го земам за дезинфицирање и чистење на wc шољата освен доместосот,ги имам испробано сите врсти ама онака мислам дека е малку слаб и не е нешто кој знае колку ефикасен,кој има уботребувано авакс за тоалет или бреф?и какви се оние кесички за санитарии кои се истураат во канализација или шољата и кои ги чистеле одводните цевки од запушување и миризба,знае некој за какви кесички зборувам?и ве молам некоја препорака за сретсво за бришење стакло кое брише убаво а не замачкува само.
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Средства за чистење

    Domestos, Cif , Ajax тие :D
     
  8. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Средства за чистење

    Со оглед на тоа дека јас сум дома задолжена за чистење и средување на купатилото - имам испробано милион средства. Јас сум таа што пазарува буквално се - од омекнувач и прашок, детергенти, средства за чистење, до сапунчиња за во веце шолја.
    Имав многу мака со чистење на санитариите бидејќи се плави и на нив се познава секоја капка. Прво ги чистев со универзално средство (секој ден!), ама потоа пробав со Avaks
    [​IMG]
    Многу ми е полесно бидејќи е со прскалка, па прво ќе напрскам и ќе оставам 5 мин. Потоа ќе исплавам и санитариите се гланц! И што е најважно - ги чистам еднаш неделно. Само што, морам да имам ставено маска на лице кога чистам со ова средство бидејќи изгледа внатре има некоја киселина која ми мава во грло и не можам да дишам!
    Веце шолјата ја чистам со солна киселина (прво ја вадам водата од неа, па потоа ја полнам со киселина и ја оставам 2 саати). И потоа целата сјае :)
    За мијалникот во кујна го користам универзалното средство за чистење Gloss.
    Исто и за теписи
    [​IMG]
    И за стакло, со прскалката
    [​IMG]
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. filli

    filli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    4
    Средства за чистење

    Сакам да ве прашам нешто дали има некој користено Ариел color во прашок како делува дали чисти а остава ли бели точки {траги}кажете ми ве молам сакам да си купам прашкаст прашок за шарени...
     

    Прикачени фајлови:

    • 000586.jpg
      000586.jpg
      Големина на фајлот:
      28,4 KB
      Прегледи:
      1.670
  10. filli

    filli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    4
    Средства за чистење

    Ке ми кажете ли дали имате користено ?
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.003
    Пол:
    Женски
    Средства за чистење


    Не остава бели траги, добар е, иако јас преферирам течни детергенти за обоени алишта. Мајка ми го користи Ариел и за бели и за обоени алишта и е многу, многу задоволна.
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Средства за чистење

    Имам све и свашта пробувано од радозналост и денес се сведе на ова-
    -за перење - бели алишта Ариел, обоени течен Персил колор
    -купатило - Доместос, Циф и тук и тамо на одводот во када сипувам Мистер мускуло поради влакната од коса да не ми направат некоја беља и за каменац Арис
    -миење садови - сјај за садови Мер најубава пена ми прави
    -паркет - Ајакс, или оној Вингс со пингвин на слика
    -стакло - земам еден концентрат бугарски и во една прскалка растворам едно капаче, незнам како се вика
    -кожа и кожна галантерија - од линија на Пронто со база на пчелин восок и мед, убав мирис има добро чисти а по некогаш кога немам ништо добро ми заврши работа и млеко за тело бекутан или било кое кое го имам по дома само да е помрсничко
    И за се и сешто и така набрзина да не си ја заборавам магичната крпа на Ројал, фантастична ми е
     
    На Јоана, joy1, tallyweijl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. filli

    filli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    4
    Средства за чистење

    Оној ариел класичниот со планината и ариел со ленор тие избледуваат не сум ставала од тие на шарени само на бели алишта а овој не сум го употребувал
     
  14. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.353
    Средства за чистење

    Јас го користев ариел за шарени алишта и беше ок, не оставаше бело на алиштата. Сега го користам ариел во коцкички што е и сум многу задоволна :)
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Средства за чистење

    WC школка чистам со WCnet, само не со оној што белее, зошто еднаш ќе умрев. Не можам да трпам секакви мириси, па овој ми е најприфатлив. На пример Доместос никако не можам да го поднесам, ме гуши.
    Остатокот од тоалетот го чистам со AJAX против бигор, од тој зелениот. Пулирапид знам дека многу добро чисти, ама јас не можам да го поднесам мирисот.
    Мистер мускуло е неизбежен детал во мојот тоалет - така е кога мојата коса е секаде освен на мојата глава.
    Жената што чисти ми бара и солна кислина. Веројатно во wc школка ја става, не знам.

    За стакло користам што ми дојде при рака. Сега мислам дека имам глос или такво нешто - се трудам да користам македонски производи - барем тие што се ок.

    Плочките во кујна и ходник ги чистам со некое универзално средство со мирис на лаванда, ми се чини и тоа AJAX беше. Овие до душа ги менувам со различни цветни мириси.

    Подовите ги чистам со емсал или пронто за паркет, не од тие погустите за полирање, туку од тие најтечните што се раствораат во вода. Не можам да полирам зошто на мојот сопруг му пречел мирисот.

    Садови миев со глос, ама жената што ги чува децата ми се пожали дека и пречело нешто, па сега купувам каков стигнам, само да е со балзам. Ми се чини мер дека имам моментално.

    Многу сакам да ги сменам прашоците за машината за садови. Ми сметаат калгонит што се грчки, финиш исто така, а други ретко наоѓам. Не ми текнува во Кам да отидам, таму има некои германски. Инаку имав земено и македонски, ама средтсвото за плакнење правеше многу пена, и ми излегуваше од машината :)

    Преам алишта со персил, а од омекнувачи долго време го користев црниот ленор, ама откако почнав по диети си купив еден со мирис на чоколада и ванила, само не се сеќавам дали беше орнел или силан. Имам потреба куќата на чоколада да ми мириса, па ова е некое компромисно решение :D
     
    На tallyweijl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    251.458
    Пол:
    Женски
    Средства за чистење

    Да одиш до КАМ :!: многу се поефтини таблетите за машина за садови а се сосема ок јас не гледам некоја разлика од калгонит ;)
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. filli

    filli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    4
    Средства за чистење

    Сакам да те питам нешто дали алиштата избледеваат од ариел колор или е подобро да си го користам нила црната ))))
     
  18. myst

    myst Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    36
    Средства за чистење

    За купатило користам или Доместос или ВЦ Нет, било кој мирис, битно ми е да дезинфицирам убаво.
    За када, плочки, мијалници Арф или Циф, најубаво ми чистат.
    За џогирање подови Ајакс или едно ново сега имам Спин се вика, ама мириса одвратно, едвај чекам да се потроши. За стакло едно евтино средтво Авакс со пумпица е, па кога ке ми се потроши тоа, си го полнам шишето со обична вода, и еве веќе неколку месеци немам купено ново.
    Сјај имам еден од 50 ден. литарски е се вика Скала, ич не го сакам не ми пушта пена убаво, ама маж ми таков ми купува. Јас лично го сакам Феја сјајот.
     
  19. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.353
    Средства за чистење

    Извини за доцниот одговор сега го видов. Алиштата барем до сега не избледеле. Јас сум задоволна дури не мора да ставаш омекшивач убаво мирисаат. Нила не сум користела и не знам да ти кажам.
     
  20. filli

    filli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    4
    Средства за чистење

    Ке го испробам ариел колор, а каков детергент употребувас за шарени кој ке ми го препорачаш сакам да чисти фала :) :) :) :) :)