1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средства за чистење кујни (шпорети), стакла, мебел и подови

Дискусија во 'Дом' започната од tallyweijl, 5 јуни 2011.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    Средства за чистење

    Кога како,ако имам можност си дозволувам и Ариел иако навистина поретко,зборувам за бели алишта и мислам дека е незаменлив,за црни експериментирам,задоволна сум и од гелот на Мерикс бадемово млеко...
    За купатило Циф или Арф...Доместос иако знам да купам и Глос на пример...
    Стакло..било кое...
    За садови Феја или Мил..
    За плочки Ајакс...
    Имам кујна направена од медијапан и да ви кажам тоа е мојата најголема грешка..тешка е за одржување без Пронто спреј не може да се исчисти.. :(
     
    На Малечка Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Чистење на стаклокерамични плочи.

    Имаме шпорет со стаклокерамична површина ја чистиме со специјално средство за такви површини, арно ама остануваат дамки од загорено, како вие се справувате со овој проблем и кое средство е најдобро за чистење?

    Исто ме интересира дали одма откако ќе завршите со готвење го чистите или трба да се почека, особено кога ќе прегори јадењето? Во упатството пишува може после 5 минути ама многу е жешко бе. :worried:
     
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Чистење на стаклокерамични плочи.

    Имаме и ние посебно средство, (околу 200ден. мало кутивче), ама искрено не се покажа нешто посебно. Едноставно - не чисти. :^)
    А, и не знам колку се добри, да не се преагресивни за плочата.... :?:

    Најдобро е што побрзо да се исчисти, во спротивно откако ќе засуши ќе си се мачиш со рибање. ;)

    Пс. Има и второ средство (италијанско е, не знам дали го има низ сите маркети), како спреј е, се прска, не е агресивно, не мириса лошо, и беспрекорно чисти!!! Досега невидено нешто. Штета што не паметам како се викаше и не го имам најдено низ маркетиве... :worried:
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Јас плочата на шпоретот ја чистам со [​IMG] Има како абразив сино и проѕирно, синото подобро чисти. Спас за плочата е само тоа ножето што ти го даваат кога ја купуваш плочата, тоа како т- буква, како мало шпакле, знаеш на кое мислам :) , само тоа вади загорено. После чистење капни малку оцет на плочата и избриши ја, ќе свети како нова, ама пази на лајсната, лесно се оштетува.
     
  5. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    Каде го има ова чудо да се купи? инаку шпакла не ни дадоа со шпоретот знам на каква мислиш, да не знаеш каде би можело да се купи?
     
  6. Love.love

    Love.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    1
    Со какво сретство ја чистите вашата рерна кога е многу мрсна ???
     
  7. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Какви домаќинки сте вие кога со шпакла шпорет чистите...... значи се што готвите и загорувате...цццццццц
     
    На Love.love и soco им се допаѓа ова.
  8. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    Порано купував од сретството Vitro Clen, што погоре Ирена го има спомнато.
    Во меѓувреме една другарка ми спомна дека плотната ја чисти со Арф од портокал. Го купив Арфот, ставам на плотната и размачкувам со сунѓерче и оставам некои 5 минути. Потоа со грубата страна на сунѓерот нежно тријам, ама и појако да се затрие не е страшно, нема да ја оштети плотната. После со влажна крпа и на крај со сува. Свети ли свети, можеш и да се нашминкаш на неа.
    Она средството го немам користено 5-6 месеци, џабе му пари кога Арф истата функција ја врши
    [​IMG]
     
  9. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    Прскам од Арис за мрснотии.
    [​IMG]
    Од кога се исчисти убаво, со обично средство за чистење стакло.
     
  10. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    4.989
    И јас истото го користам за чистење шпорет, а остатокот со Арф, Сјај секогаш различен кој ќе ми се фати во супер маркет, а Ајакс за паркет. Мирисот на политура ми е многу јак, затоа само за "генералка" го употребувам а за да не остава флеки, го растворам со вода (финта што ја начуив од една пријателка многу одамна). Доместос за шоља, а остатокот од купатило, повторно Арф. :)
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340

    Само Циф му е мајката и ова [​IMG]
    Го чистам веднаш, најфатам прво од Мр Мусколо оставам 5-10 мин и само пребришувам, ако уште гледам по некоја дамка тогаш тријам со Циф.
    Лоши се овие плотни за претечување на ручек :D , ако не ги измиеш веднаш потоа ништо живо не ги мие (едни пријатели така си ја уништија плотната, си остана со дамки)
     
  12. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    јас да си прашам за овие шпорињата алфа на дрва што се како ги чистите со какво средство. мн се тешки да не ставиш нешто на нив право дамка и после триј ама мн тешко.. дај кој има таков шпорет нека препорача нешто
     
  13. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    а во ве це поли рапид а чистење шпорети циф и мистер масл а за другото незнам што користи мајка ми
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340

    Јас имам камин Пламен хрватски(слични се со Алфа).
    Мислиш на плочата одозгора што се готви или на оној др. дел (ако камин па одозгора - не се готви). И за тоа има специјални средства за премачкување. За плочата одозгора има едни како креми се црни со кои се премачкува плочата (додека е ладна) и потоа треба да прегори па да се готви, а ако е како камин има специјални спрејови за тој дел - гусан е и така ќе бараш.
    Има по овие големи маркети.
     
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    18.262
    Прво да се извинам,малце гадно ми е прашањево,ама морам да прашам.
    Имам испрксано на ѕидот повраќаници....со оглед на тоа што ми е виолетов,додека трлав со крпа натопена со вода,бојата избелува,а дамките стојат....
    Дали знае некој како би можела да ги отстранам? |(
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340

    Исто како да си растурила зејтин на зид. Колку и да трлаш можеш само поликолорот да го симнеш од зид и ништо не си направила, пак ќе ти стојат дамки.
    Решение ти е кречење. Сега прават и по 100 гр боја за зид па ако ја паметиш од палетата земи си и прекречи.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.952
    Пол:
    Женски
    Само Перметал за рерни му е спас. Го има во сите големи маркети, ама кога го користиш маска и ракавици се задолжителни.
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    за алфа шпорети еден обичен совет...значи прво ја премачкувате плотната со обичен зејтин,не многу се разбира доволни се неколку капки,протривате добро,го потпалувате огнот,и дури е уште млака плотната триете со обична алуминиумска фолија,како се разгорува огнот така поубаво се чисти...
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ние со спреј го испрскавме цел камин. Првично беше супер. Но како минуваа деновите, така и црното побелуваше. Пишува на спрејот дека издржува температури до 600 Целзиуса, а зошто побеле не знам. Исто се случи и кај мајка ми на каминот (на гусениот дел).
     
  20. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    и јас имам блонд слушнато дека тие спрејови го побелуваат каминот, односно се познаваа како со бела креда да се шарало по него. Јас имам камен од пазар купен ( не знам колку пари е ,маж ми го купи ) па пред да го запалам огнот ја поминувам цела печка, па откако ќе се разгори убаво па нека постои и 2-3 часа го собирам со четка и навистина се чисти. Малку каснам со одговорот :D