Предложете некое средство за чистење на садопер и шпорет ама да има пријатен мирис. Користам арис де грас и арф ама многу лошо ми мирисаат, ич нејќам таков мирис
Само со таблети за машина за садови вадам вакви флеки, си растворам во шише со прскалка, се чисти брзо па само плакнам.
Предложете ми некое средство за во кујна, поточно за вратичките што нема да ми остава шлаканици од кога ќе ја избришам и ќе се исуши. Кујната ми е темно сив медијапан и флеките од прсти ми се познаваат.
Само со влажна крпа, убава крпа што не остава влакненца, јас така ја чистам. Кажете со што бришете мат плочки, се ми се познава на нив, и со сретство и со вода само, пробав џабе.
Имам пробано така и да, не се познаваат шлаканици ама прстите не се бришат скрос, посебно па ако ова детево посвоено од свекрвата што ми е готвело па фатило сегде со мрсни раце
Veleda krpa za staklo ili od Dm 5 se vkupno krpi okolu 100 i nesto den. Vo Srbija vo dm ima posebno sredstvo za medijapan kujni, kaj nas uste ne e stignato.
Здраво, дали некој знае како да се отргне миризба од урина од куче на гарнитура? Пробано со средство за теписи, ариел прашок, средство за флеки, авакс и нема успех сеуште мириса...