Препорака за убав џогер што има можност да се менува мопата? Сум користела секакви, еве последно овој го земав и тоа скапо, ништо посебно не е, не сум задоволна.
Мене најубав ми е од Топ Шоп џогерот, маста му ја вадам, со години го користам супер е. Во меѓувреме земав и други ама од ниеден не бев задоволна.
Здраво залепив микрофибер крпа на плотна.. Дали знаете како можам да ја исчиста? сеуште е топла плотната
Со што ги одржувате плотните ? Конкретно зедов на Електролукс, се уште не сум ја користела ама да си се спремам на време. На тач е и не сакам со нешто агресивно.
Исто и јас, и почнав рачно да си го бришам паркетот Мачно е ама знам дека е саглам избришан. Ја користам крпата од џогерот, си полнам вода во кофа, средство и терам. Инаку во план ми е парочистач, џогериве не ми се допаѓаат
Јас имам средство од ДМ. Баш за плотни е. Ама почесто чистам со сјај. Да си земеш парочистач. Поубаво нема.
Безбојно средство за стакло и квалитетна микрофибер крпа, а најдобро се отстрануваат флеките со Chamois Towel, јас таква користам, не ми е купена тука, ако најдеш таква екстра е.
Јас го имам за дома, го користам веќе цела година и сум задоволна. Крпата може да ја вадиш, се пере, можеш да земеш дополнително повеќе крпи. Лесен е за употреба
И јас сум од овие презадоволна. Ниту флека, ниту мрчкаат, супер се. Само можеле за таа цена малку повеќе влажни да стават, јас се заборавам вадејќи
За мијалник, када, плотна, рерна, универзално за се' го бива. Плочки ишкртани со пенкало, со друго не излегуваше а ова со еден потег го реши. Природно е, плус.
Ооо фала ти. Од каде се наоѓа? Инаку, еве мијалникот пробувам со арф белиот крем, и не го чисти убаво. Не го дава тој сјај што го имаше. Од кафе какао итн се потемна и не се трга тој слој. Ај ќе го пробам ова средство баш. Тенкјуу.