Малку цив на сунгерче, триеш, со мокра крпа бришеш, и после со сува убаво бришеш да упие се. Мускули направив од ова ама се чисти ептен убаво. За брзинско чистење пред гости спас ми е Swiffer џогерот. Кујна врати плочки поминувам се за 10тина минути, ем убаво мириса и долго трае мирисот. Е ова не трга маснотии ама отпечатоци од прсти и вода ги чисти.
Тоа доле го имам исчистено откако ја вадам цела вода со сунѓерче, со сода, полирапид и доместос ми се извадил бигорот. До сега не фатило повторно.
Со што чистите када и плочки во wc? Планирам генералка на wc да правам ама баш генералка со рибање со се
Во дм има едни капсули (како оние за машина за садови изгледаат), се става внатре капсула и да отстои саат два, и после со четката ќе истрзаш.
Ќе ја уклучиш пеглата и со апче парацетамол ќе триеш. Како ќе се топи апчето од топлината на пеглата така ќе го вади залепеново.
Ххахааххах ме изнасмеа Јас и најдов финта, купувам вакви крпи од ДМ и само чиста крпа, мокра, исцедена и толку, ако ставам средство цела е умачкана, мазници, бетер