Ќе биде. Јас имам прскалка, прскам. Ако немаш прскалка, натопи некоја крпа во варикина и избриши ги плочките и фугата. После помини со вода. Користи ракавици, од варикината може да ти испука кожата наредните денови.
Изненадена сум дека ова функционира. Мислев дека ќе биде исто, ама очигледно има нешто што прави разлика - веројатно анти-статик ефектот. Не знам дали и кај другиве средства за чистење го има истиот состав, ама како и да е, функционира. Обично после бришење прашина, чистите површини држат два дена и толку, после веќе пак се собира. Имам едно винтиџ лакирано парче мебел и по него се ориентирам колку прашина има. Најчесто уште следниот ден му се лепи прашина, а исчистено со ова, успеа да протурка 5 дена. Изненадена сум, ќе видам како ќе се покаже на долг рок. Мислам дека беше 119 денари во ДМ.