Имам прочитано дека ациди борици (течен) дејствува како антисептик и може на пример да се поминат плочките со него. Некој дали пробал?
Bi sakala da znam kako mozam da gi iscistam lockite od solna kiselina na mijalnikot vo kujnata? Probav so se ,no nisto ne pomaga.Majkami sakala da stavi vo otvorot za istekuvanje na vodata no ete i se isturilo i okolu .Blagodaram
Дали има некој земено чистач за плочки мислам е на батерии, излегуваше на фејзбук во реклами и дали функционира?
Сериозен проблем ми стана чистењето на кадата. Веќе со денови се обидувам со разни средства и сода/оцет комбинација. Буквално ништо не делува. Имам од оние по старите железни кади и се има направено жолтило плус извалкано од шминка поточно црн туш(eyeliner). Се истрошив стругајки по целата површина со разни сунгери, четки, жици. Никако не излегува. Предлог некое многу јако средство или било што?
Ако е металот затемнет, Ако најдеш цинк во прашина и “зеро-кола“ да ги измешаш, чисти, но после многу пати, со автоматска кружна за позабавно . Тоа е боја која се создава со оксидација и горење на металот, треба да се отстрани, стандардни средства само маснотии згуснати раствораат. Ако е од плочки, види подолу текст. Кадата е метал и на површина или боја-лак, или порцелан слој? Ако е метал, исто погоре што напишав. Ако е боја, треба да се струже комплетно. Ако е порцелан, може да се обнови со ладен-порцелан, види на youtube-cold-porcelain. Облога од епоксидна смола-epoxy resin е најдобра заштита. Олеснува - зависи која фирма марка, подолго или пократко ке ти трае. Исто како батериска штрафилица за мајстори со четка, но друг дизајн. Зависи од што се плочките, за дали ке исчисти, арисот одстранува ефикасно маснотии како од прегорена тава. Од плочки понекогаш течни сапуни подобро чистат, види исто така погоре што напишав. Бигор треба да откисне со средството (и вода и сода бикарбона за да стане активно) преку еден ден или повеке и го прави растворено брашно. (Ако е демонтирана чешма или друг метален или друго со бигор дел). Или да се завитка со крпа натопена со средството против бигор и сода и вода и да седи ден-два (ако има поголеми наслаги). Лимонтус избегнувајте на плочки и камен, прави дупки и станува рапав, го јаде каменот.
арф и доместос комбинацја да стои да покисни, после само со ракавици чисти, дека ствара некоја реакција, ама све вади, бел мијалник во кујна се фарма од овошје од цвекло од смудиња, само со ова се вади
Од кое средство за.чистење на када сте најзадоволни и од кое средство за чистење на вц шоља сте најзадоволни?
Када,вц школка и умивалник Врела вода врз нив,па ги минам со циф лимон, и повторно вода А за Вц школката ја вадам водата и и ставам доместос и со сунѓер секаде внатрешно фатам.
Фрош од малина за када, лавабо, и плочки. За тоалетна школка, од ДМ нивните што се по 50-60 денари, сосема ми се солидни.
Со што ви се чисти најубаво стаклото од туш кабината? Жената ми го брише со оцет, исто и прозорите , стварно светат ама ќе имам гости и ќе мириса ако фатам со оцет да бришам Имам дома авакс против мрснотии, полурапид, спин, циф , пронто, арф средство за стакло ама така не ги брише дамките од вода