Се согласувам, незаменлив е Подобар ефект има само тоа од Фармаси за бигор, значи се како ново ми беше, када, мијалници, вц школка, но оттогаш мијалникот во кујна ми е како оштетен и многу брзо прави бигор и флеки
Го земав средството но не ми ги исчисти плочките воопшто, ниту фугата. Пробав со се и сешто. Не се чисти. Реновирав и сега фугата што е грубо чистена и останала по плочките со ништо не излегува. Предложете некое супер моќно средство за чистење плочки од фуга и останати нечистотии?
Женски како сте задоволни од ова средство за мијалници? Сакав да го земам тоа со јаболче ама го немаше и изгледа го утнав, ова го земав. Следен пат да го земам тоа од јаболче, задоволни сте? Исто така, за вц шолјата го земав ова средство (втората слика), океј е ама пишува да не се користи за даската и за капакот..со што чистите даска и капак на вц шолја? Фалаа
Јас најмногу користам циф некогаш мешам и со сјај за садови секоја нечистотија ја отстранува. За шолјата полирапид и доместос. Почнав да користам и пинк стаф ама доместос ми е нај
Со што одзарнувате вц шоља? Се полни водата нагоре кога ќе пуштам вода, се се мислам дека децава нешто имаат фрлено, има начин ило да викам утре водоводџија?
Јас ставам ракавица и ја пикам раката внатре колку што можам повеќе. Имав таков проблем. Секогаш се наоѓаше по нешто. Полнам вода во кофа и кога ќе го пуштам казанчето одма и водата ја истурам. Ако не бива така, викни водоводџија.
Здраво. Дали можеби имал некој ваков проблем како мојот. Во вц то каде што е кадата кај што истекува водата од кадата во сифонот, доаѓа непријатна миризба на секоја промена на времето. Навистина е непријатно, таа миризба доаѓа и низ другите соби. Ставав сода бикарбона на сифонот и истурам солна киселина, го оставам така некое време и истурам кофа врела вода меѓутоа после некое време повторно ја имаме истата миризба. Имам пробано со секакви средства и не знам веќе што да правам. Дали можеби некој знае да ми каже некое искуство за проблемот што верувам дека е решлив. Ви благодарам
Кажете спас за туш кабина цела стакена, со што да ја чистам да нема капки и флеки постојано? Дали има нешто некој восок или сретство што се прска да не остава толку капки на самото стакло кога се бањаш? Не можам да ја гледам, секој ден ја рибам како будала, и пак е со точки и флеки, после секое туширање. Ми се смучи!