Има кај нас toilet wand? https://vm.tiktok.com/ZMM9rGp73/ Или силиконска четка за шоља? https://vm.tiktok.com/ZMM9rsvou/
Чисто за информација, силиконски четки има во Џамбо и во Базаро. Не се како тие погоре што ги постирав, изгледаат како регуларна, само "главата и влакненцата" се од силикон.
Не знам дали се исти или слични, купив јас една таква со силиконски влакна, ама воопшто не сум задоволна. Дебели и се влакната и воопшто не чистат, а тоа што чкрипи по школката додатно ме иритира Можеш да сликниш на каква мислиш?
Не сум дома. Инаку, еве ја од Базаро: https://www.instagram.com/p/C7y8xvzqpVg/?igsh=b3doanNvb3dlM3Fo Јас земав од Џамбо, ама мислам дека е истата. Мене ми се допаѓа како чисти, језда шољата ми е нова, па и немам многу за чистење.
Зошто ви се силиконски? Купете обична четка со рачка, ама потенка и помала, се пика и убаво се чисти со неа, силикон никогаш не ми чистел подобро од влакна. Пробајте така. Иначе, сте виделе негде кај нас да ја има пената на Доместос?
Демек силиконот е похиенски од пластиката, не остануваат ствари на него. А и некако логично ми е дека чисти подобро, зошто на пример оние spatula алатките за готвење што се, тргаат сè од садовите најдобро.
Од рекла-кажала да се проба се. Јас се вратив на пластичните со ептен тенки влакненца,префектно ми чистат.
Мене силиконот не ми чисти баш добро, затпа со влакненца мала четка и сегде ја пилам. Баш од рекла кажала се муабетиве, ич не ми се сфиѓа силиконот за чистење, лично мене. И јас со такви со влакненца чистам.
Јас сум таква, додека не пробам нешто некој што го фали, не можам да живеам. Може и грешна сум купила. Може таа постираната погоре и подобра, не знам, не би да купам пак. Може ко ќе дојде време за менување на четките
@SummerGirl да ми кажеш постапка како да исчистам со солна киселина. Никогаш немам чистено, а треба една убава генералка на тоалетот да направам. Имам бигор на плочките.Се оштетуваат ли? Или не чистиш плочки до неа?Малце ми е страв од киселинава ама барем сум сиурна дека се ќе исчистам. Ставаш ракавици? На провев да е?
Не се оштетуваат плочките. Кога дојдовме во станов, вц прво исчистив со солна киселина. Освен чешмата и тушот. Не истурив наеднаш на плочките, туку дел по дел. Оставив да отстои 10 минути и после триев со четка за рибање. За лавабото и за кадата триев со сунѓерче, ама со рапавиот дел. За шољата.... Најдобро е да се извади. Јас така ја чистев во Мк. Ќе ставиш солна секаде и ќе оставиш да отстои пола саат. И после ќе триеш со сунѓерче. На капакот никако солна. Ако не можеш да ја извадиш, со сунѓерче ќе ја собереш водата од шољата и ќе истуриш солна. Нека отстои некое време. А за вдлабнатините... Ќе ставиш солна на сунѓерче и ќе тапкаш на местото. И тоа да отстои. И после ќе триеш. Треба да се изветрее купатилото. Убаво исплакни се со вода. Откако ќе исчистам, чистам и со средство за тоалет. Колку да има мирис, оти солната е ужас. Ама од тоа ставам и одма тријам. Добро би било да користиш ракавици и маска. Немој да мешаш солна и друго средство.