Здраво, Ве молам за совет како да исчистам еднорачни чешми во купатило? Ми кочат на отварање-затварање, не знам дали е од бигор или пак време им е за менување?
Како да исчистам кафени плочкуво туш кабина, налик на ламинат, не се мазни? Со тек на време останаа бели траги, дали од средства или од бигор не знам, ама многу лошо изгледа. Пробав со сода, оцет, четка за рибање, други средства за бигор и ништо
И јас имам како ламинат плоча, но полирапид само повеќе ги уништи бидејќи избледоа (бојата) повеќе од тоа средство.
Дали некој знае со што можам да ја исчистам оваа флека од чешмата? Не знам од што е направена Пробував со Доместос, Саво, некое Degreaser што било за рерни... ништо не помага.