1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средства за чистење на тоалетот (кади, плочки, мијалници)

Дискусија во 'Дом' започната од mackice, 14 април 2011.

  1. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Средства за чистење на тоаелтот(кади, плочки, мијалници)

    Нела и јас имам од "Луксор" када и не се лажи да ја чистиш со киселини оти ќе го уништиш горниот заштитен слој. Можеш со Ајакс, Спид или некои од иста марка универзални средства кои не се толку силни. Плус инфо бојата од пластиката не можеш да ја извадиш. Најверојатно кога ја лиеле заборавиле да стават УВ заштита во пластиката.

    Ќе заборавев да пишам. На еден форум прочитав дека раствор од вода и варикина во сооднос 60-40 бил добар за чистење мувла од фугата на плочките. Ениуан????[/quote]

    Претпоставував и јас дека бојата е навлезена во пластиката внатрешно па и нема спас. Пробав со сода бикарбона ама нема резултат....здравје, битно си ја врши функцијата.

    Инаку Гвен, најфункционално нешто за мувла на фуги од сигурни извори е да напрскаш хидроген 3% и добро да го зачистиш а после да замиеш. Проверено! Хидрогенот е околу 30-40 ден 100тина мл, купи си во аптека.
     
  2. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Средства за чистење на тоаелтот(кади, плочки, мијалници)

    Ќе забегам малку од темава , ама ај нека кажи некој искуство дали има за отстранување на заштитни налепници од ПВЦ прозорци? Пола лепенка на прозорецот стои (навреме не ја одлепивме) и сега никако не излегува како срастена е за прозорецот :( , немам со некое појако средство пробано оти ми е страв да не го оштетам ....па ако има некој искуство нека пиши плиссссс :)
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.901
    Пол:
    Женски
    Средства за чистење на тоаелтот(кади, плочки, мијалници)

    Пробај со нитро разредувач нанесен на крпа, побарај во продавница за бои и лакови. (немам искуство, ама маж ми ми кажа, се разбира во тие работи :) )
     
  4. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Пробај со нитро разредувач нанесен на крпа, побарај во продавница за бои и лакови. (немам искуство, ама маж ми ми кажа, се разбира во тие работи :) )
    Благодарам, уште денес веројатно ќе си набавам нитро и ќе пробам, се надевам дека нема да се оштети пластиката , па ваљда нема толку гаље, и онака грдо изгледа недоизлупена заштитната лепенка ;)
     
  5. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.733
    Допаѓања:
    23.818
    Пол:
    Женски
    Ми се затна одводот во кадата од влакна од коса. :worried:
    Кое ефикасно средство да го купам, предлог ?
     
  6. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Ниедно средство нема да исчисти(ова е проверено). Оштрафи го сифонот или решетката и со жица свиткана малку на едниот крај извлечи ги влакната. Додуша е грдо :D , ама па сифонот има да тече ко луд.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.733
    Допаѓања:
    23.818
    Пол:
    Женски
    Уф, знам дека најдобро е така, ама тука нема никаков отворен дел одоздола на кадата. :worried:
    Ама ништо, ќе пробам со жица некако, се надевам успешно ќе биде.
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Cif жолтиот го користевме порано со цимеркава (преубаво чисти и мириса), ама последниве месеци зедовме Аrf и убав е, но ми фали мирис :/
     
  9. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Девојки со какво средство да ги исчистам цефките од парното во бањата? Подолго време не се исчистени и имаат темна боја, како зеленкаста, не знам дали е од водата, пареата и сл. потемнети се. Помош...
     
  10. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Пробај со Sanitar средството за бањи. Повеќе наменско е, а и досега од тоа средство сум најзадоволна.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    За во бањата ги користам овие две најчесто и задоволна сум.
    [​IMG]

    За стаклени површини и плочки го користам ова на Ајакс, само со оцет и грејпфрут, не можам да најдам слика, црвено е.
    [​IMG]

    А Доместосот е чист отров.
    Нека чисти убаво колку сака, мавнете го од употреба.
    Премногу е јак, тие што премногу долго го вдишуваат потоа доаѓаат на клиника со симптоми на труење.
    Информации од прва рака.
     
  12. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    За првиов, не знам.
    За Ајакс, се сложувам и јас дека е закон.
    А, богами се сложувам комплетно и со твоето мислење за Доместос!
    Летоска добив таква страшна иритација на слузокожата на носот и грлото,два дена не можев нормално ни да дишам,ни да голтам.
    Мој совет, или елиминирајте го од употреба или барем ставете маска на лицето додека чистите.
     
  13. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.358
    Јас чистам со Цилин банг и задоволна сум доста. За чешмите користам полирапид и за подните плочки
     

    Прикачени фајлови:

    • 31016011_H.jpg
      31016011_H.jpg
      Големина на фајлот:
      29,4 KB
      Прегледи:
      549
  14. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    Доместос,арф и пулирапид
    екстра се
     
  15. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Моментално дома имам Доместос, Глос, Duck Power.. вршат работа.
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене страшно многу ме нервира влага во бањата, и кога и да фати - го терам тато да се пентари и да кречи. Пред некој ден видов дека се појавила буѓа на плочките покрај кадата и косата ми се крена! Па ставив ракавици, маска на лице, отворив прозор, затворив врата, ставив прскалка на солната киселина и секаде исшприцав. Па кога почна да шушти, све тоа очисти. Мавнав туш и беше како ново.
    А инаку вообичаено за плочките, и за тие во купатило и за тие на терасите, користам Ајакс. Многу убаво ми мириса.
     
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Е јас од чистење со доместос, па после тоа од тој од екстра тинекс, го оштетив горниот заштитен слој на чешмата. Забележувам како линии, како кафеава боја. |( Мрш, нема шанси повеќе.
     
  18. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Мајка ми за во ВЦ шољата користи-ДОМЕСТОС
    -за почките Ајакс некој специјален за плочки бил,убаво мириса многу лилјаков е мириса на јоргован. :)
    -за кадата и мијалниците користи Арф мислам :D
     
  19. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Користи ли некоја Пронто за сите видови површини,она со распрскувач што е. Како сте задоволни? Како е со цената?
     
  20. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Пробајте со Арис , јас сум презадоволна го користам речиси за се. :lol: