И јас имам чуено дека убаво се чисти бањата со киселина и сода бикарбона,но немам пробано досега. А нели може тоа да се измеша во распрскувач (мислам киселината 9% и содата) па потоа да се употреби за чистење како средствата што се со распрскувачи? Инаку јас чистам со циф и глосс за вц-шољата,доместос исто така баталив многу јако е не се поднесува. Бањата сакам да ми е секогаш средена и чиста и убаво напиша погоре некоја феминка-кога ќе видам некаде несредена,неисчистена бања ми се гади и доволно ми зборува тоа за домакинката.
Морам и јас да го пофалам Навистина добро чисти, ја прскам решетката од скарата ја оставам да отстои едно 10 минути, ја плакнам со вода и нечистотијата сама паѓа.Идеално е за чистење на се,од шпорет до тоалет, и плочките во дворот. Инаку тоалетот освен со ова го чистам со доместос ( wc школката поточно ) со Снежето - избелувачот и Доместос Задоволна сум од нив.Инаку за Снежето можеби чудно ви падна, го мешам со сода бикарбона и плочките светат, ама бели се моите.Незнам на што ќе личи кога би биле во боја.
Јас да си кажам дека воопшто не сум задоволна од овој Пулирапид own: Ја пратив сестра ми во продавница да купи, ама бидејќи го немало овој кој вообичаено го користиме... ... го купила тој со амонијак. Супер, си реков, сигурно е појак од овој претходниов штом е со амонијак. Башка позади на упатството пишуваше да се раствара. Како прво - премногу јако мириса. Ме отру! Не можев да дишам, почнав многу да кашлам! Освен тоа, миризбата после многу тешко се отстранува. Разотворив прозорци, пуштив фрешери во секој штекер, ама мирисаше цела куќа! Едвај некако излуфтиравме. Второ, воопшто не чисти каменец како претходниот. Пробав да го ставам и растворен и нерастворен, не бре брате - не чисти! Претходниот дури имаше дејство како солна киселина - штом го ставиш, почнуваше да врие таму кај што има каменец и други флеки. За минута санитариите и чешмите светнуваа. Овој со амонијак за ништо не го бива...
плочките во купатило ни се сјајни,.... подните се кафени, ама колку и да ги чистам тие изгледаат како масни и флекави с ретство за чистење АЈАКС Љиљаковиот.....има ли некој ЧАРЕ
Ми треба средство за чистење на мијалникот во тоалетот. До сега користев Easy bathroom cleaner ама сакам да го заменам. Ми треба совет.
Па не се исти, сосема им е различна намената, првиот е дезинфициенс, а вториот средство за вадење бигор
Веце шољата ја чистам со Доместос,а другата санитарија и плочките со Арис.Сега прочитав за оцетот и содата и нареден пат баш ќе пробам...
најчесто купувам доместос и полирапид, ама баш ќе пробам и со нешто природно, само да за не ја дишам тоа хемикалијата додека чистам. Прочитав погоре за оцет и сода бикарбона.
Домаќинки, да ми препорачате некое добро средство за одзатнување мијалници? Го пробав Gloss на Алкалоид, ама некако не сум задоволна...
Aна, пробај да го најдеш Цевомил. Ние постојано го користиме откако се преселивме во стан, зашто нели, поризично е ако се затнат цевите, а верувај многу често се случува, без разлика дали е предизвикано од наше или невнимание на соседите. Средството одлично си ја врши работата за релативно кратко време. Мислам дека моите го набавуваат од Тинекс, ама цената не ја знам.
Има едно како гранули, во мала кесичка, леле ич не ми текнува на името. Го земав од Мај Маркет за 46 денари. Заврши работа.
Пробај Цевомил, 50 денари е некаде, многу ефтино, но јас сум го пробала и беше ефикассно. Исто така имам пробано и од тие Мр. Мускуло и тие се ефикасни, но поскапи. Пробај Цевомил
Само оцет и сода бикарбона - супер чисти, мирисот брзо се ветрее и не се вдишуваат опасни хемикалии... после си поминувам со парочистач и сè свети сите хемикалии ги фрлив, само ако има потреба користам средство за одводи. И јас препорачувам Цевомил инаку
Не ја заборавајте и смесата на хидроген пероксид со сода таа па ич нема мирис Ако сакате некако да ви мириса, на сунѓерчето ставете неколку капки етерично масло и готовоооо
Ние со Wc net bleach Спојлер чистиме и када и шоља, веднаш чисти и остава се бело ама миризбата е отров, јас се угушив еднаш чистејќи, премногу е јако
Јас со WC NET го чистам вецето и гледам има ефект многу ми се допаѓа како чисти. Користев доместос, но од него многу се гушев ми сметаше многу и на очите и главата многу ме болеше од доместос. Па реков морам нешто друго да сменам и со мм бевме во City mall во Carrefour и гледам на акицја овие три беа за 220 денари така нешто беше па реков да земам да пробам. Многу убаво мириса едното е Lavanda, другиот е Mountain fresh а третиот е Ocean fresh, уффф овој со океан прв зедов да го користам преубаво мириса вецето и чисти многу убаво.