1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средства за чистење на тоалетот (кади, плочки, мијалници)

Дискусија во 'Дом' започната од mackice, 14 април 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.098
    Допаѓања:
    137.782
    Јас користам WCNet, многу поблаг мирис има. И јас ич не поднесувам вакви мириси, ама ова се трпи. Само не оние bleach, тоа страшно мириса, мислам дека ќе се онесвестев од него.

    Последниов период со тоа од кам чистам, не мириса лошо, а добро чисти.

    Со сода бикарбона што е право не сум пробала, ама ќе удрам сефте брзо. Љубопитна сум, што да се прави.
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Пробај со хидроген пероксид прво, испрскај, остави нека поседи, па истриј. После тоа нафрли сода со некое етерично масло (колку за мирис) или испрскај обично средство за освежување на воздух после содата :)
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.042
    Допаѓања:
    257.668
    Пол:
    Женски
    Дајте некоја идеја како да се куртулам од улични/соседски мачки! Се разбира не да ги отрујам/убијам ама ова веќе не се трпи!
    Ми го бендисале подестот пред влезната врата и секое сабајле кога отварам чекам да видам какво изненадување ми оставиле. Непријатната интензивна миризба се шири секаде веќе ме фаќа параноја :(
    Бришам метам ама џабе, знаете колку силно мириса нивната урина. Им станав роб на мачкиве а не се ни мои :(
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Баш прогуглав, и најдов дека мачките не ги обичале циструсните мириси.
    Земи кори од лимон и портокал и стави ги пред влезната врата и во околината, само претходно исчисти со хидроген и сода. Мораш да го уништиш мирисот, зошто твојот праг е веќе „обележан“ :D
     
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.042
    Допаѓања:
    257.668
    Пол:
    Женски
    Ми викаше мајка ми да изрендам кора од портокал ама јас и се насмеав и ја изигнорирав :tmi:
    Сеа пребришав со вода и хидроген, до вечер уште еднаш и ќе ве послушам. Она до душа ми викаше да направам некоја мешавина од талог од кафе и коркиве од овошје ама мена ми се виде дека така ќе направам повеќе ѓубре него до сега. Ќе пробам само со кориве од порткал па ќе видам дали ќе има подобрување. :devil:
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    35.785
    Пол:
    Женски
    За чистење на купатилото е задолжен маж ми. Го чисти со солна киселина.
     
  7. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    hah зошто го труиш со киселини ???
    :talk: :rofl: :rofl:
     
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Божице земи исчисти си, со вода, сода или друго средство стално што чистиш и испрскај или истури оцет, и два три вечери по ред истурај, и не би требало да се вратат.
    Веројатно киселоста на мирисот ги одбива, јас за портокали и сл. првпат читам, ама дома кога мачка беља ќе ми направеше чистев првин и после оцет и после не помислува таму нужда да врши.
     
  9. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    за вц школката користам доместос, за мијалникот и кадата доместос и арф.
     
  10. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    пробајте врела вода и сода бикарбона или лимонов сок за плочки
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.937
    Пол:
    Женски
    На страницата мои рецепти прочитав за домашен рецепт за средство за чистење. Кори од цитрусно овошје да се остават во тегла и да се прелијат со алкохолен оцет. Затворено да стои две недели и после да се процеди. Било многу ефикасно за секакви површини. Има некој искуство? :)
    Јас си чистам со паста од сода и хидроген најчесто, некогаш само со сода, некогаш само со хидроген и супер е. Ама сакам и ова да го пробам, ми мириса дека за прозори ќе биде супер :)
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Корки од лимони и портокали не се ефективни надвор. За по дома тренирање мачки да не вршат нужда е ок, ама надвор не. Јас ќе ти препорачам да измиеш таму дека мириса со течен биолошки детергент за перење алишта. Или ако е земја и не се мие местото, само измешај со вода и полевај таму дека мириса. Биолошкиот детергент ги разградува ензимите од нивната урина, онака колку и да миеш и на тебе макар да не ти мириса веќе они пак си намирисаат каде биле претходно. Оцет може да помогне донекаде, ама ако полеваш често оти надвор ништо не мерише доволно долго за да им е одбивно.
    Јас имам многу мачки во комшилук. И си земав соник да ги брка. Се активира кога има движење пред него и пишти висока фреквенција(луѓето не можат да ја чујат, освен ако немаат посебно добар слух). Единствено што морам и со него е да го местам на различни агли, оти еднаш кога научат каде е - го заобиколуваат, ама и јас си немам друга работа па го поместувам на разни места. Летаат во воздух кога наидат на него. :D Има нешто такво во пет шоп?
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Интерсена идеја која функционира-ИСПРОБАНО!!!
     

    Прикачени фајлови:

    • tuc5a1.jpg
      tuc5a1.jpg
      Големина на фајлот:
      14,2 KB
      Прегледи:
      355
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    Здраво,
    Можеби некоја од вас имала ист проблем како мојот..
    На надворешната страна од машината за садови (на вратата) имам флека од потечено нешто.. но никако неможам да ја исчистам..
    Можеби имате идеа?
     
  15. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Со KNAUF, тоа е средство на база на хлор, скапо е, 400 денари отприлика, го има во ХУБО Маркет, 500мл со прскалка, најчесто се користи за „мувлосани“ површини, фугите околу чешмите, дамки на умивалници, а најинтересно е што се прска и на ѕидови кај што има остатоци од влага, ги прави како кречени (ова всушност му е главна функција). Скапо е ама нема да зажалите ако пробате.
     
    На Asja и pikolino им се допаѓа ова.
  16. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Кадата и лавабото 2 пати неделно ги чистам со арф, 1 неделно мајка ми темелно, но поим немам со што и како.
     
  17. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Zeni Aj pomagajte, mi se zapusi najverojatno od kosata tus kabinata i sega vodata treba eden saat dodeka da istece. Stavav denes celo sise sredstvo, ama ne pomogna, uste e zapuseno, sto bi mozelo drugo da stavam. Nesto domasno napraveno nekoja agresivna hemija od kaj da znam???
     
  18. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Можеби би можела да се обидеш со сода бикарбона. Се става 1 шолче во одводот и се полева со алкохолен оцет. Веднаш ќе започне реакција на вриење. Покриј го со некоја стара крпа и остави да постои 30 минутки, а потоа истури врела вода. Се надевам дека ова ќе ви помогне. :)
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.236
    Допаѓања:
    284.122
    А со нараквица и пинцета или сл. да пробаш мануелно да отстраниш доколку имаш пристап до почетокот од цевката?
    Мене ми помогнало многу повеќе од било кое средство.
     
  20. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Gi izvadiv tie sto mi bea dostapni, ama problemot e vnatre nekade. A dali moze so vinski ocet?? Pred eden cas staviv od sretstvoto, da ne pocne da se ispusta nekoj miris ako se soedinat???