Во главно чистам со доместос. Го имам и она сретството од кам за санитарии ама да го дотрошам доместосот па ќе го пробам и тоа. Прво бршам со доместос, барем мене ми чисти буквално се, па попарувам во врела вода. Плочките ги бришам со ајакс.
Женски бигор од стакла од туш кабини со што чистите? Јас го бришам со средство за стакло од двете страни, но пак се познаваат капки. И гранитен мијалник со што чистите?
Овде есиг се вика бел оцет Јас користам средство што содржи оцет ама ко да снемам тушкабината со оцет ја чистам и нема промашај
Јас користам Cilit Bang и сум презадоволна, околу 170 денари е, но често го даваат на акција 1+1 гратис,го има во сите маркети, испробував се и сешто но ова се покажа како најдобро за стаклата од туш кабината
Ставам на сунѓер и рибам (не треба долго) и о сува крпа пребришувам Некогаш и со вода премивам заради мирисот
Девојки, со какви средства ја чистите WC школката? Иако не ја употребуваме премногу, во тоалетот има неподнослива миризба. Нема сифон, ниту прозорче, туку само цевка за вентилација. Секој ден ставам Domestos, во школката внатре има Bref топчиња за мирис, користиме и автоматски ароматични распрскувачи. Подобрување нема никакво.
Не можам да го поднесам мирисот на Domestos, wc-net e исто јак, ама малку поподнослив, а како најблага варијанта ми е гелот на Green, убаво чисти и не мириса толку силно.
Морам да споделам искуство.. Нов стан фугите на плочките во вц ги испрљале мајсторите кузнај со што, фрлале кафе боја хемикалии врска немам што беше битно не се чистеше со ништо, значи што не ставив и стоеше и триев и со четка, ништо, купивме и специјално средство з чостење фугу некои 300-400денари јок бе ништо и се помирив дека ќе остане такво освен ако не го префугираме ама па за мала површина ни еден мајстое не ти доаѓа, абе отиде меракот скроз ново вц плус паи бели плочки се се познава, фугите доле кафеави... Случајно земав средтво за чешми од дм и позади читам ако ставате на фуги предходно намокрете и викам ај да си ја пробам среќата ставив на две лентички стоеше минута две, фатив со четче не ми се веруваше дека се исчисти го поминав цело најголемиот дел излезе далеку побели се, упте еднаш треба да ги поминам и мислам дека ќе бидат баш кп нови... Значи средството е 49 денари
Мене со сода и оцет најубаво ми се чистат И ако има ептен до толку проблем со солна киселина,испробано.Ама само овојпат пошто е штетна,ама најмногу помага за такви упорни флеки и чуда
Женски како да исчистам бигор во кадата? Целата е лом! Не знам внатрешно како да ја иачистам со оцет, ама ми треба некое добро средство.
@Antebellum Само Пулирапид, еве и женски и машки да слушаш Ама само на кадата, не на чешмите, ги нагризува.