Како да исчистам дебел слој на каменец на вц-шолјата наталожен поради расипано казанче кое долго време течело? Местото е лошо и тешко достапно.Пробав со Полирапид, ама не делува...
Лошо е што бигорот е вертикално поставен, онаму кај што истекува водата од казанчето. Се што прскам се слива одма надоле... Ама ќе пробам и со лимонтус Фала ти
Дечки, фала многу. Земав оцет и сода и преминав на триење. Триењево ќе трае до недела, ама барем ќе ја средам. @Avery На парче тоалетна стави сода и стави ја на тоа место. Одозгора натопи ја со алкохолен оцет. Единствено оцетот и содата го чистат бигорот. Верувај пробав се. Од толку средства имам резултат само сода и алкохолен оцет, јас земав Кристал. Кадава им беше многу стара и затоа се наталожил многу бигор. Умивалникот е стакло, сега ќе ја чистам кадата полека...
Јас ова го чистам со солна киселина.Старо сунгерче натопувам во солна и го ставам на местото да отстои,така неколку пати и паѓа како цела корупка. Со др ништо не сум успеала. Е сега експериментирам со некое дрвце или дршката од четката за чистење шоља да ми го држи сунѓерчето И внимавај на рацете , заштити ги обавезно.
Ќе земеш од средството на Farmasi за воден каменец и рѓа. Сега е намалено месецов 99 ден. Само испрскај почекај пушти вода и.готово. истиот проблем го имав дома. Прашај некој во.близина што работи со тоа.
Pochnav da pishuvam zavcera i mi se izbrisha postot Vo dm ima edno za cheshmi zeleno so ocet i miris na jabolko jas so toa gi ischistiv, i mene majstori mi gi isprljaa fugite so nisto ne se vadese, treba prvo da gi namokrish olochkite stavahs od sredstvoto minuta dve i posle so cetla nekoja malce ke protriesh, zemi si maska zostk ne e ubavo da go dishish toa i ke ti smeta jako e malce ama deluva
Средство за одзатнување на одвод во туш кабина од влакна? Пробав со тие од кам во форма на прашок ама неуспешно. Не се одвртува решетката, стварно не знам како да го спречам собирањето на влакна а еве сега како да го одзатнам
Imase negde ko stapche so bocki sto se protnuva niz toa i poslr go chistish, a za otzatnuvanje napraj smesa voda soda ocet i isturi, topla voda, probaj
Ќе земеш течност, не гранули, за да ги стопи влакната. После со тоа ќе одржуваш. Значи има средства за одзатнување кои се прашкасти и течни. Течните се поефикасни за затнат одвод од влакна, од искуство ова.
Ти благодарам @Annath, ми се чини дека си број 1 на форумов за tips&tricks околу домакинство Го решив проблемот, успеав да ја отворам решетката и да исчистам убаво ... Поздрав
Истото средство и јас го имам и ми ги исчисти плочките. Пред тоа 3-4 пати имав ги чистено со оцет,со други средства, пак беа побелени и грди. Од ова средство ги светнав.
Јас дојдов да прашам за фуги, ама изгледа го најдов одговорт кај @Bupalu. И јас се нервираѓ, есента правевме купатило. Се е скроз ново, плочки кремави со кремави фуги, ама коа излегоа мајсторите долните фуги лом. Кафеави останаа. Пробав тогаш чистев и не излегоа. Многу ме нервира, пробав да се помирам ама неможам. Ќе ислистам вц, ќе светнам се и на крај пак изгледа прљаво поради кафеавите фуги. На зид се убави кремави, а долу на под гадни. Ужасно ме нервира. Ми се иде сама да ги премачкам. Само со оцет пробав, ама не и со сода @Bupalu кое точно средство е? Гледам дека постот ти е постар па ме интересира дали пак ги исчисти со тоа? Како е ситуација сега?
имам црн капак и седло за шолја. Како да го чистм односно дезинфицирам а да не му излезе бојата со тек на време?
Со сјај фери од лимон и лимонотс ставаш го потресуваш и се е чисто и бигорот од мијалник излегува со ова проверено ми е мене