Мислам дека паста некоја не би ти завршила многу работа според мене наутро и навечер миј ги забите и 2 до 3 пати во денот плакни ја устат со чај од камилица бидејки камилицата има смирувачко дејство и секако консултација со стоматолог тој најдобро знае што е и како е
И јас го имам истиот проблем и користам Lakalut Activ паста за заби и Gingival гел , и многу помага ! Овие ми ги препиша мојот стоматолог. Пробај,ќе ти помогне
Прво чистење на забен камен, а потоа еден месец третман со Лакалут Актив, зошто џабе би било користење на Лакалут доколку има камен под непцата, нема основа како да се залечи самото место.
хидроген не ти е трајно решение,само може да ти смири крварерње моментално, иди си на стоматолог убаво да ти ги исчетка забите,камен да ти извади и џебови ако имаш да ти исчисти, и дома ти поубаво ке си четкаш и конец обавезно
И плакнењето со чај од жалфија исто така помага, само да се плукне после, затоа што жалфијата колку што е добра за едно лоша е за друго.
Прополис. Многу помогнува, а е природно. Ги пожолтува забите во моментот, но за кратко се губи бојата.
LACALUT sensitive пред еден месец случајно земав Лакалут и оттогаш не сум забележала крварење, а претходно на секое миење имаше.
lacalut active паста за заби и течност за испирање на уста... препорачано од стоматолог, ја намалува чувствителноста и воспаленоста на непцата а асо тоа го запира и крварењето... супер се..
Многу, многу, многу витамин Ц, четкање на забите 2 пати на ден, земи забен конец но многу внимателно со него, евентуално пробај гаргара со Бетадин (раствор) и сепак посоветувај се и со 1-2 други стоматолози (лично мене не ми се допаѓа изјавата „нормално е да крварат непцата“)
Јас имав ваков проблем. Бидејќи имав збиени заби (уште ми стојат сите 4 умници ) немаше можност да се исчеткаат убаво, ниту пак конец помагаше. Бев на пат кон парадонтоза, но проблемот го решив со протеза, извадив 3 непотребни заби и откако ја ставив проблемот го снема. По препорака на мојот стоматолог забите почнав да ги мијам со colgate herbal и оттогаш непцата ми крварат само ако ептен притиснам силно кога ги четкам.
и мене често ми крвареа немцата при миење на забите па последнава цела година.зборам за предните заби на долната вилица.иако имам забен камен и си мислев до тоа дека е.одлучив да одам на чистње за забниот камен.но вчера купив паста за заби АСТЕРА ПРОПОЛИС ГОЛД со мед.уште со првото миење на забите со пастава крваренјето престана а со тоа и лошиот здв.па пробајте.
Јас пак по препорака на стоматолог користам лакалут актив паста и раствор. Сепак слушнав дека крварењето на непцата не било толку лошо бидејќи така „дишеле“ непцата и не требало тоа да не загрижува.
Оди редовно на забар да ти ги исчисти забите од каменец и користи конец за чистење на забите од време на време. И јас го имав истиот проблем и ја користев пастата на paradontax. Малце е поскапа од обичните пасти за заби, и има солен вкус, ама како ја користиш така се повеќе се навикнуваш на нејзе и воопшто не смета. Едно тубиче мене ми беше доволно за да ми ги среди непцата неможам да се сетам 100% ама се мислам дека ја користев зелената
Многу ми крвареа непцата, па по препорка на забарот мој си ја купив пастата за заби Parodontax со fluoride наменета за да спреччи крварење на непцата. Ја користам негде два меца, резултати имаше уште одма, сега воопшто не ми крварат немцата на секое миење. Цената е негде околу 200 денари +/- ја купив од аптека.
и сестрами истиот проблем го има стоматологот и рече дека тие џебовите ќе мора да се пресечат ама мн било болно
Најпрво ја користев црвената по препорака на стоматолог и ми беше прекрасна. Одкако ја искористив се излажав по лакалутот за иста намена како популарен (маркетинг чуда прави ) но ни приближно не беше до квалитетот на прадонтаксот. Сега ја користам зелената купена по грешка наместо црвената но и таа е добра мнооогу подобра од лакалутот а тука некаде со црвената, но мене искрено црвената ми беше подобра.А и парадонтаксот е целосно на природна база за разлика од лакалутот проверено по составот Битен детал е и четката за заби земете си curaprox мислам дека беше со меки влакна подобра чека не сум користела никогаш, малку е поскапа од другите но вреди за парите. И на крај конец за заби, малку забушавам со него но три пати во неделата ми се фака да го користам