И јас имав проблем со крварење на напцата,ми ја препорачаа parodontax, извесно време се намали крварењто,но потоа пак исто. Pред некој ден бев на чистење забен камен па гледам се среди крварењево исто продолжив да се мијам со пастава
и јас имам таков проблем , кога ќе ги измијам забите од две места малце ми тече крв , и секогаш тие места ми се црвени помош ве молам ??
Непцата секогаш ми крвареле и не гледав на тоа како проблем. Матичниот заболекар ми рече дека било нормално и да користам паста некоја за чувствителни непца па затоа понекогаш купувам Лакалут актив и ми престануваше крварењето. Но од пред една недела ми се премногу воспалени повеќе ми крварат од порано (иако користам Лакалут актив) но и ме болат многу кога ги четкам забите. Смрт ми е кога иде време за миење на забите, кога ги четкам како со нож некој да ми ги сече непцата. Во понеделникот заболекарот ми рече да си земам Лакалут актив, со хидроген 3% да правам промивки најмалку 4 пати во денот, и да си земам конец за заби. Го послушав но од хидрогенот како уште повеќе да ми се влоши состојбата. Ми се отворија како ранички на непцата (како пресечено) не да болат... Сега не само кога се мијам заби туку нонстоп ме болат непцата, а кога ги четкам пак солзи ми течат од болка. Некој да не имал вакво искуство, да ме советува што да правам? Фала однапред
visnicka а да провери твојот заболекар да не имаш забен камен затоа што можно е и од тоа да ти се почувствителни непцата
Земи раствор Бетадине од аптека.Од него по една лажичка прави плакнење на непцата трипати во текот на денот.А навечер и намачкај ги со масло од кантарион.И внимавај на исхраната додека ти се смири крварењето.Избегнувај солена и зачинета храна,луто и кисело.
Паста : Лакалут актив или Лакалут white i repair Лакалут актив течност и смени ја четката за заби со онаа на Лакалут сензитив со најмеки влакна И плакни се со нај нај ефикасното нешто на светов Чај од Жалфија за 2 дена ти гарантирам ќе ти помине!
На периоди и јас го имам истиов проблем. Мене ми помага кога ги четкам непцата подолго отоколку обично и задолжително плакнење после секој оброк со средство за плакнење на устата (користам Protect mouthwash) со флуор, а и пастата ми е со флуор исто така. Раничките можам да замислам колку те болат само... Обрати се повторно кај матичниот стоматолог, мислам дека не е нормално такво нешто. Нема да можеш да јадеш нормално со денови поради тоа...
Најпрво треба стоматологот да го смири тоа воспаление со чистење на забен камен и обработка на џебови доколку е потребна и доколку ги имаш, во домашни услови испирање со 3% хидроген,течности за испирање (ако веќе земаш Listerine купи си,скоро ја донесоа и во Мк,провери по аптекиве многу е ефикасна, или ОралСепт на галафарм мислам беше), мека четка за заби обавезно-curaprox 5460 ултрасофт или суперсофт 3690 ќе си земеш,поскапи се околу 250, ама вредат.Ги има по аптекиве и во ДМ ги гледав; и обавезно чистење со конец секоја вечер. Хидрогенот и течноста за испирање да не се користат повеќе од 2 недели. Ако и по ова не се смири, треба да се види да не се работи за друг вид на воспаление на гингивата,во тој случај отиди на клиника на Болести на устата и пародонтот;затоа што како што кажуваш како со нож да те сече,може и да не е обичен хроничен/акутен гингивит...Сепак,треба преглед,вака напразно. И не е нормално да крвари гингивата,здрава гингива не крвари. Употребата на конец е задолжителна,и правилно четкање. Како резултат на неправилна хигиена се јавува воспалението. Треба да се отстрани причината,а тоа е остатоците од храна и забен плак помеѓу забите и гингивата. Пастите и се останато е само дополнително. И да, паста parodontax,најгрозна е ама најефикасна.
Дали постои некое средство, спреј, или нешто да се намали болката, при миење не можам да издржам,ме болаат премногу непцата..
Дечки пробајте со овој гел, nbf gingival gel во еурофарм го има, го нема во зегин, околу 500 ден е, се масира на непцата и ми беше ефикасен, ми го сопре крварењето.
Пастата за заби Лакалут актив е ефикасна, но треба редовно да се користи, а ако и покрај тоа крварат непцата, најдобро да се посети стоматолог, можеби е потребно да се исчистат. Секако стоматологот ќе даде препорака и за користење на некое средство.
Некој искуство со пастите на Curaprox, дали помагаат за крварење? Гледам ги има во Зегин, па се двоумам да ги пробам. Претежно користам Paradontax, како најмногу да ми помага. Понекогаш паузирам од парадонтаксот со Lacalut. Четките на курапрокс се врв, не ги менувам за ништо! Па затоа се мислам дали и пастите им се добри...
Најдобра паста досега се покажала Лакалут актив и Лакалут сензитив, мм има многу крварења на непцата и испирање на устата со средство за заби. Со ова многу му се средија, и секако четка за меки непца. Јас пред месец време имав болки мислев дека е некој заб ама болката постојано се местеше на непцата на различни страни додека сфатам јас дека ми е од четката, ја сменив четката и почнав да ја испирам устата два пати во ден со средство на Лакалут, сега немам никаков проблем. Многу важно за одржување на забите се пастата и четката, јас досега на четката не обрнував внимание се додека не ми се појави оваа ужасна болка.
Пробај со Perio + пастите ако веќе земаш на Курапрокс, не знам додуша дали ги има тука, течностите ги има, пастите не сум ги видела. Мислам дека тие се поефективни во борбата против пародонтопатијата.
Оваа е Перио + Enzycal се ок, ама не го намалуваат крварењето, ова од лично искуство. А Перио плус линијата секако е повеќе фокусирана на пародонтопатијата, а тоа ти треба тебе. Има и гел со исто име, да не те збунат во аптека. Пастата барај ја.