Има ли некоја искуство, колку време стојат веѓите убави после ламинација (brow lamination)? Имам многу диви влакна и искрено не знам што да очекувам
Здраво девојки! Дали може да ми препорачате салон за чупање (и козметичарката кај која закажувате)? Не знам како сама да си ги средам веѓите и жената кај што одев веќе не работи. Дали имате некој кај што одите редовно и убаво и чисто работи? Не е битна цената, само да е во Скопје и да е добро завршена работата. Фала!
Здраво на сите би сакала да прашам за предлог за депилација на веѓи односно професионалец во Битола кој знае да ми ги направи веѓите симетрични
Девојки, дали некој ја знае Ивана што беше во белата куќичка во Ѓорче каде е сега? Ако можете да ми пишете контакт?
Здраво дали некој знае каде прават веѓи со конец.Претходно одев кај Њомза во Ченто и прекрасно работеше девојчето меѓутоа се исели од Македонија и сега ме интересира дали некој знае некои други. Исто така ако знаете некој во околина на Аеродром што депилира веѓи добро ако веќе нема со конец. Благодарам однапред
Која чупалица е најдобра за веѓи?. Верувале или не, користам една повеќе од 20 години, татко ми, ми ја донесе кога бев тинејџерка од странство во некој козметички комплет и оттогаш сум само со нејзе, со друга не можам влакната да ги вадам од корен. Но последно време и со неа не можам да ги фатам, инаку е заоблена. Каква да барам која убаво ќе ги вади влакната? Многу ми е битно затоа што секое утро пред миење на лицето прво средам веѓи па средувам општо лице со миење, креми, дел од рутината ми е за средување на лицето.