Среќа е да сакаш и тоа да ти биде возвратено од саканата личност. Среќа е што го имам него за пријател.. Среќа е заспивање и будење во прегратка на љубениот
Силна прегратка од саканиот, успешно пеење на некоја песна (иако другите мислат дека рикаш ко магаре, ти се сметаш за Адел ) , викенд со саканиот
Среќата е во малите нешта, во тоа да знаеш да ги цениш и да им се израдуваш. Среќа е кога најблиските се живи и здрави, кога сакаш и љубовта ти е возвратена. Среќа е да имаш милениче кое највеќе ќе ти се радува кога ќе те види, среќа е кога одиш на концерт на твојот омилен артист, среќа е кога некој ќе ти се јави да те праша како си без посебна причина. Ете тоа мене ме прави среќна.
Може ли среќата да се дефинира? Дали може да се спореди, опише или пак само да се чувствува? Може ли да се сфати како конечност на вредни моменти или само минливост низ етерот ,а потоа низ нас? Подарок, книга, автомобил, колаче, сонце, воздух, раѓање, одмор, здравје, вечност ,сон, спокој... Различни луѓе-различни дефиниции. Во секој случај ви посакувам многу среќа.
Среќа е да го пронајдеш оној за кого си сонувала да се земете да создадете семејство, среќа е да си здрав прав, среќа е да пронајдеш добро работно место кое си го сакал и да имаш добра плата, среќа е чувство кое го осеќаш во себе кога си викаш леле човече имам среќа....
Среќа е кога и поред сите маки ја имаш баш таа личност што ти треба и во добро и во зло...те сака штити те разбира и прави се за да помогне на било каков начин