Среќа е да се чувствуваш исполнето дури кога од страна изгледа дека немаш ништо и се е изгубено, а ти знаеш дека секогаш има нешто дури и ако не го гледаш во тој момент
Среќата не е само едно нешто. Среќата ја составуваат безброј мали нешта од нашето секојдневие. Оние нешта кои не ни ги забележуваме, а токму тие не прават среќни. Еве мене на пример, среќна ме прави мирисот на кафе наутро или мирисот на воздухот после дожд. Среќна ме прават саботните вечери поминати со добар филм и пуканки или сатисфакцијата што ја добивам кога ќе си ги налакирам ноктите перфектно. Среќна ме прави мирисот на книга и звукот на предењето на мојата мачка додека ја галам. Среќна ме прави пишувањето во нова тетратка и погледнот низ прозорот на мојата училница. И уште милиони мали нешта.
Среќа е кога 3 годишната ќерка ќе ти рече " Татичко мој , ти секогаш ќе бидеш мојот принц". И после растеш како квасец...
И по 20 год ке наиде на битанга која ке и го смени мислењето и ке и го сврти паметот (Мала шала не се лути)
Извини ама битангата ќе треба прво митралеско гнездо да помине за да ја земе, а и што да планира со ќерка ми да знае дека и јас истото со мајка му можам
Среќа е цел живот да го поминам облечен како на профилнава, да се наоѓам на местово на сликава на потписов и до мене да има фрижидер пиво, љубовта на животот (на второ место е она бидејќи не е како пивото ) и некоја убава релаксирачка музика.
Среќата е збор со големо значење. Да си среќен значи да си здрав, да имаш мало засолниште исполнето со луѓе кои ги сакаш, да имаш нешто за кое ќе се бориш. А, ако не си среќен денес, ќе бидеш утре. Секој си го добива своето, а според тоа колку го вреднува следниот пат добива дупла доза.
Среќа е кога после еден месец ќе се вратиш дома во твојата држава и нема да знаш дали да си среќен што ќе се видиш пак со семејството или пак што се враќаш со 20+ нови пријатели кои прашање на време е дали пак ќе ги видиш. Многу исфилозофирав , ај баталете ....