Среќата е во малите нешта. Среќа е кога ќе влезеш во фармерки помали дури за 6 броја. Среќа е кога штедиш во каса што не се крши и може да ја отворат само со клуч во банка. Среќа е кога спијам до 5:15 сабајле (15 мин плус). Среќа е шишарка. И шишарки десерт во Јануари. Среќа е хемија со непознато лице. Среќа е кога ќе добиеш лајкови рано наутро. Среќа е салеп или јегер. Среќа е изненадување. Ново. Промена. Среќа е.
Будење без аларм. Кога стануваш добро одморен/а, те будат зраците на сонцето што продираат во собата. Првиот залак од омиленото јадење. Мирис на утринското кафе што го исполнува домот. Мирна совест, спокој во срцето. Најсаканата личност е тука. Љубов и блага еуфорија што ги опива сетилата.
Среќа е кога си здрав и не те боли ништо. Среќа е кога постојано прошетуваш нови места. Среќа е кога си опкружен со луѓето кои најмногу ги сакаш. Среќа е кога седеш, пиеш кафе и си ја слушаш омилената песна. Среќата ја сочинуваат еден мал милион ситни работи, кои ние не ги ни забележуваме..